- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 3.752
- Поени од реакции
- 6.672
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Види го бе КочеНе бе не можам појќе,од сите легенди во Битола најмалку очекував од Кочо да напрај новинарска кариера..
Види го ти него...
Па и добар е бе,да си еби векот,подобар е дури и од Декси ..[DOUBLEPOST=1416956786][/DOUBLEPOST]Кочооооооооо нобелеловецуууууууууууууууууу......
Спортот Ни Е Во Срце: Македонија Има Квалитет додаде 37 нови фотографии.
пред 4 минути ·
"За Добрите Стари Времиња"
- Една Секунда до финале, Еден меч до трофеј"
http://d.hatena.ne.jp/video/youtube/TH8oz5gpj_E
Се тресеше цела Битола, ечеше Младост, се собираше и младо и старо, цела Македонија седеше пред малите екрани гледајќи и одбројувајки до тие последни моменти...
Бевме толку блиску, но сепак испадна далеку... Слушавме за онаа германска непобедливост, игра до последна секунда и ја почувствуваме за жал и ние...
Не верувам дека има човек во Битола кој некогаш ќе ја заборави таа последна секунда, тој последен трагичен гол, гол кој донесе молк кај повеќе од 5000 навивачи кои до тој момент ја тресеа салата, кој им донесе солзи на ракометарите кои беа наши херои и кој и ден денес не боли...
Пишував претходно за Кометал мои мили читатели, но дозволете ми сега да напишам за уште една македонска гордост, уште еден македонски гигант, тим кој им ги одземаше здивовите на македонските навивачи долго пред да знаеме за Кометал, пред да ги гледаме Вардар и Металург, дозволете ми да напишам и да кажам некој збор и за мојот Пелистер.
Да мојот, мој и на секој битолчанец, клуб на секој ракометар кој го носел дресот на Македонија...
Да тоа е Пелистер...тоа е клубот за кој и Вујовиќ и Лино Червар, двете тренерски легенди на денешните гиганти на македонскиот ракомет зборуваа со воздишки...
Тоа е клубот кој ја предизвика големата Металопластика во далечните две сезони 1987 и 1988, со која водеше борба за титулата на тогашна СФРЈ, годината во која Металопластика стана шампион на Европа, а Пелистер за првпат искуси пораз од германски тим. Тогаш на патот кон завршницата во ЕХФ купот, во она четвртфинале ни застана Форвертс, клуб од тогашна Источна Германија кој како да ни навести за она што ке го доживееме седум години покасно...
Тоа е клубот кој е тесно поврзан со македонскиот ракомет, клубот чиј дрес секогаш ќе биде светост за секој играч...
Свето е тоа име, свето за Битола, свето за нас, неговите навивачи, свето би рекол и за секој кој ја сака нашата земја...
Се сеќавам како се тресев пред да почне тоа полуфинале кога Пелистер гостуваше во Германија кај Лемго, полуфинале до кое стигнавме со една феноменална победа над полски Киелце, надополнувајки цели осум гола од онај прв меч во Полска.
Се сеќавам на тагата по она прво полувреме кога Пелистер губеше со 17-10, но и на радоста кога нашиот миленик експлодира во второто полувреме. Крајниот резултат 25-23, Пелистерци прерадосни, германците збунети прашувајки што се случи...исплашени знаејки што ги очекува во Битола, салата по која македонските навивачи станаа препознатливи во Европа, пеколот во Младост. Ние навивачите веќе славевме, финалето е тука, на дофат нема кај да бега, впрочем Пелистер дома на секој меч дотогаш беше и повеќе од убедлив, а сега тоа се само два гола. Само два...
Дојде и тој реванш, тие мигови кога вулканот се најде пред ерупција... Во салата нема место за сите, таа е преполна часови пред да започне утакмицата, собира пет, а внатре има најмалку шест илјади навивачи, се пеат песни се извикува тоа свето име...
Надвор се слуша исто, илјадници го следат мечот на видеобимови, ретки се тие битолчан кои се дома пред телевизори. А и во другите градови е исто... тоа е македонски тим, наш тим кој се бори за тоа големо финале. Пречката е голема, според цела Европа ова е најјакото полуфинале во историјата на ова натпреварување, дуел на 4 шампиони (Веќе беше јасно дека Пелистер е шампион на Македонија, Лемго на Германија, Тека на Шпанија, Звезда на Србија) ... мечот се гледа низ цела Европа...за многумина тоа е финале пред финалето...
Пелистер започна тешко, се играше гол за гол на полувреме се отиде со гол предност за Лемго. 12-13...
Но следеше експлозија...Пелистер излезе во вотрото полувреме како онај тим кој претходно ги сомле сите свои противници.
Беше тешко но се стекна предност. Во последните петнаесет минути дојде онаа предност од 4 гола... Финалето е тука се слушаше песна, Финале спремај се ние идеме...
Но германците не би биле тоа што се ако се предадат. Пополека ја топат, ја гризат таа предност... Но и Пелистер се држи нашите момци се лавови...Се борат, дишат сите како еден. Почнувајки од Стефановски и Петковски, па се до Петровски, Чурлевски, Новокмет, Мирза Мамедов, Алушовски и Марковски...
Дојде и последната минута Пелистер се чини има се, два гола предност, наша топка, напад и тогаш дојдоа тие последни осум секунди. Сите се стегнавме, се молевме, се тресевме...
Дојде последна секунда и дојде таа болка, таа неверица... го знаете добро тоа чувство, вие прв пат го сетивте со Данска ние заплакавме од болка тогаш дупло оти болеше и тој пораз но и болеше и сеуште боли и онај стариот, онај кога бев дете.
Сеуште ги паметам тие солзи, таа болка кога татко ми ме извади од салата, тоа факање за глава, таа мисла дека е крај на светот. Се радуваа триесетина германци молчеа десетици илјади...
Таа е првата ноќ кога Македонија плачеше... Но исто така беше ноќ во која сите знаевме, знаевме дека имаме нешто скапоцено....дека Пелистер започна еден пат кој неколку години покасно едни девојки ке и покажат на Европа дека на нас мора да смета...
Ракометарите беа испратени со солзи, но и со аплауз, аллауз за да знаат дека ние сме со нив до крај, и во добро и во лошо, и во рај и во пекол...
Беа испратени со порака догодина пак ке бидеме тука...
Не беше догодина...но не се чекаше ни долго...
Пројдоа седум години, години во кои ние навивачите секогаш останавме со него, се менаа генерации, дојдоа нови денови...нови момци дотогаш непознати, Ангелов, Мојсовски,Темелков, Митков,Јоновски,искусниот Макалоски...
Дојде таа фамозна 2001-02...
Да ја знаеме добро.
Годината кога Македонците ја стресоа Европа.
Додека Кометал газеше во женска Пелистер водеше жестоки битки во машка...
Започна со руски Казан, два тешки мечеви, неизвесни до самиот крај пораз од еден гол таму победа со само два гола дома...Младост исполнета до последно место ги испрати со радост своите јунаци...
Полна сала го дочека следниот противник, големиот ПСЖ.
Се бркаа три разлика...Голема борба, лудница и делириум на трибините, солзи во лицата на французите, Пелистер оди во четвртфинале...
А таму ни дојдоа нашите "омилени соседи" Килкис од Грција.
Со пет гола ги испративме од Младост доволни се покажа по реваншот за полуфинале.
Дааа полуфинале.
Се тресеше Битола во тие денови...Се присетивме сите на она минато, на оние мечеви со Лемго, се молевме на бога да не ни се повтори, верувавме во своите нови херои во Петар, во Наумче, во Влатчињата,во Ацо...
Противникот дански Фредериксберг... Гледавме и на другата страна таму уште еден дански тим екипата на Скјерн... Изгледаше како да е Данска против Македонија. Се сеќававме и на оној Гудме, онаа казна која не принуди да играме надвор од Битола која ги однесе незаслужено данците во Лига на Шампиони...
Боже немој пак...
Дојде онај прв меч во Данска и слично како и Кометал и Пелистер замрзна... Цели шест гола разлика, голема тешка, но сепак надохнадлива.
Се сетивме сите тогаш на Киелце, кога може осум тогаш што се шест...
Данците сепак не знаат што е Младост...не го знаат нашиот Вулкан...
Дојде и тој реванш, мечот тежок, салата ти се чини ќе пукне, на трибини нервоза, стрес, на теренот исто.
Данците се држат, нашите гризат се борат но никако да тргне...но сепак надеж има.
На полувреме е плус два...13 -11. Два имаме ни фалат уште четири...
Тргна и тоа второ и пак исто...Минутите врват,времето тера данците се држат, не даваат...
На трибини нервоза. Пак ли... амаан. Салата врие но веќе никој не се надева, дури надежта полека исчезнува...
И тогаш дојдоа оние моменти кога Македонија го виде својот нов херој, кога знаевме дека не е само Кире...Македонија го има Кире но Пелистер го има Наумче...моменти кога Пелистер покажа зошто е наш миленик...
Презеде Мојсо се во свои раце, гол за гол, се разбудија и навивачите, еруптира вулканот наречен Младост... Се збунија Данците Пелистер од 27-25 отиде на 28, 29,30, Ангелов полуде на голот спушти ролетна Диви...Повлекоа линија битолчани дотука и ни чекор повеќе...Една минута до крај на Пелистер му требаат три гола, дадовме два...
Дојдоа и тие последни секунди, напад за нас, сите се присетивме на онај дуел со Лемго, се молевме да ја имааме таа среќа сега ние...И распали Наумче од десет метри, ерупција во Младост, надвор во паркот, пред сала, низ цела Битола.
Резултат израмнет се прејде на пенали, а таму ако во 60 минути царуваше Мојсовски, во тие пет царуваше друг, царуваше Диви...
Шест илјади грла навиваа за него, а свиреа за данците, се редат пенал за пенал, и тогаш одговорност презеде Макалоски...
гол за него а на голот Диви...веќе фати еден... се моли цела сала, а тој ладнокрвен, презема ризик, излегува а данецот шутира...
Младост еруптира, Битола експлодира. Пелистер е во финале...
Беа тоа денови на еуфорија,денови на невидена радост, денови кога се одбројуваа деновите,минутите,до дуелот со Скјерн.
Пелистер за првпат е домаќин на прв меч, Младост е преполна, Скјерн се губи, Пелистер игра како во транс, Предноста е голема, сите се молиме да е доволна..Ги испративме нашите херои со седум гола предност...
За жал Скјерн се покажа како немилосрден на домашен терен, го искористи заморот, неискуството и успеа да стигне до она што ни беше на дофат...
Поразот боли но гордоста остана, остана и никогаш нема да ја заборавиме, ќе го чекаме онај ден кога повторно ќе ја почуствуваме...
Да мои драги читатели тоа е Пелистер, тоа е нашиот великан, нашата гордост, тоа е клубот за кој овој град живее, се радува, тагува и копнее. Тоа е тоа име кое сите ние го носиме во срце и во душа, во кое се колнеме... Тоа е клубот кој ги има своите чкембари, своите битолчани, навивачи кои никогаш не го оставаат сам...
Го имаат Хрватите Загреб, Србите Металопластика, Партизан и Звезда, секоја земја има по некој, а ние, ние го имаме нашиот рис, нашиот Пелистер...
Тоа е име со кое сите треба да се гордееме...име кое никогаш не смееме да го заборавиме...Тоа е она нашето специјалното...
Ова е за тебе Мој Пелистере, ова е за тебе и за нас, за навивачите кои во срце те носиме, биди горд на нас затоа што ние секогаш ќе бидеме со тебе...
Upravata na Pelister(vo vistinska smisla)posleden pat bese videna pred 10 godini,koga Pelister na plekite na Trifun Kostovski osvoi dvojna kruna.Види го бе КочеДа не му паднала некоја тула на гла , само каква поезија пиша. Незнам дали е вратена управата од Прага мора да го споделат на страната официјалната од клубот
![]()
http://vesti.mk/read/news/3853676/1390615/mincho-jordanov-se-otkazhuva-od-metalurg
Пискач, ајде брзо активирај се, збирај ги играчиве на Металург. Побрзо оти Циле ќе го прати Иве да ти ги собери.
За пари не се секирај, Минчо ги научил за без пари да играт и нив.
Ne dava be Zikata pari,Zikata si ja gleda repkata.Alkaloid ke go prevzeme Metalurg dzabe Piskacot rekata ke ja izvira
Ne dava be Zikata pari,Zikata si ja gleda repkata.
Jas mislam sprotivno,a i da dava sigurno nema da dava kolku Minco.Ke pocne da dava ke vidis za epten brzo(bar od ona sto mi go kazaa od izvori bliski)
![]()
Да соберат пари сеа сабота и можи ќе го регистрират...Го регистрираја тој голманот или ќе го чуваме во нафталин за до година?![]()
Туку и така се ближи паузата,гарант ќе го избркат сега...![]()