Највероватно Бабиќ ги има првите симптоми на новиот вирус Ковид 19, температура има чоекот или шо ? 55 минута, губиме 5 разлика (ејјј ПЕТ разлика), на тајм аут вика - Ајде има време одиме на победа ?


Бабиќу ракомет се игра до 60та минута мајсторе, не до 75та....
Прво, искрено, разочаран сум од Бабиќ, прво тој дојде во екипата, како најзвучно име, па после тој си ги составуваше играчите...
Не е ниту за мотивација да дај работата ниту ништо, на тајм аут и Мандалиниќ се уфрла дава совети, слаба доверба во Бабиќ, уште еден пораз на стаклени нозе му е тренерското место, нека му ја мислат Цилевци....
Неможиме да победиме со факинг
ТРИМО ТРЕБЊЕ, Требње бе ! 
А после сакаме да играме со појаки противници и победи да чекаме, а губиме од најслабите во групата....
Браво за Урош Зорман, секоја чест, ете и тие немаат утакмици, втора утакмица му беше оваа, па се гледа како изиграја мајсторски, супер акции, дури и со играч помалце успеваа гол да постигнат, за противникот само СЕКОЈА ЧЕСТ

За голманот Томиќ кај нив, голманиште, ниту ние го напрајме голман ниту ништо како шо стално знајме да вадиме изговори, очигледно е дека се работи за солиден голман, паметен, добро затворање од крилните позиции, широко отворање со раце, го искина Кушан, од 6 метри му фати едно добри 4-5 зицери. До 18та минута 10 одбрани, на крај имаше едно 16/17 сигурно, играч на натпреварот дефинитивно.
За ова зборав, дека на балканот барем има голмани со лопата да риниш, 9 години бранел во Србија (ЦЗ, Партизан), сега трета сезона му е во Словенија...
Голмани има еден тон, само треба да имаш сенс да го погодиш вистинскиот, во Европа со оваа двојка тешко....
Мандалиниќ арам да му е на парите шо ги зема, мора да му се намали платата малку, ептен кренат е во облаци, да осети, кафани тераат секој ден, купи ден помини.....
Кога во екипата најдобар ти е Велковски, мочај се.....
Нека се доигра сезоната, тргнат е возо секако....
За следната сезона мора ремонт, бркање: Ојлески, Марковски, Џукиќ никако ефект од овие. Носење 2 нови голмани, лево крило обавезно, бек ап опција Маџовски, десно крило исто за ротација со Радовиќ (за сега е топ црногорецот), ротација кај Мандалиниќ на лев, средните се добри, и на десен бек мора повеќе да се форсира Мараш, Стјепановиќ е во никаква форма, не игра ни 30% од тоа шо беше.