Загреб имаат приближно x2 од тој на Пелистер. Лани имаа 3.2 милиони, за годинава бараа 4-5, прашање е колку добија... Плус имаат 30 години разработен систем и цела лига практично работи за нив со производство на играчи... Далеку се тие од финансиската па ако сакаш и клупска и градска реалност на Пелистер.
Освен Фредериција и Спортинг што можеби е можно да имаат релативно помали буџети од останатите оти се базираат на млади играчи, сите други во ЛШ се претпоставувам од 3 милиони на горе, се до 17 милиони колку што има ако не грешам ПСЖ. Има големи шанси Пелистер да е последен по буџет.
Цел погорен муабет се сведува на старата поговорка/дилема: "прв во село или последен во град". Според буџетот, местото на Пелистер е во Европската Лига, ама кога се има шанса за настап во ЛШ не смее да се пропушти макар и пак завршиле 0-14. За мене целта на дискусијата околу Пелистер е како со тие пари што ги има да се направи што подобар тим и клуб, за правење резултати со растурање на евра на сите страни, и ракометно неписмените ќе се снајдат. А во Македонија и Битола да се очекуваат буџети како во западните земји е едноставно нереално, па дури и недозволиво, со оглед на какви се други потреби имаме како граѓани. Финансиски стабилен клуб е сто пати поважно отколку било какви резултати во ЛШ.
Парите се важни, но уште поважен е системот. Клучно е да имаш добро организиран систем и правилен избор на играчи кои најдобро одговараат на стилот на игра што тренерот сака да го имплементира. Со јасен систем, дури и просечни играчи можат да постигнат многу подобра игра и резултати отколку со силни индивидуалци без никаков систем.
Ќе го земам за пример Вардар, кога во сезоната 2013-2014 испадна од Фленсбург поради правилото за гол во гости. Двомечот заврши со изедначен резултат (60-60), при што Вардар за влакно пропушти пласман на Фајнал Фор. Та сезона Фленсбург освои Лига на шампиони.
Е сега околу тимот, Вардар тогаш ги имаше на голот
Ангелов/Малумбрес, на лево крило Дибиров/
Марковиќ, бековска тројка
Прибак/Лазаров - Карачиќ -
Петрич/1
9-годишниот Душебаев, пикер Стоилов/Тоскиќ и на десно крило
Брумен/Раковиќ.
По квалитет далеку ДАЛЕКУ од кремот на европа.
Ама Раул имаше систем и создаде тимски дух и хемија меѓу играчите, каде секој го даваше максимумот на теренот, тактички напред со времето со акцент на
цврста одбрана и брза транзиција во напад.
Чоекот знаеше како да ги искористи предностите на секој играч без разлика на нивото на индивидуален квалитет.
Мене во моментов кај Пелистер една работа не ми е јасна: како можи толку многу да го трошиш Фитиљ речиси цел натпревар во два правци, како играч кој е лидер и го носи тимот, а на клупа го имаш Петар, кој може да игра на халф во одбрана, со што би го одморил Фитиљ во фаза на одбрана и би го задржал свеж за напад, а не го користиш него, туку го играш Дејан Манасков 60 минути – играч кој игра само во напад и реално е далеку од старата форма, чиниш по 10 акции се креираат за него секој натпревар па е толку нужен играч, а за возврат си осакатен во одбрана во текот на цел натпревар со неиграњето на Петар.
Исто мислам дека му требаа едно 10 натпревари на Бранче оваа сезона за да сфати дека Павле и Абутовиќ се најдоброто решение на 3 и 4 во одбрана, благодарение на подготвителните натпревари, инаку ќе се бламираше со Борзаш на 3, кој е дупка во одбрана.