Заслужена победа, како тргнавме мирисаше на реприза од 24.04.2025. ама после се си дојде на свое место, тие перфектни минути од 20 та до 30 та минута ја прекршиј утакмицата.
Кога се има ваква одбрана и на голманот му е полесно,а

е измислен за вакви утакмици, кај шо има висок набој и тензија на трибини, ја спушти ролетната ко се кршеше резултатот.
Збиена игра во одбрана на средина, со удвојвања на бекојте, па и тие шутој шо ги имаа беа од тешки позиции.
Многу важна победа за враќање на енергијата и самодовербата, не дека немавме самодоверба пред кафетинките, баш таа самадоверба дека лесно ќе го приведиме мечот кон крај не чинеше бод, уште не можам да се начудам како можеше Марко НБА Стојковиќ

да ни клај 8 гола ( а ла Лудовик Фабрегас стил), покрај тие горостаси шо ги имаме во централен блок, ама то е, помина, се дешават и слаби деној, не треба кукање.
Звонко добро ја спремил екипата и за то треба да му се дај признание.
20 и кусур години бил во појќе наврати тренер на Пелистер, и то шо ме бендисва кај него е шо знај да анализира противник и да постави одбрана.
Одбраната го добива мечот.
По мое, подобро да не се брза со носење по секоја цена на тренер, сега на полусезона се знај шо има на лагер на пазарот.
Некои ( неофицијално ) пензионирани тренери, шо долги години се надвор од играта, шо се шлепат по Арапските земји.
По мое, во оваа ситуација најрационално е да се остај Звонко, секако ги знај како дишат играчите.
Ако се најди некој салам и искусен тренер, пеки, ама ако се оди само колку да се земи нешто, подобро да не се ризикува, оти влогот е огромен, во ваква фаза од сезоната.
Подобро е, ако се има можност да се освежи тимот со неколку играчи, пред се среден бек кој очајно фали во екипата, некој шутер од надвор, то е то шо фали, ако не се смета на Валид ( а, ко шо гледам, веќе неколку утакмици дечкото не е ни на список) можи најпаметно е да се ослободи дечкото ( и тука ќе се плаќат пенали за спогодбен раскин), па евентуално да се бара некое ново решение, ако нема таков на лагер, најубо е да остани дечкото, барем за одбрана да смени некој е солиден, иако требаше да дај некој придонес и за напад.
П.С.
Околу дешавката со чупето.
Ете се случи то од шо се стравуваше, ама не во Јане, туку во Битола, не од Чкембари, туку од другата страна
И сега шо прајме?
Шо е чупе од 10 години криво шо дошло на утакмица да гледа ракомет?
Треба некој инвалид да остани оти некој изиграва хулиган?
Ова е пропуст на полицијата, не можи бе ти да дозволиш, при толкава бројка на полиција, ЕБР, редари, редовно да ти се провлекват тврди предмети и ладни оружја ( бакли, ножој ( имаше и ваква ситуација пред некоја утакмица во Битола), ситни предмети и слично)..
Секоја утакмица исто, дали е во Скопје или во Битола.
Ниту се претресва ко шо треба, ниту ништо.
Ако не се способни да напрат услови за одигрување на меч, со две групи во сала, нека стегнат БАН и то е то.
Само во Македонија можи ова да се случи, ти како навивач да се закрениш 180 км во еден правец, да те носат по 300 обиколници, чикмаци, на крај да те внесат во второ полувреме и да не видиш ништо од утакмицата, или да те внесат во прво па да те избркат во второ, или пак ич да не влезиш во сала/стадион, а си го најавил уредно своето присуство ( сум бил личен сведок на многу вакви ситуации низ годините )
Ако си ја брка во целост својата работата полицијата, гарантирам дека нема да има ниту бакли, ниту ножој, боксирачи, прачки и слично. шо значи дека се сведуваат на минимум тие инциденти шо можи да се случат во сала/стадион.