Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
добро на шо дрога се овие од МТВ шо е со нив...ракометов мислат ли да го даваат
 
Очекуван пораз од 9 разлика 31-22(пол 18-10).
Многу,премногу грешки,почетнички на моменти-не убија од контри-на поставена зона во одбраната бевме горе долу стабилни.
Во нападот премногу грешки,Кире Атанасовски во првиот дел добар,вториот дел му се даде шанса на Киро Митревски и Ќани.
Томе КАТАСТРОФА:kesa::kesa::nesvest:
Неам зборој појќе за овај играч,едноставно нервите си ги искинав со него:shok:
Следува зимската пауза сега-работата во клубот не е на арно.
Изгледа дека нема да има ни БАНКА скршена и во новата година,па реално за очекување е (се надевам дека нема да дојди до то)некој од играчите да си заминат-Попов,Везенковски,Тосето,Тото...........без плата,без пари не се живее,тешко дека ако добијат некоја друга понуда ќе останат и на пролет ако нешто драстично не се смени на финансиски план во клубот.
Ако останат овие играчи,то ќе биди добар темел за понатаму,да се гради постепено екипата,да се надградува полека полека и за некое време да се вратиме таму кај шо треба.
Другата понеповолна опција е,ако заминат некои од играчите.
Е тогаш според мене треба целосна реорганизиција во екипата,да се одберат од тие шо ќе останат најдобрите,другото да се пушти,да се подмлади екипата со некои помлади играчи(ете има од младинскиот погон неколку супер талентирани деца,мора тие да се исфорсираат добро) и да се чекаат некои подобри времиња !!!
Мора да се почни одново да се гради тимот,и да го зачуваме цел тим како шо е сега-мора да бидиме свесни дека Заре,Ќани,Злате.Кире, тука се негде и Тосето и Тото(иако некоја година помлади) веќе се на залез на кариерите-и мора да се бараат нивни замени уште од сега.
Се ќе зависи од парите-ако остани ваквата состојба во клубот тешко дека ќе напредуваме.
Ако се најди некој спонзор со добра стратегија за во иднина,има добра можност клубот пак да се врати на старите патеки.
Ако не ќе биди крпен живот како во овие 10 ина години со исклучок на некои повремени блесоци.:kesa:
 
Тажна утакмица... Солзи ми идат кога ќе видам како некој го растура Пелистер. Не е страшно шо Металург е толку поквалитетен туку страшно е шо не ни излегуваат на терен за да победат :kesa:

За тимот нема шо да се збора... Ако се има пари ќе дојди некој, ако не иста приказна, мачна пролет, па летни горештини, па пак исти проблеми предвидувам :jaj:
Треба работите од корен да се сменат ако сакаме повторно да се радуваме на шампионска титула, која во моментот е научна фантастика.

Мора некој да си замини од екипата (добро знајме кои се тоа играчи) мора да им се дај шанса на младите и да се продлабочат младинските школи, тоа е само спасот инаку нема друг излез :kesa:

Најдобро ќе биди клубот да си добие комплетно нова управа, управен одбор, нова свежа крв и амбиции за многу повеќе од само 1-2 сезони. За жал никој со прст не мрда, ни новинари, ни бизнисмени, ни ние како луѓе кои Пелистер многу ни значи, апсолутно како на секој да му е сеедно дали утре тимот ќе постои или не.

Жално, ама вистинито...
 
Како шо гледам од коментарите за утакмицата со Тиквеш во Кавадарци чорба сни биле, :toe: треба да гледаме кон иднината сега, за утакмицата со МРК можам да кажам само дека на среќа тепавме.... имавме мали испади во играта, за со Златен Даб, очекував победа но поголема негде 6,7 разлика, првото полувреме не надиграа Златен Даб, но второто одржавме лекција. За со Металург прочитав негде бодче ќе ни дат едно друго... :baeh: то е драпај се кај шо не те чеша, Металург го кини Вардар со по 7,8 разлика па нас нема да не тепа. Очекував пораз од 11,12 разлика негде но изгубивме само со 9 разлика, ме радувашее најмногу шо Атанасовски на утакмиците со МРК и Металург играше феноменално, после неговите 2 операции таква игра како шо прикажа е одлично, за во пролетниот дел овај играч ќе значи многу.
Заврши есенскиот дел, знајме дека клубот нема пари, а најмногу шо посакувам е да останат сите играчи, а доколку има нови засилувања (шо не верувам) , најмногу би ги посакал Бозаровски од Златен Даб и Левов од Тиквеш е тогаш би одлична екипа и тогаш сите ќе паднат во Битола.
Кај нашите играчи до сега добро се покажаа: Тото, Везенковски, Унчевски, Тосето и Генцелот.
Зарков како и стандардно, Ќани и Злате се како Кинескиот зид, Атанасовски ме израдува на последните утакмици, а особено на последната со Металург кога до 15мин само тој не држеше во колосек, Попов игра топло-ладно, Ѓоргиевски- па човекот е камен.... некогаш ќе изненади со некој удар, а некогаш не го барај во екипата. Во екипата мислам дека треба поголема минутажа да добива Кире Митревски, одличен ракометар, тука греши цревото шо му дава мала минутажа.
 
Наместо Бозароски би го зел јас Стојчевски (Бардакот) феноменален играч, би го вратил Лазе Спировски заедно со Михајло Петровски... Плус еден квалитетен голман и десно крило (резерва) ќе можиме да се надеваме на чуда :smir:
 
Нешто ќе заборафвме да кажиме дека на утакмицата со златен даб игарчите извадија транспарент
БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОДРШКАТА
:bravo:
 
Еј озбилно дајте слики од то фала на поддршката. Малјцев можи да дојди од металург- оти ке го испуштат- други шо ке ги испуштат се иванович ,недановски и чантурија
на десен бек малјцев и пинки супер ке е да дојдат:vozbud:
 
Ние дали ќе ги задржиме и овие играчи=па уште и засилувања да донесиме:kesa:
Плата немат земено играчите 5 месеци од оваа сезона,башка од прошлата:tapp:
Прво нека му платат се шо е заостанато од лани,па после ако има простор и можност да се бара некое засилување,ама како шо тргнала работава во клубот ништо не прајме.
И за шо засилување за 4,5 то место:nenene::tapp:
Џабе ни се засилувања,и да излезиме во Европа е џабе,ќе биди како оваа сезона,на првиот посериозен испит со силен противник ќе капитулираме,мора прво Пелистер да се среди кадровски,да зајакни,да се најди некој спонзор/бизнисмен кој би го понел главниот товар на финансирањето на клубот+некои поситни спонзори,да се избери Нова Управа и да се одредат амбициите на клубот.
Па после да се средиме на играчки план и да пробаме нешто да напрајме во првенството-иако со ваков Металург во лигата тешко дека некој ќе крени глава во наредните неколку години:smir:
Вака ништо не прајме,само прежиувуваме,ќе се крени еуфорија малце пред некоја утакмица од Челинџ куп,со Вардар и толку е сезоната-другиот дел е КРПЕН ЖИВОТ!!!
Мора шо побрзо да се знај шо и како ќе биди со клубот.
Ако ни зимава не бидни ништо со спонзор(а тешко ќе се најди нешто:toe::jaj:)тогаш време е Чкембарите кои се моментално Управа во клубот-да одат кај градоначалникот и да му речат"Бате-БУРЈУМ клучевите,и ти да бериш гајле за клубот".:tapp:
Кога го сменија Спиро,Глумецот Двојче ветуваше дека ќе напрај се за Пелистер,вети помош и сл-ништо од то шо го вети не се исполни,ги остави Чкембарите на цедило и сега и тие не знаат кој пат да го фатат:shok::zid:
Мора РАДИКАЛНО да се настапи,вака не оди појќе,-еве 10 години Пелистер се повеќе тоне,а никој во ГРАДОТ К** не го заболе за клубот кој и донесе толку слава на Битола.
Ако не се направат промени(а под премени мислам Градот да застани зад клубот,и тој да биди медијатор во барањето на спонзори,нешто како гарант) ни спонзор ќе влези ни ништо,клубот ќе се распадни целосно-чудо е и како опстои и досега,со толку проблеми,безпарица,заминувања на еден куп играчи-само благодарение на школата и на дел од ветераните Злате,Ќани,Заре ....кои се вратија во клубот Пелистер е сеуште некое име за почит.
Да беше било кој друг клуб на наше место досега ќе ја доживееше судбината на Кометал ЃП!!
Само прашање на време е уште колку ќе издржиме вака,мора да се бара некое чаре ,оти не тераме вака далеку.:jaj:
 
ИМА НЕШТО НОВО ВО РАКОМЕТОТ- ДА НЕ ЗНАЈТЕ????????
Нема ништо ново,а ко шо тгнала работава мислам дека нема ни да има:zid:

Не е на арно работата:jaj:,можно е ко шо кажав во некој од предходнте постови да си заминат и повеќе стандардни првотимци-Тосето,Тото,Попов,Везенковски..........
Не ми се верва да се среди работата во Пелистер,барем не во догледно време:nerv::nerv::nerv:
Без пари нема ништо!!!:toe:
Џабе секоја година само се надеваме,а епилогот е ист!!!!:music5:
 
Се шушка дека Пелистер е заинтересиран за Марко Симовиќ и за малиот Мојсо(читај Златко Мојсоски).
Засега се шпекулации,шо ќе излези од се ова ќе видиме.
Исто така има некои најави за подобрување на финансиската слика на клубот,па останува да почекаме да видиме шо ќе биди.
До февруари можат да се носат нови играчи,дотогаш трае преодниот рок.
 
Јоше, мање више не ни вервам дека овие играчи ќе дојдат да играт за публика во Битола... Супер би било да ги имаме во екипата, ама ем се немат пари за постојаниве а тек за овие. Мојсо има мака со очите а Симовиќ е играч со кус фитил :jaj:...

Пак ќе речам во оваа ситуација секој играч би бил добредојден :tv:
 
абе брат муабетот е дека сега кога го казнија круме(прецедателот сега бифши) во фк Пелистер би требало да биде директор(прецедател нов) сега истиот што е и на рк Пелситер и сега е можно односно сите се надеваат дека ќе влези конечно спонзорот во фк Пелситер а со тоа и да дава по некој динар за рк Пелистер тоа е цела работа после ако има еден стабилен спонзор многу полесно ќе влезат спонзори и од кај нас од градот :salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom