Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Bitola123. Ќе може да ми кажеш сега колку е платата на Темо,и дали таа е највисока во клубот

Се пријвуваш ко доброволец да му даваш плата до крајо на сезоната.
Детето стварно добри инсајд информации дава а вие ко паразити околу него се вртите да кажува секакви работи.
Не ми е јасно шо сакате да постигните да го сменат од управен одбор детето... Со вашите фикс идеи и прогнози шо давате за се и сешто па да плукате наоколу за то шо Пелистер не е на ниво кое го сакаме?
Издржете бе мајкуму стара ништо сме биле во последните 15 години само една ебана сезона со Трифун кај шо излеговме од мртвите па сега сакате целосна транспарентност во јавност. За шо ша дојди некој од лево десно да му понуди плата поголема па да го земат оти ќе му даеле 200€ плус.
Мизерни сте сите со коментарите.
Наместо да има дискусија тука се ситиме за глупостите и се прајме паметни.

Инаку тоник не се однесува коментарот во целост за тебе за сите конкретно.
 
@Prezimeto
Зошто мислиш дека некој го напаѓа, ако му поставиме неколку прашања, за кои сигурен сум дека и ти сакаш да го знајш одговорот.
Никој никого не напаѓа, само се дискутира за состојбите во клубот, впрочем за то е и отворен овај фан клуб. Во моментот @Bitola123. е дел од управата и е директно инволвиран во сите случувања, зато и сите прашања се упатени кон него, бидејќи ги има најточните информации.
Се она шо ќе го добиеме ние како инфо е само чаршиски муабети и непроверени информации.

Сватете дека никој не "плука" тука по некој или по нешто, туку само се бараат одговори за работењето на клубот. Ако мислиш дека е то лошо, тогаш ете нема да прашваме ништо, ќе чекаме на фб да објават конечен резултат и по некоја слика од натпреварите и толку.

@Bitola123.
Фала за информациите шо ги сподели овде со нас. Ги разјасни неколку работи за кои долго време го баравме одговорот, од типот на опрема, играчи итн...
 
@Prezimeto
Зошто мислиш дека некој го напаѓа, ако му поставиме неколку прашања, за кои сигурен сум дека и ти сакаш да го знајш одговорот.
Не реков дека некој го напаѓа само велам дека преголеми очекувања имаме и треба да се спушти топката малку за ситуацијата. Да гледаме дека прават грешки но шо шо мислиш не ги прават со трезбени глави. Се дури е под капа на политичка организација клубот ќе пати на овој или оној начин се за свој цели а не за цели на народот кој умира да види подобро утре. А за тоа дали ме интересира да ме интересира итоа како. Дали ќе донесат нови играчи дали имаат опрема дали ќе има можност да се купи дрес и такви ми ти работи а не да поставуваме прашања ко @shweps koлкава е платата на било кој играч.
BTW Си го избриша постот ко свати дека направи глупост али го обележав пред да го направи за да си имаме граници за поставување на прашања оти немаме ќар од козата на комшијата. Освен ако дај калап сирење комшијата да го измезиме со ракија.
 
Вака на прв поглед треба да сме подобри од есента, посебно во должината на ростерот.
Петров и то како можи да го менва Папата, и да се добие од двајцата сосема солиден учинок, двата за да изиграт добри 30 минути имат сосема солидна кубикажа:X3:.
На лево крило Ничето се појќе шанса добива,иако Бојанчо е играч во два правци и пред се доста корисен и неопходен за во одбрана да изигра на 5ка, ко ќе се заедно со Везенио во постава за да се скратат измените, доста добро функционираше ова и ланската сезона.
Десно се знај, нема зима тука, Резо е уште машина за ова лига, за замена не е лош Пецката да го смени, а Томи да покрива на десен, ко ќе се умори Митиќ, а ќе мора да го менва оти не можи сам Митиќ.
Бекојте се клучните, пред се да се види со повредата на Темо, ако се врати до април ќе биди топ, не треба да го форсират сеа ич, макар и ги изгубиле наредните 3 текми во регуларен дел, нека се опорави ко шо треба.
Цел товар лево ќе падни на Машината Чуриќ, не се сомневам во дечкото дека ќе се покажи, иако е сосема различен тип на играч од Темо, пред се ќе видиме како ќе се снајди со комшите кои играат покасапски во одбрана, и за нив лекот е камиказа стил каков шо негува Темо, сепак и да не се врати Темо не сме толку отепани на лев, ете и еЃУПТИНОТ:icon_mrgr: можи да покрие таму, ваљда ќе се најди некое компромисно решение, сепак најдобро е да се има Темо за плеј оф.
Ако не че чекаме од Киро:uzi::kruna:.
Везени исто е важен играч, Богдан демек ќе се враќаЛ, ама нема шанси според мене за ова сезона.
Тука и Ончев можи да покрие, ако не е заминат за Француска.
Голман, мора РајичиЌу да се врати, ваљда не е некоја сериозна повреда, сепак добро е шо има и опции, подобро е да има 3 вратари.
Ок е засеа преодниот рок според мене.
Сепак најважно е, КАКО БОРЧЕ ЌЕ СЕ СНАЈДИ?
Посебно на тие мечеви со комшите, Охрид, Пролет итн.
Најјако вчера, на изјава на Борче за некој портал ( не знам кој беше точмо ) и коментар на ФБ од Горан Андоновски ( тренерот на Охрид), вика СЕ ОК, МОЖИ НЕАМЕ НИЕ ДОЛГА КЛУПА КО ВАС, АМА НЕ НЕ ПОТЦЕНВАЈТЕ.
Врши Горанчо на социјалните мрежи:kafence::kruna:.
 
Bogdanci otkaza Prilep otkaza spored propoziciite ova vejke e nelegalno prvenstvo Ohrid pred raspad a i na Radovis mu se sprema Egzodus a da ne zborame za Borec koj visi. Kako i da sega ova nie treba da go iskoristime ete i Vasko na 24 vesti potvrdi deka go sponzorira Rk. Pelister plus opstina i drugite javni pretprijatija mora da sme 2 mesto.
 
Ончев мислам дека замина во Франција во тимот на гумата на голот Крис Нкангуа :D
 
Богдан беше Битола дојден на гол напишаја демек се враќа а на официјалната страна на фб демант на гол му прат велат не се враќа а и ако се врати можиме да го користиме за трет пикер дечкото уште поздебелен е од повредата од то шо беше претходно :)
Ко сме веќе кај страната добро бе кој ја води таја???? Дај речетему нека не се брука нека не пиши глупости читам онде текст за Ради го претставува незнам си шо.Во ред то напишиги информаците за детето ама не треси глупости дека е прв африкански играч во МК првенство.Јас како шо знам и во Охрид имаше африканци ако не се лажам а и Адли во Работник и тој не беше од таму негде Египет,Мароко тие земји.Проверете прво нештото пред да тресите зелени...:D
 
Богдан можат и да го ослободат уште од сеа, пошо овај арапот игра и на среден и лев бек.
Сличен тип на играч е и Чурич, плус Везенио е тука и сварно не глеам шо ќе ни е тој тртлото во тимот. Последно пред да се повреди беше мачно да се гледа кај шо се влечка со тој стомакот на паркет.

Иначе за потегот со арапот браво. Требаше да му стегнат 4 годишен договор и мирна бачка.
Вакви играчи треба да се носат во иднина на секоја позиција.
Темо - 22 год. репрезентативец на Грузија
Ради - 19 год. младински репрезентативец на Египет.
До година уште еден десен бек да се донеси од типот на овие двата и потпиши го на 4години. Имаш топ бековска линија со млади и квалитетни играчи.
Очајно фали салам голман во екипата... То прашање мора да се реши најпрво во летниот период. Само шо проблемот е шо нема некој на повидок а да можиме ние да го исплатиме. Сите квалитетни голмани се солени за наш стандард.

Се сложвам со Томасот дека Борче е најголема енигма во екипата моментално. Мислам дека ова е преголем залак за него и нема да биди на висина на задачата, ама ете му шанса да се докажи и да не демантира. Во секој случај за наредна сезона ќе мора да се бара и тренер а Борче можи да остани како опција да асистира на неговиот наследник.
 
Dobro be ima nekakva informacija za opremata , web stranata i slicno ? Pres konferencija nema da ima ?
 
Nisto od opremata web strana ne se znaj dali ke ima a pres nema da ima ... i slicno nema da ima
 
Humel oprema, a press ke ima pred otvoranjeto na na novite prostorii na klubot, za da se pofalat :D
 
:Кезец::Кезец:
 

Attachments

  • IMG_20180305_152112_284.jpg
    IMG_20180305_152112_284.jpg
    51,9 KB · Прегледи: 105
  • IMG_20180305_152108_104.jpg
    IMG_20180305_152108_104.jpg
    49,4 KB · Прегледи: 106
  • IMG_20180305_152115_531.jpg
    IMG_20180305_152115_531.jpg
    54,1 KB · Прегледи: 101

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom