Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Еворпски РК и ФК Пелистер...се шо двојче вети се остварува..сега уште да брцни ви стадионот и во салата и само небото ќе ни биди граница. :facepalm:

На страна мајтапот од Циле на долги патеки сигурно поарно нема. :)
 
Абе додека не видиме црно на бело џабе е....:)
Дај боже да бидни нешто,во моментов само Циле има моќ да го врати Пелистер кај шо треба...

Штом ги задржаја грото млади играчи,носат Французи,контактират од скопските клубој играчи значи ќе ја биди мислам :) барем колку шо е Монголо газда на ФК,толку е и Циле на РК,ни еднио ни другио нема црно на бело :icon_lol:
 
Штом ги задржаја грото млади играчи,носат Французи,контактират од скопските клубој играчи значи ќе ја биди мислам :) барем колку шо е Монголо газда на ФК,толку е и Циле на РК,ни еднио ни другио нема црно на бело :icon_lol:
Дека Двојче праеше некоја шема со Циле разбрав уште пред некој месец,ама не е за вервање...досега од сите муабети шо излегоа ништо не се оствари....
Ќе видиме,и мене ми оди натаму дека овој пат треба да е нешто подобра работата од пред две години,барем околу односите со Циле и организациониот дел...
Да почекаме да видиме шо ќе кажат,треба да бидат појасни работите понеделник..
Додека не се огласи Циле јавно со соопштение и да кажи детали шо планира со екипата ништо не е за вервање.....
 
Чекајте луѓе , дури не се официјализира џабе да не се силиме како во минатото.
Ако го земи Циле сигурно ќе има големи амбиции , ќе се бори да се врати титулата во Битола.
Неможам да замислам шо ќе се дешава со силен ФК и РК .:vozbud:
Ќе се разбуди спортската публика во Битола.
 
Чекајте луѓе , дури не се официјализира џабе да не се силиме како во минатото.
Ако го земи Циле сигурно ќе има големи амбиции , ќе се бори да се врати титулата во Битола.
Неможам да замислам шо ќе се дешава со силен ФК и РК .:vozbud:
Ќе се разбуди спортската публика во Битола.

Ако се врати Циле сигурно нема да си го мери со Самсоненко и Минчо.Претпоставувам ќе дава некоја симболична сума 200 000 да речиме,демек да се гради состав,па по неколку сезони веќе да се вмешаме за некое трофејче.Не е ништо договорено ама сеа мислам ке биди,барем 200 000 не е некоја пара за нео.
 
Сега и ние со кампања како балситетие речи ДА Циле :D..ајде сите сликајте се и да го кадисаме Циле да не прај само згради и занимава со тендери туку да го земи и клубот :P
--- надополнето: 1 август 2013 во 15:09 ---
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/08/blog-post.html

Пелистер се враќа во рацете на Мицевски


Со задолжителната трансформација во АД, најава за подобри денови во славниот битолски суперлигаш


Најтрофејниот претседател на битолчани е заинтересиран да биде дел од новиот проект на машкиот ракометен клуб. Откако машките ракометни клубовите добија рок до 16 август да ја отпочнат процедурата за трансформација во акционерски друштва, за битолски Пелистер се отвора нова можност во тимот да го имаат својот најтрофеен претседател Силјан Мицевски. Управата на битолчани се надева дека познатиот битолски бизнисмен, кој во 90-тите години од минатиот век беше на чело на тимот од Битола кога беше неприкосновен на теренот, сега повторно ќе го имаат во своите редови. Тој и пред две сезони беше во тимот како спонзор, беа донесени интернационални и домашни засилувања, тренер, но набрзо се повлече, по што екипата пак падна. Kлубот никако да излезе од сивилото, а за тоа треба спонзор што ќе го поддржи. Веќе имало разговори со Мицевски за влегување во Пелистер како акционер. Деновиве се очекува одговор од Мицевски, а во игра за можни партнери е и општината, која исто така покажала заинтересираност. Партнерството на Мицевски и градоначалникот на Битола би била комбинација што на клубот би му овозможила подобри денови и можност да ги почне трката и симнувањето на скопските Вардар и Металург. Од 2006 година кога последен пат Пелистер ја освои двојната круна, и тоа благодарение на Трифун Kостовски, кој беше спонзор на тимот, потоа нема забележителни резултати. Сезонава третпат клубот нема да игра во европските купови откако тоа веќе еднаш се случи во сезоната 2008/2009 и лани. Во својата историја Пелистер има играно и во финалето на Челинџ-купот во 2002 година кога загуби од дански Скјерн.
 
:pos::pos::pos: Сликата како во Кабул на аеродром да го пречекваме Номче.Ех какви времиња беа овие .
Naumce-Mojsovski,-rakometar.jpg

Многу ми е жал шо неам ваков дрес , овај ми е убедливо најјакиот дрес од сите шо ги имал Пелистер досега .
--- надополнето: 1 август 2013 во 15:45 ---
Ако се врати Циле сигурно нема да си го мери со Самсоненко и Минчо.Претпоставувам ќе дава некоја симболична сума 200 000 да речиме,демек да се гради состав,па по неколку сезони веќе да се вмешаме за некое трофејче.Не е ништо договорено ама сеа мислам ке биди,барем 200 000 не е некоја пара за нео.

Ако стварно го земи клубот , не вервам дека со толку мал буџет ќе ги остај .
Сигурно ќе имат 300-400 К .
Али битно е да го земи , па и толку нека дава порано ќе биди од досегашната милостина од ЕЛЕМ.
 
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=24AC8555CC111240A135F8E2FFE198EC
Ајде Циле не се думај , земајго клубот и да влезиме СЕХА .:D
Ова е шанса невидена , само шо во предност се струмичани поради подобрата финансиска состојба на клубот , но доколку Циле застани зад клубот традицијата и реномето се на страната на Пелистер и тука ја гледам шансата.
 
Сега ако не се среди клубот и слободно нека го клат катанецо..зошто?
Прво ете со трансформацијата,барем да се клај малку ред на кој е клубот...
Второ,ете излегва шанса за СЕХА,сега ако не ја искористат ако веќе навистина ни даваат шанса за трета екипа....
Точно е дека Струмица беше трета и во моментот е далеку подобра екипа од Пелистер...
Ама со малку појќе лобирање,со еден чоек како Циле,плус глумецо малце да застани(пред се за салата) и се бива,ако не одат стриктно од СЕХА да се водат по пласман на екипа,ако излобираме како треба мислам нема да ни прат проблеми...
Ако не,нека си одат сите топтан и нека клат еднаш крај на приказната за некогаш големиот Пелистер.....
Срамота е сите ни се смеат....:tapp:
 
Ете сега Глумецот го пиши писмото со гаранција до СЕХА, ако не примат ке направи екипа. Како прво нема шанси за СЕХА бидејки убаво стој ке им се даде шанса на третопласираната екипа, ако во случај таа откаже се оди понатаму, што значи и да се одкаже Борец, учесникот ке се бара помеѓу трето пласираната во Хрватска и Македонија. Со обзир дека струмица има спонзор и пари а ние само обеќаваме и ништо а и нема шанса да се откаже Струмица и затоа не си играјте бајрам со умот нема шанси за СЕХА. На СЕХА не му треба писмо со гаранција за тим и публика му треба на дело да види екипа и пласман за да те вклучат. Второ претседател за СЕХА не заборавајте дека е Михајло Михајловски кој секогаш предност ке му даде на Хрватски екипи и на Струмица отколку на Пелистер. И на крај Пелистер ако држи до своето реноме кое одамна го има изгубено не треба да чека милостина туку да се избори за учество, нека се направи екипа и нека атакува на трето место до година за реални шански за влез не вака секоја година е сега готово ке не прима и на крај пак со таквото во раце ке извисиме.
 
Се сложвам со Tomasino , ова е моментот или ќе се напрај нешто сега или нека се клај катанецот појќе нека не се резилат да не си играт мајтап со нас сите .
Ако неможат да излобираат нашите сега срамота е ...
Ама пак ќе речам зависи се од Циле ... Дали вистина има намера да застани зад клубот или се само новинарски глупости како досега .
Ако чекаме Двојче да излобира , рачунајте битката е загубена уште во старт .
Ќе се избламира само со некое ветување .
Денес е прозивката па ќе видиме шо ќе се деси овие дена ...
 
Иначе Циле ви се враќа во Пелистер. Прееска трчав со Дарко Георѓиевски- Оса и ми рече дека утре ќе иде за Битола издравје боже деновиве за Пелистер ќе потпише. Му викам те пазари Ефто бе? Он ми одговори: Не бе Сиљан Мицевски се враќа
Желба му беше на Tomasino а и мене ми беше да заигра кај вас чим во Вардар веќе нема шанси, а и вие како што кажувате дека ќе се прави долгорочен проект па сигурно планирате со појак стручен штаб да извадите деца кои ќе ви бидат носители на играта епа тука ја гледам шансата и он да го фати последниот воз да ја премине границата од играч што може да успее само во лигава во играч што можеби ќе биде опција и за репрезентација...
 
Иначе Циле ви се враќа во Пелистер. Прееска трчав со Дарко Георѓиевски- Оса и ми рече дека утре ќе иде за Битола издравје боже деновиве за Пелистер ќе потпише. Му викам те пазари Ефто бе? Он ми одговори: Не бе Сиљан Мицевски се враќа
Желба му беше на Tomasino а и мене ми беше да заигра кај вас чим во Вардар веќе нема шанси, а и вие како што кажувате дека ќе се прави долгорочен проект па сигурно планирате со појак стручен штаб да извадите деца кои ќе ви бидат носители на играта епа тука ја гледам шансата и он да го фати последниот воз да ја премине границата од играч што може да успее само во лигава во играч што можеби ќе биде опција и за репрезентација...
Ако стварно го земат нашите Оса ќе свршат голема работа,ама со договор ако е,ако е позајмица ништо....
Мислам дека дечкото е голем потенцијал,робусен,силен,пред се,не се плаши од влез ако треба и ќе изеди ќотек(за разлика од многумина наши сегашни репрезентативци)силен шут,добар репертоар на удари,само му фалеше минутажа во клуб кој барем личи на нешто,реално во Куманово немаше шанса да оди напред...
Вардар требаше да го искористи,кога можеа секакви странци да играат низ годините требаше да добијат шанса некои од тие деца кои изникнаа од МРК...ама ова е грешка на Михајло кој дозволи странските тренери да му го составуваат целосно тимот кој се базираше пред се на странски играчи...
Мислам дека Оса ќе се покажи како треба..
Штета шо Ангеловски замина во Струмица,можеше да има добра иднина овде,наместо да дреми во Струмица и да е 4 опција на лев бек во напад,негов избор..
Како и да е,ако се среди Пелистер ќе молат да дојдат ваквите играчи овде....
Со добра основа на домашни играчи,плус неколку добри странци се прај добра екипа...
Сепак во моментот за Пелистер е приоритет да добие нова управа,ако не се средат овие кадровски проблеми ништо не бива...
 
МИЦЕВСКИ МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ВО ПЕЛИСТЕР
CB5EB84BD1E75248939AF4DA7F2469DC.jpg

Силјан Мицевски ќе биде мнозински акционер во ракометниот клуб Пелистер. Со негова помош клубот се надева дека конечно ќе излезе од неколкугодишната анонимност и ќе се врати на старите патеки кога беше ривал, што секогаш атакувал на трофеи. До 16 август треба да почне процесот на трансформација за да може клубот да учествува во Супер ВИП-машката лига.

Заедно со Мицевски во партнерски односи треба да влезе и Општината Битола, која ќе има 49 отсто од акциите, што значи дека Мицевски ќе го кажува последниот збор. Тој и пред две сезони беше во тимот како спонзор, беа донесени интернационални и домашни засилувања, тренер, но набргу се повлече, по што екипата пак падна. Досегашните обиди на управата да најдат стабилен и сериозен спонзор од Битола завршуваа безуспешно.
Kлубот предводен од тренерскиот двоец Kире Поповски и Игор Николовски ги почна подготовките за новата сезона. Иако најавуваа и интернационалец, Французинот Филип Риве, тој дојде во Битола, но не се договори со управата, па сега ќе се бараат нови играчи.
Нови играчи во Пелистер годинава треба да биде Љупчо Игнов, кој настапуваше во Романија, а претходно во МРK Вардар. Десниот бек Дарко Георгиевски е блиску до потпишување со „пелистерци“, кои треба да го договорат неговиот откуп од Вардар. Десното крило Бобан Блажевски од Kуманово доаѓа заедно со средниот бек на Тинекс пролет, Горан Печеновски. Од младинскиот тим се прекомандувани Стефан Дрогришки и Филип Kузмановски, а ќе се бараат и нови играчи. Од ланскиот тим ќе ги нема капитенот Игор Тоскоски и крилото Васил Митевски, кои потпишаа за германскиот третолигаш Аполдер, Александар Ангеловски, кој замина во Струмица, и Фарук Мемиќ, кој е казнет со двегодишна забрана од РФМ. (Г.А.)--- надополнето: 7 август 2013 во 02:46 ---
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=78C6AF820A8AAD41B587974BA81F1295
Конечно убај вести ...
Се надевам дека ќе престани срамот кој се влечи неколку години и го валка името на клубот .
Нека е за арно!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom