Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Браво јунаци!!!!!
Вака се игра машки!!!!
Доста со овие децата глумци со паѓања,бабици, лелекања,чукнувања на сила....
Ако, долго е првенството...И уморни супер изигравме.
Не требаше Хајдарадад пак да го клават и пак подкуцнуваше....На крај како шо иди ќе му ја сечат ногата :D
Палиме бакљи!!!!!!
:uzi::oeoeoe:
 
Хоснии лекот за скопјани :sekcza: :sekcza:
Матер му ебава и на едните и другите, каква мотивација :aplauz:
Преважен бод, иако губевме цел меч
 
Колку одбрани имаа голманите 3 или 4 ?
Незнам во второ полувреме имаше ли одбрана после 45-та минута :))
како и да е ништо страшно добро е шо излезе нерешено , мада со мала помош од голманите сигурно ги добивавме.
Е сега греота е Петар она да промашува , не знам до кај е Цветан , ама ради него ќе изгубевме , два зицери дури се одмараа од ротациите ги еба и заминаа на 5 разлика .
Мислам требаше да ги врати Фитиљот и Манасков барем 5 минути порано и ќе ги добиевме, ама со онаков учинок на голмани добро е шо и не изгубивме
 
Бидејќи не ја гледав, ако можи некој да ми елаборира зошто се доведовме до ова? Не очекував дека нема да победиме, ама на Киро децата пораснале и собрале искуство - браво! Како прво, не заслуживме можеби и бод! Како второ, вајда не му ја дадовме за доброто на мак ракометот :ROFLMAO:.Некни РК Охрид со Вардар во последни две минута два пати ги бапнаа над гол, ќе завршеа и тие нерешено за малку. Дефинитивно ова првенство ќе биди најнеизвесно и секој можи секого да победи. Нека одморат сега па да се увидат каде се греши и како се игра 'на нож' и да се спремиме за среда ги чукниме Данците ако можиме. Напред Пелистер!
 
Коментаторот од мрт дали ја избриша спермата од уста после мечот ?:pusigo:

Многу тешка утакмица и среќа шо непоразени се враќаме. Гарабаја тука не си ја изработи домашната задача.
Знаеше дека ќе одат на брзи транзиции и никако не постави одбрана да го спречи.
Плус ако се надоврзат еден тон зицери промашени, овај бод и не е лоша опција после ваков слаб меч за нас.

Одиме во среда на втора победа во ЛШ и спектакл во Младост.

# Зоран - Чекајте до декември за Видомски и ќе не мани чекан дотогаш.

Само еден тим, само еден град...
 
Два дена по Париз и не можеше поќе да се очекува истоштени во париз плус превози и дечките на Кире се напалени супер испадна.
 
Два дена по Париз и не можеше поќе да се очекува истоштени во париз плус превози и дечките на Кире се напалени супер испадна.
Дали денес капитенот беше во облаци или не? Ме интересира твоето мислење?
 
Тежок меч, никој не очекуваше дека ќе биди лесно,против таква тркачка екипа не можи да биди лесно.
Не очекував дека вака ќе не доминират и тие да диктираат ритам, ама то е, домашен есап на пазар не излегва.
Ја кренале формата, со Охрид и Тиквеш беа доста млитави и бавни, вчера летаа на терен.
На "ќоро" земен бод, да сме реални, ама бод-бод кој ти го дава.
Инаку, реално изгубена беше оваа утакмица.
Арно шо не играа и тие одбрана и дававме лесни голој, иначе ако имаа одбрана ќе изгубевме со 4,5 ко ништо.
Тој зицер шо му го скина Никучо на Серафимов пресуди, ко бевме со 2ца помалку во зона., ако одеа на +3 толку ќе беше,
И тие брзи голој на Фитило, на искуство.
Зборав за ротација пред некој ден, вчера карма ефект, баш та ротација на лев не отепа.
Предолго ги остај Павле и Петар во иста постава во второ, како отсечена беше та лева страна тие 20 минути во второ.
Ни топка за лево крило, ни пас до пикер, ниту шут,
Се чекаше од Тајник, е па не одеше.
И тука фали сега чоек, шо ќе го смени Тајник.
Мора Павле да се охрабри и да презема иницијатива, не можи ти лев бек да немаш удар од 9 метри, а ако има ги мава или од зглоб или под рака на играч.
Вчера ко шо беше млитава одбраната на 2и3, кај Серафимов, Велковски, требаше да се истури од голој Павле, за тие 20 минути шо ги доби.
Петар бетер, не можи секоја утакмица такви зицери да се промашват, 1на 1, клучни детали.
Трчаш пола терен и на крај се забиваш в голман, мора то исфрлање да е порано, не можи ти пред да падниш да ја исфрлиш топката, в голман се закопа во та контра и заминаа на +4.
То се тие ситни детали шо те делат, дали си станал играч од репрезентативен калибар или просек шо игра во Бутел, Пролет, Тиквеш и слично.
Не се веќе деца, ова им е 4та сезона во прв тим, играт и во репка, набилдаја искуство, мора да преземат ризик и да имат појќе самодоверба.
Овие се тие шанси шо треба да ги искористат, не се станва играч со Пролет ко ќе водиш 20-10 на полувреме.

Хосни по којзнај кој пат покажва дека е играч за одлука, злато вреден играч. :uzi:
Само тој и Фитило го имат тој офанзивен капацитет да нападнат со полн налет на зона, другите бекој ни се од типо на БЕЗБЕДНА ДИСТАНЦА.
Мора да поработат другите бекој на дуел играта, не можи да губиме напади без ниту да шутниме на гол.

Среда следни важна утакмица.
Со ГОГ, стари борчлии ни се од 1997 ма и тој несреќен пораз во Кавадарци,
Баш мечот со Алкалоид беше како проба за то шо не чека со нив.
Не смеј да се влези со трчање, ако одиме да се натрчуваме со нив ништо не прајме, го измислија тие тој ракомет, ако се без 2,3ца првотимци, Оле Митун пред се.
Ама, имат и други играчи, посебно тој левиот бек е опасен.
Досега тешко играме со Данци дома, Архус глата ни ја дупна во Октомври 2022, лани со Фредериција одвај бод ископавме, иако во Данска ги отепавме.
А овие се далеку појјаки од претходно споменатите, зато ќе мора многу внимателно да се влези на овај меч.
Да се забави темпото, ко о Загреб, да имаме време да прајме измени, да ротираме, да не се трошат да трчат ко улај на брз центар.
Можи клучен меч за планојте за ЛШ,ако сакаме макар и да се надеваме на нешто појќе од само чесно учество.
Загреб игра дома со Барса, ако изгубат ( иако Барса не е та Барса шо треба да е), еве на +4 бода од ривалите, па после ќе треба во гости да се пробаме, и да изненадиме некој од Сегед или Висла дома, ПСЖ оти да не.
Ќе видиме среда, убав повод за полна сала и уба атмосфера.
 
Uste 150 karti otprilika ostanati za Sreda. Pak full salata ke bidi, ako gi dobieme ke ima eurpcija. Sreda ke bidi praznik, vsala 5000 narod ke ima nema da se disi. Od magnolija nadolu so korteo slegvame, na magnolija ke ima standoj pijacki muzika i tn. Povik do sitee!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom