Честито прва победа во плеј оф!!!
Ја гледав утакмицата и ќе дам мое видување за целата средба.Нема многу да одам по минути и голој да не се дуплираме со новинарските постој, ке пишам малку подолго ама мислам ке биди корисно за оние кои помалку го знат тимот или не ја гледаа утакмицата.

Прво од добрите работи кои за среќа се појќе
Прв пат по не знам колку години
клубот почна да наликува на клуб (иако нормално има уште многу леб да се јади во однос на вардар и металург и организациски и од секаков аспект, зборвано е то, ама доста за лошото да уживаме и во овие мали работи, победа си е победа), до
долга клупа и прв пат имаше можност за ротација на играчи (вакви или онакви) али сепак чувството беше добро кога се гледа долга клупа и Томче на "слатки маки" кој да го клај во игра.

Во глобала изненади борбеноста, стабилноста и практично немаше играч кој не изигра добро, ок појќето. Посебно ќе ги издвојам
Филип Чурлевски. Секоја чест, денеска екслподираше со сиот талент и ракометно педигре кое несомнено го има, но очигледно добиваше мала минутажа досега и не можев ништо од него да видам но денеска беше дури и на повисоко ниво и од Славиша Димитриевски кои исти така ни фали, а тек и тој ко ке се врати

....Секоја чест на голојти но и на екстра асистенциите. Бравос

. Ме изненади и
голманот Вакаруз, ќе речи некој со деца игравме, ама не е така чоекот добро се поставуваше и од ден на ден расти а то е добро. Добро е шо на голманската позиција сме супер стабилни особено со враќањето на
црната мамба Крис
кој дали со изгледот или со друго ама и од толку неиграње фати доста добри топки. Од позитивното ќе го издвојам секојпат врвното десно крило
Блажевски, Бомбардерските удари на
Осата, харбар како и секогаш во клучни моменти. Од дојденците на ниво беше и левото крило
Журавилов кој перфектно играше паметна одбрана без исклучувања али доволно да ја пресечи течната игра. Исто така средниот бек
Бесараб кој за жал мораше да игра на неприродна позиција (то за после), како и головите на
Папата на почетокот а за крај и
извонредниот Јанев
ѕвер во одбраната, играше само второ полувреме и со то се покажа колку е битен и во напад и во одбрана, знај да се загради, да се постави, да изнуди седмерец, да фати топки и да "пуца" од прва. Секоја чест!!!! Само така. Кога ке се постави тој во одбраната, Филич и Вукичевиќ кој за жал многу ни фали

се добива добар бедем!!!
Она шо мислам уште треба да се работи - ова пред се се однесва на тренерот (како шо праеше Маковеј

) да изнајди формула во која
за сите ракометари ќе знај
да им ги искористи сите позитивни страни и то да го користи, а нивните мани или
оние шо не ги бива за нешто да не ги клава за то. Ќе дам пример со високиот лев бек Филич кој на прв поглед сите ги плаши ама ко ке заигра во нападот со една лесна финта лево-десно постојано и се крева на шут мислиш ке ја бапни голот да го откорни, тој или ке ја подај на Папата кој никако да осети некој дека ке му подај изненадно, одвај ке ја фати па ке му падни, или Филич ке ја мани помлако од било кој од нас, со други зборој, мислам дека подобро е да игра во одбрана како шо прај Червар со Велко Маркоски,Јоноски за одбрана а во нападот пошто имаме доста леви бекој кои иако пониски се поодлучни и имаат појак шут. Но да се надеваме дека и Филич ке мрдни оти факт е дека 90% од овие играчи беа бааги надвор од колосек ко дојдоа....Истото е и за Вешовски. Тој ни е единствениот десен бек еј!!!!!!

Немам ништо против него, конкретно мислам за одбрана помалку го бива, некако ги фака само за дресој играчите без снажно да ги зграби, а има некоја чудна среќа и во напад некако ке ја бапни и ке влези, така да мислам подобро е напад да игра ако веќе мора. Тука е најболната точка.
ЛУГЕ НАЈДЕТЕ ДЕСЕН БЕК!!!! АЛО!!!! Па после Пинки на таја позиција не дојде некој одамна. Па не можи лев/среден бек Бесараб кој е класичен десничар да игра десно и да сакаме да игра убо. А чоекот ко го исротираја за кратко на својата природна позиција парче напрај. То мислам треба да се среди по хитно.
Ако ова беше пак пипање на пулс на Томче па да ги менва играчите на полувреме, ок. Али мислам за потаму мора потечно да ги ротира во цела утакмица во зависност на кој му оди а кој не,нормално е некој да нема свој ден и обратно. Али
НИКАКО!!! демек за сите ке има по 30 минути. Сите врвни тренери и во ракометот и во фудбалот точно знаат на кој му е денот и кој да биде кога клаен или како џокер. Ете денес помалку му одеше на Вешвски, Дрогиршки. Гледаш 5 минути неоди - одма менваја а не ке го држам дури не заглавиме. Пак ке кажам, респект за децата од Металург, беа можи заморни од репрезентативните обврски па беа некако папсани па ај ТОмче му даде шанса на сите. Пак ке кажам, шансата треба да оди според формата а не според името и минутите.
Доста го отупив.
Се на се супер за почеток ако успејме да ја тепаме Струмица шо не е невозможно, ако вака се изигра и Тинекс маркетите, ке имаме солиден почеток и реални шанси за то 3 посакувано место. Чекор по чекор. Се надевам публиката пополека ке почни да се враќа и нема да дозволи за 100 ден да не влези и да го бодри својот миленик ако стварно го сака. И доста е гребење да му се невиди
И ако успејме потаму па да му ги купиме на Јуниор децата како Талески ака Ѕербе од Лемго на времето

Манасков и Кимевски чии татковци го градеа Пелистер, пред се се наши деца не странци, можи од нив многу да се направи. Само да има добар тренер шо ке ги искова како Маковеј шо напрај со Наумче и целата таја генерација.......Зато управата од со врме и на то да работи а и на овие играчи добро да ги изменаџира со клаузули и договори на барем 2 години - се разбира тие шо најмногу ке се покажат за да не прајме грешки како во минатото. Се збора дека Пецакот ке бегал од Металург, Митревски и еден куп наши деца.....Да не се заборава и на нив оти можат многу уште за Пелистер да напрат.
Поздрав

[DOUBLEPOST=1397077994][/DOUBLEPOST]Сабота од 18.00 со Струмица
http://rkpelister.mk/index.php/category/vesti/