Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Битката ќе се бие до последен час, нема предавање !!!
Ништо не е изгубено, има уште многу да се игра.
Според мене пораз ќе доживееме во Охрид, 1961 ќе го победиме дома.... и тогаш ништо не е загубено
Што ако ги победиме напролет таму? Што ако победат тие со Алкалоид сега, а изгубат напролет?
Има многу комбинаци и рано е за славење на титули отсега како што мислат тие...

Само проблемот е во нас и во никој друг. Екипа што игра Лига на шампиони треба да е организациски спремна, а не пропаднат тренер сега да е спортски директор, што незнај да збора англиски и да напиши e-mail, а сакаме да донеси тука квалитетни играчи. Ние имаме пари, немаме организациона структура во клубот. Маркетинг да непрам муабет, во градот секој втор носи маица што не е купена од фан шопот, нормално оти се сто пати поубај и поквалитетни од она фушаријата Јома шо ја земват преку трети застапици за МК, наместо да договорат директна соработка со некоја спортска компанија, што е и работа на спортскиот директор.
Едноставно Стерјеви работат и живеат во Скопје, Шундо и Горан овде му се главени за се, ама кутрите толку имат капациет. Не треба двајца, треба дваесет и двајца за да функционира како што треба клубот. Играчите на терен само параван и слика како е организиран клубот.
Ама пак да не се тие Стерјеви да финансират, рака на срце пак ќе се вратиме на едно време кога Ефто и Пискачот го раководеја клубот и од толку што го сакаја сега се немат појавено на ниедна утакмица или да се активни позадински, значи не била љубовта кон Пелистер вистинска туку нешто друго...

И сам незнам колку пати имам пишано, да купат среден бек салам, не се само додавач - шутер ... 50% појака екипа ќе имаме, цела игра ќе биди друга...
Гарабаја е изгубен и во просторот и во времето.
Јасна е тенденцијата и желбата на државата за кој да биди шампион, ама сепак се зависи од нас!
Автоматски споено мислење:

@ZelenoBel - зошто сум баниран од фк и рк вардар?
 
Абе, треба да се биде реален. Билјанини извори има 2.800. Кале 1,900. Борис Трајковски 6,000. Вие сте некаде 3,000, може нешто ситно над. Не е изводливо над 4,000, под било како услови. Не е убаво да се лаже или да се залажува човек. Само тоа.
Stolcina ima 3200,mozi nekoe plus
 
@Tomasino Па Тајник изигра можи најдобро заедно со Манасков, даде неколку гола, над него 2 или 3 пенали и еден куп асистенции првото, Тајник секогаш давал солидни партии со појаките во лигата, за Хосни така е, да бевме нормален клуб, после се она шо го прај Хосни овде до сега требаше 265 пати да е избркан, пијанствата, сообраќајката на партизанска, ноншалантноста на терен, освен со 1961 со други тешко да изигра на ниво, едино се пали против нив уште Боре кога бранеше кај нив ги имаше тие провокации очи во очи со него, вчера го чекаше Митев да напаѓат да го струполи, па оди му се извинва нападот нив му течи и дават лесен гол, то ти е не си на чисто со Хосни, за провоцирање е прв и некогаш треба да имаш таков во екипата, безвеза ојде во дуел со Галецо, сакаше да го испровоцира, а напротив го мотивира плус, прв му ојде Хосни прво со нога ја шутира топката кон него, овај му враќа, па си прај на нога кој циркузант, па после утакмица дури и шамар му мана, да имаја акал и овие од Алкалоид каква суспензија можи да јади Хосни, а да беше и некој пилиштар уште од старт во дуелот со Галец би добил 2 мин, има искуство и му прогледват низ прсти.
Вината треба да ја бараме и кај Фитиљо, каде бе капитенУ, пенал на крај, се смеј и топката му ја дава на Радовијевиќ овај окапа 30 минути на клупа, ни загреан ни ништо ела шутирај пенал......како капитен требаше капитенски да си ја превземи тука одговорноста, ако веќе Манасков претходно имаше промашен пенал. Нешто не штима во клубот, овај матоилото Радивојевиќ солиден првото, второто почнува го пушта Хекберг, небаре ревијален меч е, Видомски 2-3 гола со ред дава, Хосни го остава цел меч, до крај не го ни пушти пољакот, Павле со 45 секунди во одбрана, два пати за врат ги фати Велковски и Симба, барем за одбрана знајме како игра детето, а зошто да не и напад, Хенигман со тој топ удар треба 50% од времето да е и во напад, Тајник - Фитиљ во терен ти се пребавни, то сите го научија и дека се без идеја, сега џабе од после се кажваме, после војната сите генерали, ама слеп да е ќе види како стојат работите на терен, не пак еден Кире Лазаров.
И веќе не се дечурлана Алкалоид, туку сериозни играчи од типот на браќата Митеви, Симба, голманскиот тандем, па и Стојковиќ вчера, со македонски играчи ни дишат во врат 5 сезони, на ДЕСЕТ меча и повеќе до сега, на два сме само убедливи, ланската во Битола и таа во Автокоманда со 10 ко ги размонтиравме.....кај се на останатите скапите странско платени газиња ? За "дечурланата" да ни држи ракомет ? Не бе играчишта се веќе и се тим кој знај како да работи со наши играчи.....
За битолчаните таму, Карасманакис има нешто против нас, секогаш игра на крв, од тој дуел со Фитиљо тогаш и црвениот картон, за Галецо ја знам ситуацијата од едната страна само, но секогаш за да ја знајш вистината треба да ја слушниш и другата страна....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom