Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
среќна нова и од мене а освен то да не има некоја новост со клубојте ? небитно дали рк фк кк ок вк пк :D
 
Денешен Дневник донесе новости....:)
Конечно ги ШУТНАА Печенко и Љупче Игнов....(време беше)..
Наредната недела(15ти)почнуваат припремите,треба да има појќе играчи на проба од Србија,Молдавија и Романија па да видиме шо ќе се испазари....
Засега единствено засилување е Јанев...
 
Фала богу, му текна да ги избркаат сељаците од тимот :cool:

П.С. Киро Митревски заминал во Зомимак
 
Митревски замина во Зомимак, но ме изненади во Екипа (мобилна верзија) пишеше дека и Лазе Спировски од Австралија ке се вракал па отишол таму!? Сега дали е шпекулација не знам, ете и Дневник пиша за Кире али за Лазе ништо. Кога би се вратил во форма Лазе би бил супер засилување, па и за Пелистер, али мислам бааги е надвор од ракометот.
Ајде белки до крајот на месецот ке земиме некој освен Јанев, оти полека сите почнаја да ги палат моторите.
 
ЗОМИМАК не само што не се појача туку мислам дека и драстично ослабена е. Митревски во никој случај не можи да го замени Раде, при тоа му замина и онај кубанецот и Ходор Нахас му заминаа така да од бековите остана само Мите Караиванов и Ангеловски мислам дека се викаше бекот кој лани играше во Пелистер така да со овие засилувања Струмица се врати два чекори назад.
 
Абе Лазе е рвач во Аустралија шо ќе прат овде со него? :D

А со Кирката многу ќе се усреќат...
 
Сите се засилуват само нашите чекат василица да помини :D .Арно барем претходно шутнаа некој антиталент,а зомимак ептен ќе се усреќи со Митревски :pos:.Гледам и металург се засилија со некој опасен млад хрват.Дали се знај дали клубот е веќе предаден на газдата?Дали има некој нови чекори со клубот оти освен на форумот ретко кај да се најди,или Зоран ако не напиши нешто,иако поќе се пиши кај него за фудбалот,моментално е поактуелен..Треба и други да се избркат иако се млади играчи ама се гледа дека не заслужуваат,и работата не си ја сваќаат сериозно.Неможи бе играчите во 2-3 сатот ги гледам по кафиња и низ корзо се шантат цел ден ,а во 6 сатот играт важна утакмица со зомимак...таквите гитла,зато до ова дереџе е клубот
 
Не драпајте бе, и тие се луѓе нека пијат кафе. Ако си играч на некој клуб не значи дека не смејш да се шеташ и да пиеш кафе на корзо :)
 
Вторник требало да стигнат во Битола двајца романци и црногорец.
На кои позиции играт незнам , ќе дознајме во среда .
Исто така преговарале и со некој Србин ама не се знаело за него дали ќе дојди на проба.
Колку е вистина ќе видиме другата недела , ваљда ќе бидат појасни некои работи.
 
Да не се лажиме,Лазе нема играно ракомет 5,6 години...
5 месеци се многу,камоли 5 години....
И да не го земат во Струмица не можиме да се надеваме на него..
Кире подобро шо си замина,најпредвидлив играч шо играл некогаш во Пелистер....
ЗЕМИ ЈА ТОПКАТА И БАПНИ ЈА,дури и Ќани имаше појќе смисла за игра од него....
Добро е шо полека полека се чисти екипата,ќе треба уште чистење.....ако сакаме да личиме на нешто...
Да видиме сега странците како ќе се покажат....добар странец да погодиш ти е исто како добра жена да земиш...:pos:
 
Дечки, какви ви се информациите за Бутин? Кај вас прочитав дека тренираше со Пелистер, сега читам дека ќе одел на подготовки со Вардар на Крањска Гора. Знаете нешто повеќе?
 
Дечки, какви ви се информациите за Бутин? Кај вас прочитав дека тренираше со Пелистер, сега читам дека ќе одел на подготовки со Вардар на Крањска Гора. Знаете нешто повеќе?
Ќе видиме во среда...тогаш почнуваат припремите....
 
Нема никогаш тренирано со Пелистер, едноставно во деновите во кои имал слободно време присуствувал во Битола на некој тренинг или утакмица. Кај нас си е Бутинот, а ако оди негде тоа ќе биде на позајмица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom