Дај да бидеме реални, сезонава ја кикснавте до зла бога, поточно вашата Управа. Не е ова мое мислење, туку став на сите вас тука, ЕДНОГЛАСНО донесен.
Вардар кога играше ЛШ, со Пелистер можеше да игра во 5:00ч сабајле после дерби со Барса и пак ќе беше тренинг победа од 15 гола разлика. Не го пишувам ова за да се курчам, ниту играм јас ниту па нешто влијаам на резултатот. Поентата ми е дека кога игравме ЛШ ние, разликата беше толку очигледна што непотребно беше да се дискутира за вакви работи како одложувања...
Сега, од авион се гледа дека, не Управата туку мислам дека пред се тренерите сакаат да се игра во недела и да се искористи натпреваров со цел да се амнестираат колку-толку од целата одговорност, пред се нивна, а потоа и на нивните соработници. Вие се налепивте на енергијава, иако и сами сте свесни дека од огромните очекувања летово, од муабетите "Лесно ги шамараме Вардар сезонава" се сведовте на тоа да размислувате дали еден Алкалоид ќе го тепате, дур од нас изгубивте и повеќе од поштено. Надиграни бевте во секој поглед на теренот. Али тоа е, се надевам само дека Вардаровите ракометари ќе бидат дополнително мотивирани поради ова, а вас пак ќе ве потсетам - Замислете се зошто сега оправдувате со сила една ваква одлука...
И победата во недела ако ја извојувате, за жал ќе ги задржи вампирите кај вас на клупа, кои од првиот натпревар се гледа дека се изгубени. Они ќе добијат уште некој месец во кој ќе се копрцаат, ама на крајот кога на клоци ќе ги исфрлате, нека ви текне на одлукава и на чива енергија сте се лепеле..