Ако сакаат на пролет да биди компетитивен тимот ( ако не ја откажат сезоната заради чумата со короната ) ќе мора да се донесат нови играчи.
Сега е времето, и така ќе има пауза.
Уште еден бек шутер е неопходен , лев/среден, за помош на Мандалинич зошто вака ако остани маФ ни е планот.
Играчи има на лагер, не држат вода изговорите на сред сезона сме, нема сега понуда.
Во ваква невидена криза во ракометот, кога еден куп екипи ги намалија платите до минимум.
Можи ако се понуди добра цена и да се раскини договор, до февруари е преоден рок.
Да не можиш играч да најдиш е паушален изговор, а не реалност.
За голман веќе да не прајме муабет, не знам само шо мисли или шо мислеше Бабиќ.
Како ќе играме понатаму со оваа двојка?
Ние ќефој сме ако фателе голманите 9,10 топки на цел меч, заедно ( кај нас не е то случај ).
При брз ракомет како шо се игра денес, со такви голмански статистики пак ќе примаме по 27,28 гола по утакмица.
А, со килав напад како со Кадетен и РНЛ нема шо да бараме во ЕХФ, ниту пак во СЕХА.
Голманот треба да е најдобриот играч во тимот, ко се прај екипа за високи дострели прво шо треба да се реши е дали има салам голман.
Имаме 3 десни бека, 3 десни крила. за шо?
Џукиќ не ни игра во последно време,, не знам само зошто го плаќат?
Од десните бекој, имаме минимален ефект, процентуално најмала опасност по голот на противниците иди од тука. ( кажано е за сите детално ).
Треба да се форсира Мараш максимално, да цепи минутажа.
203 см е дечкото, нема шо да го штедат.
Зошто без салам десен бек шо ќе ја нападни зоната на противникот и да земи да шутира ништо не прајме.
И то го научија противниците, ќе го затворат Стипе.
Ќе го удвојат Кушан и толку од нападот.
Периќ ќе се мачи, ќе "дрибла", ќе се тепа, ќе префрла топки по дијагонала, ќе фрла во аут, прочитана е играта, не врви со сите игра само преку пикер.
Еден Шафхаузен свеста ни ја зеде во Битола, за само едно полувреме, шо останва за другите?
Дури можат треба да се корегира тимот.
Добар е костурот, само фалат некој финеси да се дотерат, за да биди комплетна сликата за на пролет.
Таман, ќе има време да се уиграт сега дури е паузата.