Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се сеќавам на ова утакмица неможев воздух да земам ... Многу јако и мислам дека ептен малку фали за да се разгори жарчето ... То жарче никогаш нема да изгасни, си тлеј, си тлеј, само треба некој да фрли некое посуво дрво да се напрај пламено и то е то, ако му требаја на Минчо 10 милиони евра да го донеси Металург тука , на Циле ќе му требат само 3 милиони за да го чепни врвот на Европа , а за наша среќа Циле то го знај
 
Надвор пред салата останаја 100-200 луѓе кои неможеа да влезат , преполна беше салата 1 сат пред натпреварот.
Убај времиња , се живееше буквално за ракометот тогаш.
И не само на европските утакмици и во домашното првенство имаше дерби утакмици со Тутунски , со Вардар...
Имаше полна сала и во домашното првенство.
Па финалиња на домашниот куп , имаше доста интересни натпревари...
Дајбоже Циле да го одврзи ќесето и да напрај екипа како шо му доликува на Пелистер.
Публиката ќе се врати в сала и то во голем број.
Ко можи на фудбал да има секоја утакмица по 2-3000 илјади публика , со Пелистер во Сеха лига сигурно ќе ја има та бројка и во салата.
 
Море Дивиот неможеше да земи воздух, ќе го огушевме кога го одбрани пеналот му напрајвме бомба едно 100-200 луѓе незнаеше кај тера , :D.Јас на тие утакмици едно 3 сати минимум пред почеток влегвав.Знам првпат со другарите кога се убедивме толу рано да влезиме за место во прва борбена линија , реков ќе не прат ненормални некој да не види...ама влегвање внатре гледаш 200 -300 луѓе има :)...И тогаш се тешиш,добро е имало и помрднати :pos: ...
 
И ние бевме меѓу тие мрднатите,први влегвавме в сала да фатиме место на прв ред(за плукање и карање по крилата на душманите)....:pos:
Ми текнува со Килкис германските судии браќата Мете-Мете(покојни денес)сакаа да ја прекинат утакмицата од шо се плукаше по ѓупците....:нинџ:
Времиња беа ова,на тренинг имаше по 100,200 луѓе..
Таа сезона ко беше тренер Богдан Маковеј на првиот тренинг на екипата имаше 1500 луѓе,се чудеше Маковеј...
 
На две работи ќе се сеќавам цел живот. Првата на Лемго а втората со Данците.Малце подолго ке пишам али тие шо бевме мислам истото ке го осетат. (За втората скоро се е кажано, и јас бев на паркетот и ми беше чудно гледајки према горе кај лугето, незаборавно!!!)
Утакмицата со Лемго......То не можи да се опиши со текст, какви вардар, какви металург.
Мала дигресија. Па Борис Трајковски е полна 10 мин. пред натпревар, ке си дојдат луѓето ке си ги паркират колите пред сала, накитени по најнова шема!, кој да биди виден, кој да го видат, пола со гратиси карти, пола не ги знат уште правилата....(секоја чест на исклучоци али не се колку кај нас, зборвам за ракомет!!)
Колку и да ни е мака нема збор - овие клуба имаат успех и то е ФАКТ сакале или некеле(y)
Но атмосферата со Лемго беше нешто незаборавно:cuc: . То го нема и ке го нема, ни свети минчо ниту свети бакушка не ке можат да го створат то, а знајте оти ? Оти не се случува то во БИТОЛА!!!
Две недели пред утакмицата немаше карти. Фатија мојте врски едвај за карта. Кошташе 500 ден, како за сега 1000.
На денот на утакмицата 3 саати пред време излегов и тргнав преку Широк Сокак. Не знајте некоја чудна тишина, затишје пред бура, морници да ти лазат од возбуда.Цел град се спремаше за ова!! - Си велам кај се лугето? Зарем се дома?.Некои од другарите не можеја да дојдат немаја карти, бев сам. Слегвам надолу. Веке од кај аероклубот она шо го почуствував онаа глетка и дури пишам се ежам - маса од 3000 души 3 саати!!! пред салата, нешто слично како опсадата на Орките пред Минас Тирит од Лорд оф тхе рингс:pos:
Зачадена атмосфера од цигарите,запалена по некоја зелена бакља. Полициски комбиња околу оваа маса мислиш во Шутка бунт има, народот колокотеше, преку 1000 души со црни спитвари одвнатре со портокалово, се секавате навивачки, секој втор со шал од Пелистер, некои и со Ливерпул,МАнчестер, Рома, Англиски знамиња, секој по некој декор на него, колку можи. Капчиња и знаменца од Еврокар.......Корео за тоа време ЛУДИЛО!!! Пред салата барикади од џандари ги опколија лугето мислиш се токмат да ги тепат.МАжи, жени, возрасни - имаше се!!
Се пееја песни, се урлаше. НА скалите како барони, Милојцата:cuc: нагрнат со знаме мислиш генерал и до него Катангата:cuc:, луге со тапани клокотат, навиваат се дува атмосферата - пола зарипнаа уште тогаш, Чекавме пред скалите во густи редој со рацете горе дека имаме карти.Немаше шанси да се влези без карта. Ко ги отворија вратите такво стампедо немало и ајфони кога продаваа Кина беше мислам. Да имаше 5 влеза салата исто ке беше.Цревата прв пат ми се смачкаја, Луге мажишта се туркат да влезат мислиш пожар има да избегат побрзо надвор......А внатре, внатре е веке историја!!!!:cuc: Forever!!! И никој пат нема да се повотори.
Го има то на ДВД да не тупам толку. Ке треба уште 5 сати да пишам.
Само ке ми остани во секавање, до мене - бев на другата трибина во близина на камерите, имаше 68 годишен дедо, чоеко од радост и жештина се слече горе до пола да мавта со веш мајцата, да урла реков ке скини конци како дете се вратил во маладоста. Си реков ке падни салата (Тешки да се рушеше ке имавме нова сега!!!:facepalm: )
Е то во скопје никојпат ке го нема. То е љубов кон овој спорт во Битола шо трај 50 години а не 10 години.Старите одеа и одат на тренинзи да не зборам за младите а скопје си тренират во мир - на рајат или со музика - legere. :D
То е традиција шо за жал многу ја заборавија и потценија. Ако ако се врати Пелистер, како пример МЗТ кошарка, мислам ке биди лудило. НЕ знам некако 12 години се многу.
Се надевам нема да бидам пензионер и пак ке си пишиме вака и ке евоцираме спомени ако има некој да ги сфати.:(
 
Se ova sto go kazuvas e TOP i sekoja cest. No nemozes da kazuvas kakvi Vardar kakvi Metalurg.

Vasata sala e bez stolcinja bez numerirani karti taka da ako normalno sobiar 4000 u sala na takva utakmica takva euforija ke ima 6-7000. Vo BT se e numerirano i pak bese prepuno na skalite da ne zboram kaj nas na tribina mesto za 1500 imase 2000 moze i vise. Ama toa najmalce e bitno sto kako bitna e euforijata i se ostalo. Steta sto Pelister ne e na nivo da bide na vrvrot da se bori za titula posto so ovie skapanicive ne e toa sto treba da bide
 
Аферим за то. Само ми пишиш во Битола е се нумерирано??? КЕ го сфатам како лапсус. Друже кај нас бројчиња нема!! И на стадион "предвидено" e да има 5000 места на трибината ако е "нумерирана" а со Вардар имаше можда само 6500 на таа трибина.
Не е битна бројката, али пази Скопје има 1.000.000 луге., Мислиш дека 7000 е голема бројка?? далеку од то - versus Битола со едвај 120.000 (колку Аеродром?)
Поентата е дека не сакам да си го мерам на кој му е подолг:icon_lol: мислам тешко е да не сфатите оти не сте го почуствувале то вистински - и тоа со толкава пара, инфраструктура, медиуми.
Ние без никаков денар и помош 50 години - од ништо нешто се ствара, и за ракометари и за потенцијал, и за навивање и за шмех! То со ниедна пара не се купува или се има или се нема.
Поентата ми беше, да го имавме(имаме) сето то, ние не знам шо ке беше досега!!
Иначе се друго си е за респект и вашите успеси во овој момент, секоја чест и то си е факт. Поздрав!(y)
 
Пелистер убедлив, Дрогришки и Манасков блескаа

ВО НАТПРЕВАР НА СЕРИЈА НА МЛАДИ АСОВИ, ПЕЛИСТЕР ЛЕСНО СТИГНА ДО НОВА ПОБЕДА ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Металург Јуниор 30:20 (14:9)
Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 700
Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски (Струга)
Делегат: Ристо Начевски (Скопје)
Пелистер:
Нкуингуа, Х. Талевски 1, Игнов 1, Дрогришки 9, Блажевски 5, Димитровски 3, Чурлевски 6, Илиевски, Босеовски 1, Димитриески 1, Рајатовски 1, Георгиевски, Нечков, Н. Ивановски, Печенковски 2, Божиновски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минута
Металург Јуниор:
Кимевски, Бешлиевски, Пешевски 2, Маџовски 1, Н. Крстевски 1, И.Крстевски, Манасков 10, Б. Блажевски, Маркудов, Ставридис, Ф. Ивановски, Ф. Талевски 3, Давитковски, Матијашиќ 1, Г. Крстевски, Палевски, Павловиќ 2
Седмерци: 9/7
Исклучувања: 4 минута
Како добра подготовка за мечот со Зомимак М, ракометарите на Пелистер лесно излегоа на крај со младата екипа на Металург Јуниор, која не успеа во ниту еден момент од мечот да биде рамноправен ривал. Дуелот беше натпреварување на два големи македонски таленти: Стефан Дрогришки и Мартин Манасков. Двајцата ги понесоа своите екипи, но Дрогришки имаше одлична подршка во инвентивниот Чурлевски и францускиот чувар на мрежата Крис Нкуингуа. Пелистер отвори со 4:0 и брзо им стана јасно да сите присутни во спортската сала Младост, дека момците на Поповски и Николовски мечот го почнаа со вистински пристап. Блажевски и пивотменот Васко Димитровски со два гола во серија, во 19 минута ја носат највисоката предност за битолчани (9:4). Мартин Манасков со неколку голови преку зоната на пелистерци, до одморот ги одржуваше стандардните +5 за домашната екипа (14:9). Кога на почетокот на вториот дел по две интервенции на Нкуингуа, Дрогришки постигна два гола, Пелистер поведе до 16:9. Цврстата одбрана носеше серија на лесни голови и по само два примени гола во првите 10 минути од вториот дел, зелените направија нова серија и дојдоа до 20:11. Од тој момент натпреварот ја загуби натпреварувачката важност и во 43 минута Дрогришки ја донесе првата двоцифрена предност (22:12). До крајот на натпреварот и Блажевски и Чурлевски го комплетираа нивниот позитивен меч, а и младиот Печеновски постигна два гола. Мартин Манасков со половина од головите на Металург Јуниор уште еднаш потврди дека располага со извонреден талент и дека како и во случајот со Стефан Дрогришки, во нив лежи иднината на македонскиот ракомет. Пелистер останува со максимален учинок на домашен терен и спремен го чека мечот во среда во Струмица.
 
Аферим за то. Само ми пишиш во Битола е се нумерирано??? КЕ го сфатам како лапсус. Друже кај нас бројчиња нема!! И на стадион "предвидено" e да има 5000 места на трибината ако е "нумерирана" а со Вардар имаше можда само 6500 на таа трибина.
Не е битна бројката, али пази Скопје има 1.000.000 луге., Мислиш дека 7000 е голема бројка?? далеку од то - versus Битола со едвај 120.000 (колку Аеродром?)
Поентата е дека не сакам да си го мерам на кој му е подолг:icon_lol: мислам тешко е да не сфатите оти не сте го почуствувале то вистински - и тоа со толкава пара, инфраструктура, медиуми.
Ние без никаков денар и помош 50 години - од ништо нешто се ствара, и за ракометари и за потенцијал, и за навивање и за шмех! То со ниедна пара не се купува или се има или се нема.
Поентата ми беше, да го имавме(имаме) сето то, ние не знам шо ке беше досега!!
Иначе се друго си е за респект и вашите успеси во овој момент, секоја чест и то си е факт. Поздрав!(y)

Mislev na BT-Boris Trajkovski , posto pisav na pocetok Vasata sala..
 
И на вакво дереџе 700 луѓе на обична утакмица ;)

Грешка има Зоки во седмерците, промашивме ние еден
 
Мојот пост за мечот со Данците започнал дискусија :D

Мене тој меч ќе ми остане во сеќавање како прв меч на кој што видов финта пенал и буквално помислив дека пеналот беше одбранет пошто голманот беше седнат после финтата.
Штета што го нема пеналот на Јутјуб.
 
Не беше финта на Мојсо...;)
Секогаш кога ќе шутира пенал прво прави финта со еден замав на раката после шутира,овај пат имаше два замави со рацете,му се лизна топката,едвај успеа да ја задржи,затоа се збуни кога го виде паднат голманот на Фредериксберг и мораше веќе на третиот замав да шутира,и среќа шо низ нозе му ја мотна топката...иначе ќе испадневме на многу неубав начин..
Тој ден(30 март 2002)се исправија многу спортски неправди кои ни се случија од 96 година со Лемго,баш на истата дата,30 март 1996 се играше реваншот со Лемго,тогаш Пелистер испадна на неверојатен начин,иако речиси со двете нозе беше во финале,со Фредериксберг речиси беше прежалено големо финале,но ете кога сака сака...:cuc:
 
Мојот пост за мечот со Данците започнал дискусија :D

Мене тој меч ќе ми остане во сеќавање како прв меч на кој што видов финта пенал и буквално помислив дека пеналот беше одбранет пошто голманот беше седнат после финтата.
Штета што го нема пеналот на Јутјуб.
Од 2:30 до крај, на тој пенал ли мислиш?

http://www.youtube.com/watch?v=n-2Hm5yU6uk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom