Зато потенцирав со УМ, за паметно да се оди на ПРОВЕРЕНИ играчи, еве ајде да речиме чекавме за вајлд карта зато немаше играчи, тука не ги земам голманите кои беа потпишани претходно.
Ама со играчи како хрватот и Хосни, не добиваме ништо, ако веќе се одлучиле за лш, тогаш екипата се гради со звучни имиња, 3 до 4 играчи ни требаат и тоа како играчи од лш калибар, за нив ќе треба да се одврзи ќесето, плати па клати стара народна, иначе не ни бега пак 0 - 14 скор.
А сигурен сум дека има еден тон лш играчи баш кои сакаат да го играат ова натпреварување, кој со добар договор не гледам зошто да не би дошле, еве чист пример ќе го земам Итуриза пикер од Порто, екипата не избори лш, ако му се дај приближно него колку во Порто шо зема, сигурен сум дека со две раце ќе потпиши тука, бекчиња такви печени за лш има и Порто, Бенфика, Целје, Монтпелје, ГОГ и ред други на кои мислите му се за лш, а не за ле, само треба да ги искешираш....
Останва да видиме, дали ќе сме играчи сезонава во лш....