И вие ја претерувате. Колкава екипа мислите дека треба да имате за играње само македонско првенство?
Ми се чини дека се претерува со барањата. Една постава да се има добра плус уште неколку резерви е голем чекор напред за Пелистер. Да се фрлаат пари на резерви само за македонска лига мислам дека не е паметна стратегија. 2 јаки играчи на секоја позиција е преголем залак, а и мислам е непотребно за само домашно првенство. Да се играа и европски купови и/или СЕХА е друга приказна, ама само за домашно не се потребни. Од што ќе одмараат првотимците толку многу? Од ретко играње? Или да ги вложат во подобри првотимци или да ги заштедат за во иднина парите е сто пати попаметно отколку да се трупа непотребен квантитет.
Друго, ако мислите дека играчи како Лазаровски, Дрогришки, Чантурија, Николиќ и сл, би потпишале договор во ситуација каде треба да ја грејат клупата во македонско првенство, многу сте се излажале. Реално освен еден лев бек како замена за Дрогришки ако си замини, и евентуално едно лево крило не верувам дека ќе донесат нешто друго. Не е ни потребно. Сосема доволно би било тоа за 3то место ако се работи сериозно. А за евентуално второ, во моментов секако повеќе зависи од состојбата на Металург и амбициите кои ќе ги имаат, отколку од составот на Пелистер. Пелистер ни вака нема толкав буџет за сериозно да атакува на 2ро место. Особено не со преку ноќ склопена екипа без долгогодишно градена хемија.
Наместо да се скока многу, подобро е да се оди чекор по чекор и да се добие каква таква стабилност во екипата. Ако нешто требаше да не научи изминатата деценија тоа е ова.
Подобро е ако имаат пари да скоцкаат екипа уште сега,со по 2 измени на секоја позиција и да се уигрува тимот,без разлика шо не играме Европа...
А реално од ланската екипа,дали една постава ќе остани,дечкото со шорцојте

,Папата,Чантурија,најверојатно и Рајатоски ,Петко Џуниор,Богдан,Маџоски и евентуално ако не најдат лево крило Коко или Ивановски за смена..
За Кире Митревски не сум сигурен?Дрогата веќе го отпишав,штом решил да си оди најверојатно е завршена приказна со него..
Ова не се ни 10 души,а реално барем пола не ни играа многу минатата сезона,значи ако сака Касим да работи како треба ќе му треба едно 7,8 души најмалку да донеси и да се склопи еден костур...
Потребно е време сето ова да се измикса и да заличи на нешто..
Во Нексе додека беше тренер успеа да напрај една солидна екипа,која беше некоја година заедно,најверојатно и тука ќе се проба истото(нормално ако успее да се задржи барем една сезона,досега праксата беше дека појќе од некој месец ниеден тренер(од надвор( не се задржал во Пелистер)..
Ако остани барем 2 сезони на клупата треба да има некој ефект од работата..
Барем го познава пазарот и сигурно нема да купи некој random играч,барем не за странците,очекувам некое надежно дете од Хрватска да донеси,
Буџетот(барем како шо го најавуваат)е таман да се напрај екипа со по 2играчи на секоја позиција,шо нема да е проблем,посебно ако испазарат сега,додека не почнат подготовките..
Сега е најважно да соберат се шо можат од домашниот пазар,па после да се дополни она шо фали со 2,3 солидни странци..
А пласманот,или тоа второ место не е приоритет зошто и СЕХА ептен педерски постапи,по најавите на Михајло дека пласманот на крај на првенство нема да е приоритетен услов за учество во лигата..
Демек поучени од случајот Струмица?
Е па сега си се пласираа тие,тоа шо местеа е друга работа,и ова е глупо ептен..
Демек Металург полнеше сали во СЕХА

,пред 50 гледачи во просек ги играа тие мечеви...
За СЕХА ќе се размислува кога ќе се нашминка малку салата,не е голема работа,со неколку десетина илјади евра за крпење на пот-трибинскиот простор,и редуцирање на двете трибини неколку реда погоре+столчиња и средување на осветлувањето +една Ge Flour подлога салата ќе се средi таман,не само за СЕХА,туку и за Европски мечеви..
Ваљда ќе дојди на дневен ред и ова(наредна сезона)ако се обезбеди излез во Европа..