Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Tomas se arno kaza deka dobro e so malku izgubivme samo racunaj deka eurofarm da imaa vcera publika svoja i navivaci nasiot Pelister ke zagubese so deset razlika imase da se ukocat pa za toa ne vredi da se sporeduva fakt e deka ja zaebaa so aljusot ama nema gajle nie ko izdrzavme dvanaset godini so dvojce se drugo ke bidi lesno
 
Tomasino, не постојат неважни утакмици, некоја се игра за бодови, некоја за престиж, некоја за докажување, оваа со Еурофарм беше за докажување и што видовме нашиот миленик кој 11 кола беше без победа, кој ја порази Еурофарм со 7 разлика, сега е толку без идејен што цело време ми се чинеше дека во напад ќе се судрат два наши играчи, без ниедна уиграна акција, без ни малку кретивност - очај. Се плашев а изгледа и така ќе биде и оваа структура на управа ќе биде само популаристичка се зафаќаат со работни кои се најмалку битни во моментов во клубот. Ги реновирале канцелариите (ми звучи малку познато па и Пискачот секоја година се фалеше дека ги реновира канцелариите), обезбедиле опрема куќа не се гради од кровот па надолу туку обратно прво треба играчи па опрема РК ПЕЛИСТЕР во 1996 не играше во брендирана опрема ама играше полуфинале во куп победниците со ЛЕМГО, и денес никој не се сеќава во која опрема играше ПЕЛИСТЕР со ЛЕМГО а скоро сите знаеме да ги наброиме барем 14 играчи кои тогаш играле, а од друга страна Кире Митревски и компанија можеш да ги облечеш во најсовремена опрам на NIKE и сигурно нема да бидат подобри играчи.
Истата реторика која ја слушаме години наназад го стабилизраме клубот, реновираме канцеларии, обезбедуваме опрема, догодина ќе ја нападниме СЕХА ( па дури претходните се дрзнаа и писмо да му пиши градоначалникот, ме чуди како овие до сега не му текна и тие барем една разгледница од Битола да му пуштат) а играчи е играчи сеуште ќе го носат тој скап дрес ефтини играчи како Кире, Везенковски и тн, ќе имаме 5 леви крила кој се на се еден ќе игра другите ќе навиваат ќе носиме играчи од РК Прилеп кој впрочем се повртаници во РК ПЕЛИСТЕР. А на крај целта остварена ќе се исперат 250К евра граѓански пари ќе се мотивира партинското членство со позиции во клубот со плати од 1000 евра (пример како Борче тренерот). И на крај испадна дека Темо беше спремен ама Борче не скаше да ризикува не не е точно Темо можи беше спремен ( Ризик не е ако го ставиш 5 мин - во онај момент кога ти е најоподен) на Борче му требаше АЛИБИ дека му фалат двајца играчи и затоа не го доби натпреварот.
И прашање до Bitola123 како е можно управата да не знае кога нивниот играч (кој впрочем имал потпишано за РК ПЕЛИСТЕР) ќе се појави во Битола, не е тоа малку не сериозно?
За пресконференцијата ги поканиле РК ЕУРОФАРМ како знак за пријателство, не ги поканија да му држат стравот, бидејки среќа што во Битола нема спортски новинари (само продаени пишачи на нарачени тесктови) инаку на оние глупости кои ги изнатропаја на пресконференцијата ќе ги раскинеа од прашања.
 
Треба да бидам вулгарен да ти одговорам за еѓипјанецо, клај се на негово место и одговори си самиот. Како перење на 250.000евра??? кој од тренер зема 1.000евра??? Кај ги реновира пискачо канцелариите? Опрема е основна работа за клуб. Кога ќе дојдат претставници од сеха вкафич ќе ги носиме? Не треба клубот да има свои достојни простори? На сред сезона се фрлат пари за играчи(лимитирани) или на лето кога можиш да си составиш тим како шо треба. Ова сезона се чекаше на кикс на металург за да се пополни местото, како шо оди се консолидираат и тие колку толку и нормално е да се во предност пред нас.
 
Bitola123, не мора да бидеш вулгарен да ми одговориш таман работа кутурно прашав културно одговорими, јас прашав дали не е несериозно да не знае кога нејзиниот играч ќе почни да си ги убавуваа обврските од договорот без разлика што приватно на детето му се случи трагедија со загубата на неговата мајка, Не серизно е да нема договор до кога ќе жали а кога ќе почни со професионалната работа тоа мора да се договори со управат на клубот. Со ваква поставеност на работите преставниците на СЕХА уште долго нема да дојдат во нашиот град а камоли во вашите канцеларии, јас не реков дека не треба опрема напротив, но најпрво требаше да работите на создавање на тим па опрема. И зошто кога веќе објавивте платата на Алушот не ја казжите јавно и плататта на Борче еве сега јас те прашувам која плата ја зема Борче за функцијата тренер која ја обавува во клубот?
Зошто не му се понудија поубај услови на дел од странците (па и на домашните) кои играат во РК МЕТАЛУРГ играчите беа пред штарјк за малку пари сигурно ќе се решеа да ја сменат средината, тоа впрочем беше тактиката на металург од порано кога ги собираше играчите на ПЕЛИСТЕР и други по нестабилни прволигаши, исто и Охригани се бореја со сопствената судбина дури имаше и штрајкови не можеше да се обезбедат голманот и десното крило и некој играч кој вреди нешто. Не можи да најди само онај што не бара.
 
Луѓе ве читам горе долу редовно, и стварно се чудам некогаш на некои ставови. Иако не живеам веќе Битола, и јас нормално би сакал Пелистер повторно да биде голем клуб. Ама начинот како да се стигне до таму е светлосни години од она како некои на форумов мислат дека тоа се случува. Од периодот кога Пелистер беше во својот ек (отприлика 1985-2005) до сега драстично се променети работите во ракометот, како во светот така и во Македонија (без разлика што некои милуваат да кажуваат дека имаме најслабо првенство дека на времето имало којзнае колку појаки екипи итн.)

Неколку работи што ми бодат очи цело време:
1. Куќа се знае како се гради. Од темелот. Така е и со еден професионален клуб со сериозни амбиции во веќе доста сериозен спорт каков што е ракометот во машка конкуренција. А темел на еден клуб никогаш не се играчите. Играчите се променлив фактор, денес се тука утре не се. Темелот на клубот е инфраструктурата - она што е долгорочно и е одржливо. Под инфраструктура се подразбира:
- физичката (сала за тренирање и играње на натпревари, услови за тренинг во објектите, опрема за тренинг)
- организациската (стабилен, долгорочен и предвидлив прилив на финансии, менаџмент кој знае да управува со клубот со одржлив план на долги рокови, добро огранизирана школа со стручни тренери со желба за напредок и дообразување, здравствена експертиза)
- фан базата (комуникација со фан базата, проширување на фан базата, уновчување на популарноста со цел одржливост на екипата)

Во превод фокусот мора да биде на средување на условите за тренинг, менаџментот и фан базата. Пелистер веќе долго време доста лошо стои по сите три основи. Кај фан базата иако можеби вие не го сфаќате тоа има огромен напредок со формирањето на Работник. "Ривалитетот" меѓу екипите ги разбуди и пред се заинтересира навивачите па интересот за ракомет во Битола по најмалку 10тина години ми се чини е вратен. Пелистер колку што јас гледам од страна, не само што не изгуби од тоа - туку многу доби. Толку навивачи на трибини и навивање за Пелистер немало најмалку 10 години уназад. Кај условите за работа има напредок. Треба уште но не се толку страшни и сега. Главниот проблем и испит ќе биде менаџментот. Е тука времето ќе покаже сеуште е рано.

Без овие работи да се средени на високо европско ниво, никогаш екипата нема да мрдне. Само можни се повремени блесоци од една полусезона кога се лупнале повеќе пари заради популизам. А според дел од коментарите на форумот испаѓа дека баш ова го барате од Пелистер.

2. Заборавете ги времињата кога ракометот беше полуаматерски спорт, се играше за мали пари, па дури и играчите имаа втори професии. Сега е максимално професионален што пред се значи - колку пари толку музика (се додека си организациски среден). Дел од желбите се нереални за македонски и битолски услови. Со средствата кои се на располагање, често попаметно е да се штедат средства на играчи а фокусот да биде на школата. За кога ќе дојде моментот, да се има пари на располагање, а не да се беспотребно расфрлено во меѓувреме.

3. Тим и игра се уигрува со години. За неколку дена/недели/месеци ништо посебно не може да се очекува од еден тренер. И што е уште поважно, каков сакаш тренер имај, ако играчите не се заинтересирани или не ги бива се тие за џабе. Со слаби играчи не можеш да имаш игра. Вие сакате со просечни играчи од македонска лига да се прават акции како Вардар што прави во лига на шампиони. Тоа е невозможно. Реално во Пелистер одамна не се задржа ниту еден тренер за да воспостави сериозно свој начин на работа и реално да се согледаат резултатите. За сите тренери изминативе години важи истото - и премногу ги фалите некои и премногу ги кудите останатите. Влијанието во играта кое можеле да го имаат во толку мал временски период е лимитирано.

4. Почнете малку пореално да ја гледате Македонската лига. Прво, воопшто не е онолку слаба како што мислите. Се работи посерозно од порано. Проблемот е што нормално не успеаа 15 екипи да напредуваат - напредуваа 5-6. Останатите (во просек) останаа на исто ниво какво што беа пред 15-20 години (едино се сменија некои од градовите од каде доаѓаат екипите).

Вардар е научна фантастика моментално. Џабе би коментирале. Металург веќе со години на раб на распад заради финансиски проблеми но основата што ја развиваа пред 10 години ги спаси од бездната и објективно се многу подалеку пред останатите отколку што тие сами си се залажуваат. Пелистер, Еурофарм и Охрид се тука некаде. Солидни екипи, кои ќе се борат за излез во Европа. Предноста ја давам на Пелистер и Еурофарм - во превод пласман на Пелистер на 3то или 4то место. Апсолутно коректен резултат кој со паметна работа може да се унапреди идните 2-3 сезони (а меѓу 3то и 4то место и нема некоја голема разлика).

За поставување на правите патеки требаат години, некогаш и децении. Потребно е трпение но и правите луѓе да ги влечат конците. И најважно од се, иако за жал заради финансиската компонента, политиката е практично неопходна во македонскиот ракомет, исклучително важно е таа да остане само таму кај финансиите, а да не се меша во функционирањето на клубот и особено одлуките врзани со самата ракометна игра и градењето на екипата.
 
Секоја чест на коментарот .
Сакам само да надополнам , иако не сум од Битола мислам дека добро ги познавам Битолчани а нивна најголема маана е што немаат стрплење сакаат резултат одма од било кој тренер и управа , е тоа неможе . Без свои школи и костур на екипа од свои играчи нема успех и напредок. А после вчерашниот надпревар видов дека кој и да е тренер а е македонец на било која екипа верува повеке во странците не затоа што се подобри туку затоа што се странци и коштаат многу повеке од домашните играчи и на оние кои имаат над 35 год .
 
@Xsago
Се е ок то шо го напиша, по правило така треба да се одвиват работите... Само шо проблемот е шо Пелистер го нема то време за полека да се развива. Пелистер изгуби 12 години и потребно е експресно да се сменат некој работи во клубот а исто така требат многу повеќе финансии од сегашните за да има развој.
Кога велам нема време, тука мислам и на времето кое го нема ради трката со Еурофарм, кој по секоја цена в година ќе атакуваат на СЕХА и ќе располагаат со многу повеќе пари од нас. Ако недај боже Работник е клубот од Битола шо ќе го превземе местото на Металург, то ќе биди погубно за Пелистер.
Затоа треба многу побрзо и поефикасно да се делува за да се подигни клубот на едно повисоко ниво. Со ова темпо, уште минимум 3 сезони нема да можиме да можиме да се доближиме до СЕХА.
 
Ај, ЛАБАВО малце.
Олабајте, "НЕМАЛ ВРЕМЕ ПЕЛИСТЕР"
Ние 18 години ги спичкавме па никому ништо, па сеа немало време.:D
Време на претек има.
До пред 3 години се тресевме дали ќе има пари за котизација да платиме, дали ќе се расформираме или не, 5 играчи немавме на лагер, сеа сакаме/ или (управата " наводно"сака) СЕХА ЛИГА.
Покроце малце, многу треба.
Не е само да се влези во Сеха, ко Динамо Панчево,Војводина да не дешкат сите.
Работата е Пелистер конечно да застани на здрави нозе, учество во Сеха ништо не значи ако клубот не оди напред, да е во конкуренција за ЕХФ куп, да помини две, три кола, да се јади со Металург.
То треба да е целта да се фати некој европски терк.
Не само влеговме Сеха, се наполни салата и да се пуфкаме, БИТОЛА ЖИВЕЈ ЗА РАКОМЕТ, ај шо живеј, ама шо ракомет гледа?
Клубот треба од година во година да напредва, преку ноќ не можи ништо, и проектот Пелистер до 98ма беше граден од 83та, 15 години се вртеа тие играчи, Боро, Пепи, Маринковиќ, Николиќ, итн.
Ние сакаме во време со цените на играчите се заминати у:kuracc: да напрајме екипа ( преку ) ноќ , и со 250 К да го падниме Металург.
Е па не се паѓа така екипа која вложвала 13 години константно во играчи, и то салам вложила.
Ниту ние ќе успејме ниту комшиите, со просек на играчи од 35 години.:D
Ги видовме и нив, со просечна Норвешка екипа до кај се " стигнати".
 
Bitola123, не мора да бидеш вулгарен да ми одговориш таман работа кутурно прашав културно одговорими, јас прашав дали не е несериозно да не знае кога нејзиниот играч ќе почни да си ги убавуваа обврските од договорот без разлика што приватно на детето му се случи трагедија со загубата на неговата мајка, Не серизно е да нема договор до кога ќе жали а кога ќе почни со професионалната работа тоа мора да се договори со управат на клубот. Со ваква поставеност на работите преставниците на СЕХА уште долго нема да дојдат во нашиот град а камоли во вашите канцеларии, јас не реков дека не треба опрема напротив, но најпрво требаше да работите на создавање на тим па опрема. И зошто кога веќе објавивте платата на Алушот не ја казжите јавно и плататта на Борче еве сега јас те прашувам која плата ја зема Борче за функцијата тренер која ја обавува во клубот?
Зошто не му се понудија поубај услови на дел од странците (па и на домашните) кои играат во РК МЕТАЛУРГ играчите беа пред штарјк за малку пари сигурно ќе се решеа да ја сменат средината, тоа впрочем беше тактиката на металург од порано кога ги собираше играчите на ПЕЛИСТЕР и други по нестабилни прволигаши, исто и Охригани се бореја со сопствената судбина дури имаше и штрајкови не можеше да се обезбедат голманот и десното крило и некој играч кој вреди нешто. Не можи да најди само онај што не бара.
1. Кратко пред пресот клубот е известен за непријатната случка. Значи ни време ни место имало да се разговара за кога дефинитивно ќе иди. Да ќе се знај деновиве шо и како, логика немаше на пресот да информираат за то.
2. Кој кажа дека не биле од Сеха во Битола?
3. Кај сум ја објавил јас или некој друг од УО платата на аљушо или некоја друга сума или плата на некој играч? Суми за плати и др не пишам!
4. На 4ца играчи на Металург им беа понудени одлични договори. Но повеќето имаст предоговори веќе потпишани со странски екипи или се во финални преговори. Им беа дадени пари на рака и немаа интерес за 2/3 месеца да мануваат средина.
 
Поразот од Еурофарм според мене беше очекуван !
Затоа и потенцирав назад пред некоја страна, дека ако не играат Темо, Рајчиќ, за Ради имаше несреќен случај, дека тешко ќе биди да победиме. Арно некој напиша поназад дека неможиме ние да се крепиме само на Темо, не е РК Пелистер само Орјоникидзе, значи има и останати 12/3 ракометари, до сега на сите утакмици играше 60 минути, плус капак на се беа настапите за Грузија, епа и железо да е ќе се свиткаше, му треба одмор. Јасно беше како ден дека со Чуриќ и Везени цело време во напад дека нема да оди, а за замена го имаш само Киро Митревски и одма знајш колку е саатот.
Мене многу ме плаши, потенцирав и дури беше полусезоната, дека во плеј офот осеќам дека ќе не газат (дај Боже да грешам) и ќе бидат copy-paste од минатата сезона утакмиците со нив, ама сакаме да призајме или не Горан Кумановски и Михаил Петровски за во оваа лига се ИЗМИСЛЕНИ играчи ! Стари биле, доодени, испукана пушка ама за тука бркаат и тоа одлична работа ! Нападите му се многу подобри сега за разлика од претходно. Ете и да го имаме Темо за потаму, добиваме само еден играч на бек, за Ради неможиме да коментираме пред време, нема утакмици, нема тренинзи, ќе видиме како ќе се вклопи во екипата, дури не излези на терен да го видиме џабе е коментирањето и на клипот тој црногорецот од Ловчен беше Карабатиќ напраен, ама овде од тренинзи го избркаја....
Не е страшен овај пораз, допрва е борбата во плеј офот, ама со Киро Митревски во напад неможиме РК Охрид да ги победиме, не пак Работник.

Нападот ептен слабо , без идеја, загушено игравме, во грч, од грешка во грешка до 11/12 минута таму на почетокот само 2-3 гола имавме даено и тие беа даени од ПЕНАЛ ! :tapp: Десет минути да не дајш гол од игра ШТА РЕЧИ !?!?
Везенио ептен потфрли, тој треба како носител на играта, креатор, преку него да одеја сите акции, тој залудно бараше игра преку пикер, немавме игра еден на еден. Чуриќ освен тој лажен шут наместо удар под блокот, кога влезе со финта и погоди гол, ја измести тука цела обрана на Работник :cuc: друго слабо во напад, две голчиња даде и од пенал мислам.
Митиќ овај мислам е тотален вишок во екипата и прв треба да си оди, толкаво тромаво магаре, основни движења за бек нема, па уште да те лепат на блок, па дај не ме јеби, само за споредба замете го овај со Пинки кај нив и гледајте која е разликата... Епа Михајло не треба покажвање МУДА со Радовиш, Борец, РК Прилеп и ЏУНИОРИТЕ од скопје, на вакви појаки утакмици се губи....
Само крилата ни беа на НИВО ! Секоја чест за Резо и Маџовски, искинаја ! :bravobe: Тој Брауновиќ се исплаши изгледа од толку публика :pos: една топка фати од крило на Ојлески и тоа беше од него се :coffee: Ама ајде прв меч му е, Мартин од ко влезе место него се виде разликата, фати 2 пенали и скина неколку зицери во прво, за да стигниме до нерешено, солидно си ја заврши работата Мартинчо....
Петров ептен лабаво ми играше, ајде и за него деби беше, ама мора малце повеќе пожртвуваност, ако не фала-пријатно и назад кај Јовиќ во Металург :D Па Папата е доктор за сите пикери шо биле кај нас последно време (освен Топиќ).

Мора следните со нив да ги добиеме, неможи бе факинг Умовист кај нив голман да го прајме, не дека и ние имаме "голманишта" и Рајчиќ не ми е некој топ голман, ама со сигурност е подобар од Јагош и Мартин, ама ако голманот е 70% во екипата, тогаш треба да се бара чаре и на оваа позиција, Милош би бил добар за резерва и се разбира нов десен бек обавезно, за полесно да се справиме во иднина со комшиите :P

За Борче Марковски, 10 страни наназад се пишени дека е кикс на новата управа и дека требаше да си остани Аљуш, играта си беше топ, си имаше и резултати, знајме како е донесен и Борче и зошто е избркан Аљуш, да не се повторваме со истите мислења и јас сум да си останеше Аљуш и безвеза е донесен Боро.
Ете го наместија сега, нека му се дај шанса на чоекот, ама со 2-3 порази во плеј офот (не ги клавам тука поразите од Вардар и Металург), сам треба да е свесен дека Пелистер е ПРЕГОЛЕМ залак за него и тогаш милум-силум носење Шунда за тренер и нормално се надевам дека платата нема да е проблем за да потпиши со клубот.

П.С. Никој гледам не го спомна и судењето, апла во корист за Еурофарм (70-30%) господата Начевски и Славе Николов :facepalm: Неколку безбезни исклучвања кај Пелистер, Киро Митревски без врска го иклучи еднаш во второто, ај за Чуриќ тој го уби назад и заслужено можи доби 3 исклучвања, ама и со пеналите ја претераја сигурно 8 пенали имаше за Цилевци, шо е многу, многу е :sakasuste:
Епа Наче ова е ракометна публика и го познава ракометот, не за џабе со добиваш свирежи....
 
Со Охрид ќе се види во недела дали некни беше само лош ден или сварно Борче не е на ниво на задачата.
Ако изгубиме и од Охрид а Работник освои 3 бода наредно коло, мислам дека тие го губиме првото место а то е многу битно за плејоф, пошо во случај на исто број на бодови на крајот од плејоф, не одлучува меѓусебниот скор, него како предност се зема конечниот пласман од регуларниот дел. Па во случај да имаме исто бодој со Работник, тие ќе завршат како 3ти.
 
Лајв:kafence:.
Мора да се тепа денес оти то е.
20180317_185049.jpg

Жустро ќе биди до крајот овде.
Нападот ни е мнооогуууу слаб, многу.
Одбраната и Мартин сосема солидна.
Ако се уморат во второ Охрид, па да ги натрчаме, додуша и ние со 10 души играме.
Антички ракомет од двете страни, ко во 70 та шо се играше.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom