Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пинки има предизпозиции за десен бек, калсичен левичар, височина, релативно добар шут иако мислам дека ако е паднат во формата нема многу да ни поможи.....Се надевам дека нема да биди така. Не знам која му е минутажата моментално и како го изделкал шутот, т.е. дали некој работел со него. Факт е дека има потенцијал. Имаше години кога беше паднат многу во формата едвај шуткаше, си потпушваше,беше здебелен, расчекор шема и.т.н. НО пред да бега странство се изделка и зато замина. Ако се врати таков ок, т.е ако се среди(л) мислам ке ни поможи оти десен бек тешко се најдва.Но мора на таја позиција да има двајца стандардни јаки бекој, всушност на секоја позиција мора да имаме по двајца добри играчи. Сигурно романци ке бидат среден и лев бек, тука сме најслаби кај бекојте, всушност единствена екипа во лига која години играла без бекоја пак била тврд орев. Да останат Славиша, Чурлето, Дрогата и Осата плус овие ке личиме на нешто.
Бутино и Терзич мислам требаја да заминат во Струмица, веќе беше и официјално изјавено во екипа весникот, е сега то шо беше на тренинг малце ја мати работата и поарно да е така. Истото важи и за Бутино, ако е во форма е топ играч. Јанев ако го "разработиме" мислам многу перспективен пикер.
Се на се РАБОТАТА ТРГНА. Вака онака поарно вака отколку НУЛА. Па да видиме.
Не се надевам и не очекувам оваа сезона шо иди да има чуда ниту трансфери од Бундес лигаАли вервајте со мала помош и нашата поддршка чуда се можни.
Инаку кога сме кај тренерот, во ред тој е битен али мора да имаме добри играчи. И Самсоненко камен од тренер со оние играчи дава резултат, и ние да сме трнери со Лазаров, Растфорцев, Балич и.т.н ке прајме резултат, па тие сами ке играт. НО то отом потом.Имаме потенцијал, публика то е неоспорно. Да одиме пополека пример по стапките на Струмица. Да се пласираме во ЕХФ купот, да бидиме 3 и евентуално учество во СЕХА лигата. То ни е најголем приоритет за оваа сезона, оти секоја недела ке имаме добри и интернационални утакмици ке се крени имиџо на клубот после и играчи разни ке сакат да играт за БРЕНДОТ ПЕЛИСТЕР како шо беше порано![]()