Никој не ни е крив за денес, ниту ВМРО, ниту масоните, ниту никој, вината треба да се бара исклучиво во сопствените редој, несериозноста на играчите и лошите одлуки од клупата.
Кога од 23-16 во 40та минута, ти, пред +4000 публика, до крај на меч даваш само 3 ( три ) гола, од кои 2 од пенал нема шо да прајме муабет.
Среќата ги прати храбрите, а Пелистер последните 20 минути не изигра буквално ништо шо треба и се очекува да го изигра екипа од ЛШ...
Имав некоја надеж за Рубен, дека можи нешто да напрај, ама дечкото скроз се изгуби и овај бод ( рамен на пораз) оди чисто на негова сметка, (како шо е на негова сметка тој пораз од Гудме дома) и на насериозноста на играчите во последните 20 минути.
Павле не го кладе ни 1 секунда, ниту Петар, а можеа и то како да ги изреметат тие дечиштата на Киро во одбрана.
Вака со бавна одбрана со Ник, Абутовиќ, Самоил, не можевме до крај да ги држиме под пасивен, ќе се отвореше ко по дефолт дупка по дијагонала за влез или топка до пикер, па 8 гола да ти клај Стојковиќ, е па одете одморете малку тренери за одбрана и специјалисти во централен блок, џабе ти се тебе 3ца двометраши во централна зона, кога играш против играчи со ниско тежиште и брза промена на правец,ако не скинеше Никучо зицери во второ ќе изгубевме на крај.
За нападот шо да се кажи, онакво ладење и ноншалантност на Струшкиот турнир не смеј да се дозволи, камоли на меч во првенство, шо најверијатно ти ја решава уште од сега сезоната.
Со двоец бекој-Тајник-Хосни,

, посебно вториот, очобол, не можи упорно со овие и Фитило, кој со нив двајца е безопасен, оти наместо да мисли на шут тој му ја заменва и му ја брка работата на Тајник, оди на дуел игра, се мисли кај да подај до пикер.
За Хосни шо да кажам, а да не заплачам.

Од та утакмица во суперкупот и тие неколку добри гола во Автокоманда пред појќе од 2 месеци, едноставно е невидлив дечкото цела полусезона, се врати на то подешавање со еден куп технички грешки и непотребни излети во одбрана.
Го турка во одбрана Дамјан Митев, оди на 10 метри, му се извинва, а течи нападо нивни, овај оди го крева, му се извинва, алооо.

Ни прат вишок на пикер, оти се отвори дупка во зона кај шо требаше да е Хосни, не знам шо да речам, како на некој меморијален турнир.
Џабе на крај напрај тензија, шо бараш бе кај Галевски на крај?

Шо прајш непотребно тензија? Го имавме моментумот, имаме пенал за победа, еуфорија в сала, требаше одма да се припреми изведвањето на пенало, а не да се тегнат онде 5 минути, театар.
Вака му напрај поголем притисок на Чичо, му даде непотребно самодоверба на Галевски и на крај дечкото не прочита.
Шо го креваш во самодоверба? Демек ќе се уплаши, на крај карма ефект.
Знаев дека ќе промаши Чичо, преголем беше притисоко врз него,, голман од 2 метри, широк распон на раце и нозе, се знаеше дека со некој низок удар ќе оди, јас мислев дека на втора статива ќе му шутка, долу.
Не ти требат такви работи.
Јас да бев ко судиите ќе му стегнев 2 минути и пенал за Алкалоид оти оди во простор од 6 метри на противник, провоцира без потреба противнички голман, а се знај дека нема да е играчот шо ќе шутира пенал..
Секоја чест за Киро, ја смени одбраната, излегоа поагресивно и поистурено на нашата бавна игра ( со одење ) во напад и то даде резултат.
Реприза на мечот од ланската сезона, на 13.04. кога на ќоро протнавме гол преку Хаџиќ и испрличивме.
Во првиот меч во Автокоманда зедовме незаслужен бод, не знаевме кај тераме цел меч.
Е, па не можи стално среќа да се има,
Видомски искина детето во прво, го закова на клупа во второ, а моеше да дај многу со тој негов шут од далеку.
Мирче таман тргна, доби самодоверба го седна, а одма се виде дека со неговата дуел игра и брзи нози го размрда прекилавиот напад и ќе праеше голема беља против бавните играчи во централна зона на Алкалоид, ама не мислеше така Рубен.
То е то, браво за Алкалоид, заслужено.
Рубен имаше уба шанса да се покажи, засега дечкото не ја оправдува довербата во домашно првенство, од 4 дерби пресметки, само со Охрид личевме на нешто, на другите 3 очобол, иако можеше и требаше да извлечи појќе од само 2 од можни 6 бода.
Павле не го клава, Мирче исто, Хаџиќ, дете со добар потенцијал баш за вакви утакмици не е ни во состав, го имаш Саид кој уште не е залечен, ти држи место за странец и дреми 59:59 на клупа.
Бекојте и течноста во нападот го добиват мечот, Киро користеше денес 7 бека и 4 пикери во напад, ние само 3 бека во најголем дел од мечот, без шутери од надвор, а требаше тука да доминираме, со мали периоди од 10 минута на крај на прво, ко играја Ник и Анџеј и делуваа доста добро и ја напрајвме та разлика шо требаше да ни дојси мирна завршница.
Не е се изгубено, иако така делува, има уште да се игра.
Ако се добијат тие два меча дома и во гости ( со Охрид) до крај на полусезона, ќе биди барем интересно првенството на пролет, оти и Алкалоид ќе има шо да кажи на домашен терен со 61ва, па би имале некои шанси за плеј оф, пак се ќе се решава тогаш, во тие директни мечеви на првите 4 екипи, ќе има вкупно 16 бода на лагер, па да се решава првенството.
Ако се земи некој среден бек на полусезона ќе биди добро и можи ќе дај некој позитивен тек на работите за на пролет ( некој брз на нозе пред се, со макар и солиден шут од надвор), ако не планират да земат ништо, според мене, треба да ги пуштат Мирче и Хаџиќ да играт децата шо појќе, џабе ќе се тегниме со Тајник, дечкото веќе е прочитана книга, се знај дека бега наредна сезона, треба да игра, ама не со толкава минутажа како досега, оти опасно сме предвидливи ко ќе е тој во игра, плус се доста некомпатибилни во иста бековска линија со Хосни и Фитило.
То е, то, не треба предавање, дури има надеж треба да се игра.