Лесно поминавме денес со џуниорите.
Чурлето според мене играч на натпреварот... Ги растури во првото , буквално му се шеташе на одбраната на џуниорите.
Исто и Филич ме бендиса денес (за чудо)

Изигра супер во напад а богами и во одбрана . Не можеа да шутнат преку него. Сигурно едно 7-8 банани кркаја.
Во првото добар ритам имаја нашите , играја една постава со Папата , Филич , Јуравлиов и Бесарп а на голот беше Вакаруц .
Цело време водевме 4-5 разлика , па се одлепивме на +8 .
Второто полувреме Свежио на голот

Врза неколку одбрани и одма се напрај атмосфера . Миленик е на публиката , нема збор...

Само многу е ослабен , си реков на почеток дека не е тој , некој брачед негов да не ни пуштија помислив.
Најслаб денес Дрогата.
Незнам шо му е на детето ама многу се плаши , само додава и никако да се крени на шут.
До душа мала минутажа доби , ама и за тие минути шо ги изигра катастрофа беше . За разлика од него Кузмановски добро се покажа и максимално ја искористи минутажата.
Фали многу во играта Вукичевич... Штета шо се повреди , да го имавме и него ќе беше супер .
Сигурно денес ќе му стегневме на 40 гола да играше и тој .
До душа ко стигнавме на + 11 се опуштија многу нашите и почнаја да се заебават во контри и ебаја многу зицери.
Исто денес многу се осети то шо неаме левичар добар , и цело прво полувреме Бесараб играше на десен бек.
Мора да се купи нешто на десната страна оти чорба сме таму.
Со 2 крила(лево и десно) , десен бек и евентуално еден пикер на лето да се земи , ќе заличиме на екипа до година.
Следен натпревар и според мене најважниот за нас во плејоф-от , со струмичани на гости.
Ослабени сме без Вукичевич , ама би требало да е тесна утакмицата . Ако успејме да чепниме едно бодче во Струмица сигурно то 3 место не ни бега , ама сепак мали се шансите.
Да не го лажи Томче умот да експириментира в сабота и да го клај Менде на гол . То ќе биди катастрофален потег.
Нека ја почни со молдавецот на голот , па после Свежио нека ја заврши утакмицата.