На две работи ќе се сеќавам цел живот. Првата на Лемго а втората со Данците.Малце подолго ке пишам али тие шо бевме мислам истото ке го осетат. (За втората скоро се е кажано, и јас бев на паркетот и ми беше чудно гледајки према горе кај лугето, незаборавно!!!)
Утакмицата со Лемго......То не можи да се опиши со текст, какви вардар, какви металург.
Мала дигресија. Па Борис Трајковски е полна 10 мин. пред натпревар, ке си дојдат луѓето ке си ги паркират колите пред сала, накитени по најнова шема!, кој да биди виден, кој да го видат, пола со гратиси карти, пола не ги знат уште правилата....(секоја чест на исклучоци али не се колку кај нас, зборвам за ракомет!!)
Колку и да ни е мака нема збор - овие клуба имаат успех и то е ФАКТ сакале или некеле

Но атмосферата со Лемго беше нешто незаборавно

. То го нема и ке го нема, ни свети минчо ниту свети бакушка не ке можат да го створат то, а знајте оти ? Оти не се случува то во БИТОЛА!!!
Две недели пред утакмицата немаше карти. Фатија мојте врски едвај за карта. Кошташе 500 ден, како за сега 1000.
На денот на утакмицата 3 саати пред време излегов и тргнав преку Широк Сокак. Не знајте некоја чудна тишина, затишје пред бура, морници да ти лазат од возбуда.Цел град се спремаше за ова!! - Си велам кај се лугето? Зарем се дома?.Некои од другарите не можеја да дојдат немаја карти, бев сам. Слегвам надолу. Веке од кај аероклубот она шо го почуствував онаа глетка и дури пишам се ежам - маса од 3000 души 3 саати!!! пред салата, нешто слично како опсадата на Орките пред Минас Тирит од Лорд оф тхе рингс

Зачадена атмосфера од цигарите,запалена по некоја зелена бакља. Полициски комбиња околу оваа маса мислиш во Шутка бунт има, народот колокотеше, преку 1000 души со црни спитвари одвнатре со портокалово, се секавате навивачки, секој втор со шал од Пелистер, некои и со Ливерпул,МАнчестер, Рома, Англиски знамиња, секој по некој декор на него, колку можи. Капчиња и знаменца од Еврокар.......Корео за тоа време ЛУДИЛО!!! Пред салата барикади од џандари ги опколија лугето мислиш се токмат да ги тепат.МАжи, жени, возрасни - имаше се!!
Се пееја песни, се урлаше. НА скалите како барони, Милојцата

нагрнат со знаме мислиш генерал и до него Катангата

, луге со тапани клокотат, навиваат се дува атмосферата - пола зарипнаа уште тогаш, Чекавме пред скалите во густи редој со рацете горе дека имаме карти.Немаше шанси да се влези без карта. Ко ги отворија вратите такво стампедо немало и ајфони кога продаваа Кина беше мислам. Да имаше 5 влеза салата исто ке беше.Цревата прв пат ми се смачкаја, Луге мажишта се туркат да влезат мислиш пожар има да избегат побрзо надвор......А внатре, внатре е веке историја!!!!

Forever!!! И никој пат нема да се повотори.
Го има то на ДВД да не тупам толку. Ке треба уште 5 сати да пишам.
Само ке ми остани во секавање, до мене - бев на другата трибина во близина на камерите, имаше 68 годишен дедо, чоеко од радост и жештина се слече горе до пола да мавта со веш мајцата, да урла реков ке скини конци како дете се вратил во маладоста. Си реков ке падни салата (Тешки да се рушеше ке имавме нова сега!!!

)
Е то во скопје никојпат ке го нема. То е љубов кон овој спорт во Битола шо трај 50 години а не 10 години.Старите одеа и одат на тренинзи да не зборам за младите а скопје си тренират во мир - на рајат или со музика - legere.

То е традиција шо за жал многу ја заборавија и потценија. Ако ако се врати Пелистер, како пример МЗТ кошарка, мислам ке биди лудило. НЕ знам некако 12 години се многу.
Се надевам нема да бидам пензионер и пак ке си пишиме вака и ке евоцираме спомени ако има некој да ги сфати.