Ова е типичен аматерски потег. Не дека го бранам Томче, ко прво не ни требаше да го ангажират, ама безвезе е да се менва тренер по 5 утакмици

И не било за утакмиците него лошата комуникација со управата

Изгледа ги бришел од фејсбук и не му враќал на чат

И шо ќе постигнат сега со Ќани? Ќе го пуштат и него низ вода, има уште некој шо остана тренер да го клат или со Ќани до јуни ќе истуркаме?
За тренер да воспостави систем, уигра одбрана и напад на некое ниво и година дена се малце, особено ко ние шо испревртивме 25 играчи оваа сезона. Не знам шо очекуваја прво со екипата Кире шо ја имаше на располагање. Поголема мизерија од таа екипа немало никогаш, Чатле ѓоа шок терапија беше, а човекот е со години надвор од ракометот. Томче можи не беше најидеалниот во зимата, особено во ваква ситуација кога се менва пола екипа на сред сезона, ама подобро да го остаеа уште некое време, итака на крајот повеќе од 4то место не можиме да истуркаме.
Се ова е доказ колку управата е озбилна. Прво ниеден од нив не само шо не бил ракометар него не ни имал врска со ракометот (освен Гино) а второ очигледно дека се чекаат на контактите од Баге и тоа шо ќе му понудат менаџерите. Е ова е најпогубна тактика. Сите се вртат околу клубот, ѓоа нешто солат памет, никој никаква одговорност не превзема и на крајот испаѓа многу бабици = килаво дете.
Жалосно е клуб со толку ракометни легенди, спортски работници да нема ниеден на никаква функција во спортскиот сектор во клубот.
Не е проблемот шо не излегват на прес пред секоја утакмица. Проблемот е во то шо освен Зоки шо ќе напиши рапорт од утакмицата и Славчо шо ќе кажи два збора на вестите то е то. Нека се појават во некоја емисија, да се кажи кои се моменталните можности на клубот, кои се амбициите, плановите... Ај Ефто излегваше 3 пати годишно само и секоја година истиот муабет беше. Овие освен тие две ретчиња текст од претседателот другите ко млади невести се кријат да не кажат нешто повеќе.
На крај, можно е и она најнесакано сценарио oд пред 3 години. Да му се стемни на Циле пак шо овие спичија парите на безвезни играчи и не успеаја ништо да напрат и да кажи еве пробав јас ама не ја бива работата и да се повлечи. Е то ако се случи (а со нас ништо не е невозможно) нејќам ни да помислам шо ќе биди понатаму.
Најискрено се надевам дека малце од малце ќе се уозбилат и ќе постават некоја основа на лето. Под основа подразбирам ТРЕНЕР а не привезок, човек што ќе има апсолутна власт над екипата и кој самиот ќе си го склопи тимот според буџетот. Стручен штаб кој ќе си дојди сосе тренерот и кој ќе има некаква улога за време на тренинзите наместо да листат билтен. Подготовки, редовни плати, колку-толку да се подобрат условите во салата... И то би било то. За сеха лига и за тоа да се смешаме со Вардар и Металург тоа за некои 4-5 години најрано итоа под услов уште од утре да почнат да работат како шо треба во управата.