Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ова година толку. Али не е се толку црно. Ќе се плука и вика ако догодина не се стабилизираме и не тргниме напред. Сепак за 2-3 месеци од кој пола во празници не се уигрува така екипа. Да не заборајме Струмица 3-4 години ја прај(еше) ова екипа ( од Пелистер бест офф, а ни остана кај нас туршијата од играчи со мали исклучоци), и нормално дури и дел од играчите нив му заминаја, али ако нешто е добро вклопено и уиграно и најјака екипа можи да се сопни (така бевме и ние порано ко игравме со странски екипи, какви клубој идеа и се чудеа.... да не заборајме)
Она шо мора да се корегира е одбраната. И со јуниор примивме многу голој. НЕ е целта само да се победи или да не се изгуби туку и во каков стил то ќе се напрај. Гледаме Металург колку посветува на одбраната. Зато е многу битна селекцијата на играчите и на кој кај му е вистинското место, како шо пишев погоре, а не само да се прат измени колку да се менва нешто а суштински ништо. И со вакви уиграни екипи одма то ке излези на виделина и оп - ете го резултатот - пораз и ту не мал. Зато ова да е поука поскоро да се напрај една уба анализа, идат утакмици со вардар, Металург, не дека ке тепаме али да не дозволиме резултат 12-67. Нека се изгуби ама машки како Струмица лани шо му напраја на вардар, барем дома. Ако до крајот на сезоната потфрлиме се знај, анализа и сечење или трнерот и/или дел од играчите. Сега засега тераме вака и да се сконцентрираме до крајот а после ке се разочарваме или радваме. Можи па Струмица ке киксни кај маркетите а ние не, па пак бара бар да е.
Али мора од сега нешто менвање во тактиката. Страмота е сега имаме играчи најпојке во сите овие години, и со послаби постави отпор поголем се давало.
 
Последно уредено:
Време е да се запрашаме , до кога со ова мизерија ???

Настрана од сите непотребни еуфории околу фк и рк Пелистер , ама до кога бе ??
До кога ќе бидиме 6та екипа во државата во сите спортови ?
До кога ќе се тешиме дека градот имат потенцијал и имал добра школа во повеќе спортови ?
Ај бе у курац сите нека одат... Доста е!!!
Денешниот дебакл на битолските клубој , веќе ми го уби оптимизмот и неам поќе нерви да ги бодрам.
До кога бе со трошки ќе се задоволваме и ќе се тешиме дека сите се против нас а уствари не ја прифаќаме реалноста и не признаваме дека сме најотепан град во државата(на спортски план).
Циле , Монголо , Двојче , ВМРО, СДСМ курци палци....
Абе сите у курац да се носите.
Го осакатија градот до толку , шо неможиме 10 години да фатиме чекор со другите.

Дајте еднаш бојкот нека се клај на сите спортови во Битола и ич да не се замараме поќе.
Ако дојдат некогаш подобри времиња ќе навиваме , ако не нека си ги пуштат сите на youtube видеата од убајте времиња , ко вистина имаше за кој да се оди и за кој да се плати карта.
Денес буквално спортот во градот е фрлен на колена.
Од 2006 па наваму се немаме израдвано на некаков успех. Се е сведено на празни ветувања и манипулации а реалноста друго говори.
ДОСТА Е !!

Ние веќе одамна го загубивме епитетот ’Спортски град“
Ако нешто во иднина се смени , можи и да се смени расположението кај народот . Ама дотогаш , ќе си гледаме спорт на ТВ и ќе се радваме на туѓи успеси.
 
Срамота е за парите шо се фрлија...
Лани со пет пари не се изрезиливме толку....
Доказ дека овие играчи вредат за со Тинекс и Џуниор,ама со малку поспремни екипи се гледа колку е сатот..
Реално 4то место е краен дострел на оваа екипа,не сме за во ХФ,прв противник шо ќе го добиеме и толку ќе биди....
Да се истурка сезоната,да се напрај едно резиме и ако навистина мислат да прат нешто на долг рок ќе мора да ЗАИГРА МЕТЛАТА....
Треба да се донесат играчи,а не само имиња,демек дојсовме 7 странци и сега другите ќе ги турнат гаќите од страв,помина то време...
Подобро двајца нека земат,ама да вредат нешто,отколку да се трупаат по 4 играчи на секоја позиција,а од нив да не можиш да составиш еден играч шо ќе можи да се носи со една Струмица...:facepalm:екипа која сигурно во моментот има помал буџет од нас....со наши камења не отепаја,ејјј со Кире Митревски,со Лазе,со Петко како тренер...
Браво за Струмица заслужено не отепаја,нашите нека се замислат малце и нека напрат една математика како мислат да го водат клубот во иднина....
Евидентно е дека се напрај погрешен избор(со преку 80%)од играчите шо дојдоја од летото па наваму,се фрлија големи пари,а резултатите се исти како лани....дури и бетар,одвај плеј оф влеговме.....
Со ваква игра не ме чуди да изгубиме и со Пролет и Џуниор на гости....па и то 4то место ќе биди неизвесно...
 
Izgleda nie navivacite od premnogu zelba pocnavme da zamisluvsme. Realnosta e sosema druga.
Prvo uprava dali ima ili ne nikoj ne znaj koj e vo uprava i za toa nikoj pojma nena.
Vtora ako veke imame uprava nikoj ne kazuva koj se ambiciite ( i tinex proler ima jak sponzor a nema ambicija). A nasata uvazena uprava ne se odvazi da gi ispostova navivacite edna pres konferencija da organizira i da kazi so ambiciite.
Treto za sportski direktor stavame bibliotekar, rakometno nepismen covek i ne e cudno sto imame zasiluvanja kako Vasaruk i kompanija.
Izgleda samo nasa pusta zelba ke bide vrakanje na Pelister na starite pateki.

Sent from my GT-S6310 using Tapatalk
 
Од колку сатот е со Тинекс во среда?
 
групата 4, чиј домаќин е Металург, ќе настапат екипите на Металург, Јехона, на Пелистер и на Прилеп. Полуфиналните двојки се Металург – Јехона и Пелистер- Прилеп.:(:(
 
Толку од купот ваа сезона...:гик:
 
Абе купот отпишете го во наредните 3-4 години.
Таму не се надевајте на некаков успех , пошо максимум шо можи да се постигни е полуфинале .
Првенството треба да е главна цел и излез во Европа да се бара од таму , со евентуално 3-4 место.
Како шо стојат работите ова година ќе се тресиме изглеа пак за 4 место до последно а и можи да не шлакни уште некоја екипа во Скопје(Пролет или Џуниорите) па тогаш уште поголема да биди бедата.
Многу голем шамар доби Томче а и новата управа во Струмица . Ова го зборам зато шо се фалеја дека сите натпревари ќе ги добиеле во плејоф а таму сите знајме дека со тешки маки влеговме.
Ова ти е класичен пример дека џабе се и парите ако немаш луѓе шо ќе знат правилно да ги работат.
Ги спичкаја 200К евра за една полусезона а резултати имат полоши од лани.
Без разлика на пласманот на крајот на ова сезона (па макар и да сме 3ти и да киксни Струмица негде на гости) , Томче треба да биди сменат одма по завршетокот на сезоната а играчите шо ги донесе лично тој од Молдавија да се пуштат дома сите.

То е то , наместо да иаме некаков костур за наредна година , ние и покрај потрошените пари и донессени еден куп играчи пак ќе треба да почнуваме од нула на лето.
Само носење тренер од надвор му е мајката и да му дат одврзани раце да си напрај тим.
Ако би се прашал јас , би го зел Каменица или пак ако се оди на варијанта домашен тренер повторно , нека го донсесат Андон Бошковски (кој ите како е паметен потег , со оглед дека беше и во Вардар и во МЕталург долги години).
Томче во никој случај да не остани за наредна година. Се покажа во неколку месеци дека Томче е само обичен профитер и не го занима него успехот на клубот.
 
Пак пелагониско дерби ќе има после добри 3-4 години пауза :D
 
Мислам дека не треба премногу да се коментира за резултатите од неколку причини:

- Наеднаш не може да се постигнат којзнае какви резултати.
- Не се суди дали некој е добар или лош само по еден натпревар. Тоа е бесмислено. Секој може да има добар или лош ден. Да се кажува дека се е катастрофа само поради едно гостување во Струмица е бесмислено. Досега резултатите се мешани така што мислам дека е рано да коментираме толку јако. Нека заврши сезоната прво.
- Мислам дека не е сосема релевантно да се споредува со минати сезони бидејќи сите екипи се на повисоко ниво. За споредба може да го земете еден Тинекс Пролет кој горе долу веќе долго време си одржува ниво, а ако до пред некое време беше 3, сега ќе се бори за 5то, а не би ме чудело и Јуниор да ги победи. Едноставно, конкуренцијата е појака од порано - што е многу добро за сите. За да се види напредок во табелата сега мора многу да се појача клубот.
- Мислам дека повредата на Вукичевиќ малку ги извади од колосек. Реално тој им е најјак играч. Без него екипата нема квалитет за да биде 3та.
- Сезонава тоа што се бараше е да се дефинираат 2-3 играчи засилувања кои вредат да се задржат, неколку таленти од школата и да се излези во Европа. Генерално мене ми се чини дека горе долу тоа и ќе се оствари. Нкингуа, Вукичевиќ, Јанев и тој крилото Јуравлиов може да се задржат, од младите тука се Дрогришки, Кузмановски можеби и Чурлевски. Дополнително како резерви бркаат работа и Георгиевски, Димитриевски и Блажевски. Каква таква основа има.

Поправете ме ако грешам (реално тимот го следам повеќе од читање, клипчиња, ТВ, отколку вистински бидејќи не сум во Битола), ама ако се донесат еден десен бек и еден среден бек од висока класа одеднаш тимот ќе изгледа многу поквалитетен. А за тоа колку е добар Петрески не знам, знам само дека не се заклучува кој е добар тренер со толку малку официјални натпревари. Нека заврши сезоната прво.

П.С. Уште кога бараа тренер го спомнав Андон Бошковски бидејќи мислам дека е сосема соодветен за Пелистер. Реално неговиот проблем во Скопје му беше што немаше авторитет заради играчите кои играа во Вардар. Во Пелистер тоа нема да биде проблем кога тој има поголеми успеси и име од ракометарите. Кажав и порано, Каменица мислам дека би бил многу погрешен потег.
 
Наместо да се изгради за последните 3 години клубот со децата кои играат веќе 3 години заедно ,тие мајтапи си ират и експерименти.Знам и реков дека е потребно време,но ова не личи на домаќинско работење...Не заради резултатите туку заради непрофесионалноста!Од тие работи патиме и несовесно водење на клубот,а за изгубен натпревар на секој можи да му се случи...Нема ни шо да бараме во ЕХВ,последните години ко игравме едно коло ќе креневме атмосфера и толку..не сме кадарни џабе,мора ако мислат нешто да прат да донесат некој балкански репрезентативец,та со овие индијанците ништо не бива, и тие по кладилници уште од 9 сабајле ги гледам :facepalm: .
п.с. Заре и Иве шо се занимават?Секој ден ги гледам на кафе со некои лица те од ваму-таму...
 
За 4то место ќе се бориме со Џуниор,реално Пролет е најслаб од сите,иако како шо играме ние на гости ништо чудно да изгубиме таму....
Еве денес Џуниорите на Металург водеа против Вардар на полувреме(15-14),не се наивна екипа дечиштата....
За нас шо да се кажи,добро кажа @Xsago повредата на Вукичевиќ не извади од ритам..
Реално само тој можи да биди лидер на оваа екипа,да ја повлечи,да извади шут кога не оди,да изненади со некоја асистенција...
Чурлевски е голем потенцијал и во него треба да се гледа еден лидер на екипата,ама треба работа со детето,многу треба....
За квалитетите на Томче се сложвам со Дуле,реално Струмица е горе долу тука некаде по квалитет со Пелистер...
Бааги се ослабени,ама пак не шлакнаа салам,доказ дека се подобро уиграни,иако сменија и тренер,и неколку играчи кои реално не вредат многу(како Лазе,Кире Митревски,Босеовски Џуниор)...ама си ја имаат таа уиграна база од неколку салам играчи(Чантурија,Везениот,Колев,Павловски)и сето ова им дава константност....
Џабе Пелистер напрај поголем ростер,кога нема кој да ја повлечи екипата...
Реално не сме за ЕХФ догодина,прва посериозна екипа шо ќе ни падни и толку ќе биди...
Сега треба да се истурка сезоната,да се види после есапот,кој треба да остани,кој треба да ги пали патиките....
Реално треба да се донесат неколку сериозни засилувања за наредната сезона за да личиме на некоја екипа,прво и основно десен бек,ама некој салам.не било кој,десно крило уште едно,среден бек некој искусен.....а и лев бек ќе треба некој салам,зошто реално Филиќ тешко дека ги исполнува критерумите,Вукичевиќ можи да игра и среден,тука е како надеж Оса+Дрогата и Фитилот,ама треба некој салам бек...
Како и да е,многу треба да се напрај екипа,екипа не се прај за неколку месеци,екипа се прај со години,не е се до парите и играчите...доказ се ПСЖ,го имаат најголемиот буџет во светот за џабе,кога селекцијата на играчите не чини,не толку по имиња колку шо нема дисциплина во екипата,многу треба да се погоди вистинска селекција на играчи....
Да се надеваме дека нема да се избрукаме со Тинекс и Џуниорите на гости,и ако можи да не се изрезилиме со Вардар и Металург,барем колку толку да личат на нешто утакмиците,не да си играт мајтап со нас....
Дотогаш треба да се врати Вукичевиќ,баш пред гостувања со Тинекс и Џуниор....
 
Инаку можеби ќе ви звучи чудно ама за Пелистер можеби е и подобро Челинџ куп да игра идната сезона отколку ЕХФ. Реално во Челинџ купот нема некои којзнае колку јаки екипи (полуфинале играат Металопластика, италијанска екипа, и 5тите од Шведска и Полска) и со квалитетна работа и некое подобро засилување може далеку да се дотурка, а во ЕХФ освен ако се има многу среќа во ждрепката па некако да се стигни до групите, 1 до 2 кола максимум ќе се изиграат. Поентата ми е дека преку настап во Челинџ купот може да се извадат 10тина европски натпревари, а тоа без разлика што нивото на тимовите е пониско ќе предизвика интерес во градот и публиката сигурно ќе се појави на трибините. А дефинитивно е потребно публиката пак да се навикни дека ракомет има во градот. Со оглед дека Пелистер нема други атрактивни противници до на пролет, повеќе европски натпревари би биле позитивни за развојот на тимот.

Инаку во битката за 3то место мислам дека нема аутсајдер во плејофот. Сите 4 екипи (Пелистер, Зомимак, Пролет и Јуниор) се опасни дома. Тешко дека некој без победа ќе остани. Зомимак е поискусен и релативно уигран па затоа можеби е благ фаворит, ама реално сите можи да бидат опасни. Јуниор имаат капацитет ама се многу млади и психички сигурно нема да издржат 10 натпревари, ама белја на некој сигурно ќе му направат (еве против Вардар 45 минути воделе пред да крахираат последни 15 минути).

П.С. Стварно не ми е јасно како е ова дозволиво, ама има некаде табела, распоред и слично од лигата? На сајтот на РФМ ништо нема :facepalm:. Некако ништо не се знај, не можи така. Вукичевиќ колку натпревари ќе пропушти?
 
Абе доста се напнавте сите со то дека Јуниорите воделе со Вардар на полувреме :D
Па и Пелистер во кошарка водеше со Фени на полувреме 44:43 таа година кога Фени беше шампион а ние последни, па во второто ни ја дупнаја глата :D Истото и со Вардар си играле кур во прво полувреме со нив и зато изгубиле, ама второто за 15 минути игра со 12 разлика ги заводија. Плус гледам Вардар играле и со играчи од типот на Мите Стоилов, Чаневски, Даскаловски, ама после ги спукаја со Алекс, Прибак, Марковиќ и нема мрдање...
То точно дека не се наивна екипа особено на домашен терен се добри Јуниорите, ама вие ги напрајвте Барселона, имаат и тие 3-4 поединци како Талевски, Манасков, Крстевски, голманот Ивановски (битолчанецот) другото е под просек...

За Вукичевиќ ако не се лажам го пропушта уште утре дуелот со Тинекс, па за следната со Вардар се враќа...
А за купот, турете му :drk: толку ни било пишано да налетаме на некој од скопјаните во група...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom