I
InF3cTeD
Гостин
добро на шо дрога се овие од МТВ шо е со нив...ракометов мислат ли да го даваат
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како шо гледам од коментарите за утакмицата со Тиквеш во Кавадарци чорба сни биле,треба да гледаме кон иднината сега, за утакмицата со МРК можам да кажам само дека на среќа тепавме.... имавме мали испади во играта, за со Златен Даб, очекував победа но поголема негде 6,7 разлика, првото полувреме не надиграа Златен Даб, но второто одржавме лекција. За со Металург прочитав негде бодче ќе ни дат едно друго... :baeh: то е драпај се кај шо не те чеша, Металург го кини Вардар со по 7,8 разлика па нас нема да не тепа. Очекував пораз од 11,12 разлика негде но изгубивме само со 9 разлика, ме радувашее најмногу шо Атанасовски на утакмиците со МРК и Металург играше феноменално, после неговите 2 операции таква игра како шо прикажа е одлично, за во пролетниот дел овај играч ќе значи многу.
Заврши есенскиот дел, знајме дека клубот нема пари, а најмногу шо посакувам е да останат сите играчи, а доколку има нови засилувања (шо не верувам) , најмногу би ги посакал Бозаровски од Златен Даб и Левов од Тиквеш е тогаш би одлична екипа и тогаш сите ќе паднат во Битола.
Кај нашите играчи до сега добро се покажаа: Тото, Везенковски, Унчевски, Тосето и Генцелот.
Зарков како и стандардно, Ќани и Злате се како Кинескиот зид, Атанасовски ме израдува на последните утакмици, а особено на последната со Металург кога до 15мин само тој не држеше во колосек, Попов игра топло-ладно, Ѓоргиевски- па човекот е камен.... некогаш ќе изненади со некој удар, а некогаш не го барај во екипата. Во екипата мислам дека треба поголема минутажа да добива Кире Митревски, одличен ракометар, тука греши цревото шо му дава мала минутажа.
дај слики нешо ако има да видиме како изгледало...Нешто ќе заборафвме да кажиме дека на утакмицата со златен даб игарчите извадија транспарент
БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОДРШКАТА
:bravo:
Нема ништо ново,а ко шо тгнала работава мислам дека нема ни да има:zid:ИМА НЕШТО НОВО ВО РАКОМЕТОТ- ДА НЕ ЗНАЈТЕ????????
Се шушка дека Пелистер е заинтересиран за Марко Симовиќ и за малиот Мојсо(читај Златко Мојсоски).
Засега се шпекулации,шо ќе излези од се ова ќе видиме.
Исто така има некои најави за подобрување на финансиската слика на клубот,па останува да почекаме да видиме шо ќе биди.
До февруари можат да се носат нови играчи,дотогаш трае преодниот рок.
Јоше, мање више не ни вервам дека овие играчи ќе дојдат да играт за публика во Битола... Супер би било да ги имаме во екипата, ама ем се немат пари за постојаниве а тек за овие. Мојсо има мака со очите а Симовиќ е играч со кус фитил :jaj:...
Пак ќе речам во оваа ситуација секој играч би бил добредојден :tv: