Фан клуб - РК Металург

Не играат лошо децата засега, во нападот нема никаква дуел игра освен Бувиниќ , се гледа оваа Хрватска школа, најдобар играч е засега во овој тим.
Одбраната е солидна, тука добро помага и Николче со неговите одбрани, се надевам ќе продолжи и во продолжението така да брани, само многу им го толерираат нападот на Загреб овие судиите, матер им ебам.
Ајде со среќа во второто полувреме.
 
Овој Бувиниќ од 4 пенали промаши 2 и Лино пак го форсира!?Стварно му мисли добро на МК ракометот...
 
Овој Бувиниќ од 4 пенали промаши 2 и Лино пак го форсира!?Стварно му мисли добро на МК ракометот...
Истото сакав да го кажам... Кај има 2ца странци во тимот, и баш еден од нив мора да ги изведува пеналите. Кај и така не се нешто посебно нашиве, али нека шутираат пенали...
 
Задоволен сум од прикажаното, момците покажаа карактер, и малку сум разорачан што не се простивме со победа, имавме шанса но копилињата од Црна Гора не дозволија, како бре гомнари едни гнасни 2 минути им даваш да напаѓаат, дадоа гол и ни исклучија играч, гроб да немате.
Ниту еден пасивен напад не им судија на утакмицата..
Не се нешто посебно овие Загреб , дома се добри но на гостински терен се непрепознатливи, имаат губено од Партизан, Војводина.. голема штета што не ги плеснавме ние денеска.
Бувиниќ е одличен играч, за разлика од нашиве таленти е Ренато Вугринец :D
Некако многу блед настап на Талески, освен асистенцијата за Бојан Маџовски друго ништо не покажа на натпреварот, фалеа неговите погодоци и реализацијата од пенал за победа.
Слабо беше проигруван пикерот, немаме добар креатор на играта да прави добри влезови како што беше Миркуловски, Борјан Маџовски имаше некој влезови но делува многу неискусно , веднаш го запираше одбраната на Загреб.
Раде Стојановиќ не врати во живот, искусен играч, погоди 3 пати во низа, требаше на оваа утакмица да му се даде шанса уште од стартот на натпреварот, но што е тука е.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
 
прво полувреме 5 чист пробивања не им досудија,двете минути над Џукич срамни,а види и во 57 мин кога свиреа пенал на Пешевски не го исклучија играчот на Загреб,и што е најтрагично незнам дали си заприметил Хорват кога правеа комбинација за десниот бек се уфрлуваше како втор пикер и отпозади го влечеше назад за дрес играчот на Металург за да не излегуват на десниот бек(3-4 пати),како и да е Брадестиот Црногорец со таа Распашана банда немат шанси во 1)8финале за нешто повеке.
 
точно пред една година во Борис Трајковски падна Барселона.. една година подоцна само Митревски и Ојлески останаа од тимот шо ја сруши Барселона.. жално...
 
Не беа лоши Металург,но и Загреб е очај на гостувањата,па вчерашниот пораз не е мерило за квалитетот на Металург...
Загреб премногу грешеше во напад и дозволуваше контри и полуконтри....
За играта на Металург,премногу конфузна игра на моменти,без идеја...
Тоа се должи на недостаток на среден бек,без некој шо ќе ја разигра екипата тешко би ја победиле и Струмица,а камоли да размислуваат за настап во ЛШ наредна сезона..
Подобро со Раде да играат на среден....Сепак вчера Лино гледаше да ги пушти да играат сите,требаше и Манасков да го проба малку...
Иако и судиите не беа на ниво,и имаа доста чудни одлуки,претежно на штета на Металург....
Кога влезе Раде живна малку играта,и имаа барем шутеви од надвор,пред тоа ни шутеви ни ништо..
Мора ова да го совладаат Талески и Нелоски,како да шутираат од мал агол,од место,со противник пред себе...
Иначе џабе играат,кој ќе им дозволи така лесно да се залетаат за да шутираат?:icon_mrgr:Мора на ова да си работат,иначе тешко дека ќе останат нешто повеќе од вечни таленти...
Не е тренинг ова...Помина времето на таквите бекови(скок шут пуцачи),сега за бек ти треба арсенал од удари,од сите позиции и агли...а засега ги немаат,посебно Талевски..
Бувиниќ е интересен играч,многу опасен играч,лесен на чекор,брз на нозе,одлична техника и преглед на игра,би можел да се изделка во супер десен бек...
И Велковски не е лош....
Пешевски мора да научи да ја користи таа дива градба шо ја има,:X3:џабе како шифоњер е кога не знае да се загради,да излези пред играч,па потоа да проба да се заврти или да изнуди пенал...
Има висина за пикер,добро ухрането дете е(не штеделе овде):X3:,ама движењата му се...:icon_mrgr:
Има доста работа кај сите...Друга работа,многу поважна...
Не знам шо му е филмот на Левче,пак се глупира со нерезонски изјави..:bravobe::zver:
Кој цар е другарчето....типично Македонче,цело село изгоре тој се чешла...:pos:
Цела екипа му се распадна,и тоа каква екипа тој пак тепа некои филмови за ЛШ,групи,сезонски карти,:zloo:...:eek:
Свесен е тој дека за ЛШ потребни се минимум 2 милиони евра?...
Кај ќе ги ископаат тие пари?
Уште отсега им прави притисок на децата,демек играјте вие,земете го второто место и одиме пак ЛШ..:tapp:
А самото играње во ЛШ повлекува нови играчи(странци)...
И каква иднина ќе градат околу децата кога им наметнуваат непотребни императиви?
Абе ете и да го земат второто место,со ваква екипа не се оди ЛШ,да служиш како топовска храна таму,да те делкаат со 10 разлика кој е ќарот од ова?
Нема ефект д аиграш со 3,4 класи појјаки екипи и да те делка кој стигни,подобро е да играш егал со екипи од твој ранг,да играш тесни мечеви и да напредуваш...
А да играш ЛШ колку само да наполниш сала и да шитниш сезонски карти однапред е џабе...:pos:
Нема ефект никаков за екипата,исто како СЕХА лига....
BTW,Левче,не се прај будала,враќај им ги на луѓето парите за сезонските:zloo:...(најчест коментар на социјалните мрежи)...:pos:
Моментално оваа екипа е за во ЕХФ куп,па таму да пробаат да поминат некое коло,и со малку среќа и неколку засилувања догодина да се докопаат до групите....
Па таму во натпревари со послаби екипи да пробаат да направат нешто,и да видат до кај се можностите на оваа екипа...
 
Искрено гледајќи го Талески вчера ме потсети на Филип Л. Џабе шо е толкав, кога е некако без снага , без сила...дефинитивно на детето му треба теретана малку да се ојача :duel:
Шутот му е слаб,несигурен, цело време во блок или ептен млак па станува лесен плен за голманот, не дека вчера нешо се изнашутира додуша...:unsure:
Се надевам дека ќе работи напорно ако сака нешто да постигне. Несомнено е дека има талент ама тоа е далеку од доволно. Од толкава ука-бука за него и најавувања како еден од најголемите таленти да не остане само тоа - вечен талент.
 
Талески вчера премногу топки истроши без потреба, ваљда премногу слобода има добиено од Лино или премногу слобода си зема сам.. за разлика од него Нелоски ми делува за нијанса постабилен, знае и да проигра имаше вчера неколку асистенции ала Вугринец :) не форсира цело време на шут и некако како да бара поидеална позиција за разлика од Талески.. и некако делува ко да има каде каде посилен удар од Талески.. ама како и да е треба работа и со едниот и со другиот.. како на тактички така и на физички план.. треба да лупаат во теретана ко луди двајцата :D
 
Не беа лоши Металург,но и Загреб е очај на гостувањата,па вчерашниот пораз не е мерило за квалитетот на Металург...
Загреб премногу грешеше во напад и дозволуваше контри и полуконтри....
За играта на Металург,премногу конфузна игра на моменти,без идеја...
Тоа се должи на недостаток на среден бек,без некој шо ќе ја разигра екипата тешко би ја победиле и Струмица,а камоли да размислуваат за настап во ЛШ наредна сезона..
Подобро со Раде да играат на среден....Сепак вчера Лино гледаше да ги пушти да играат сите,требаше и Манасков да го проба малку...
Иако и судиите не беа на ниво,и имаа доста чудни одлуки,претежно на штета на Металург....
Кога влезе Раде живна малку играта,и имаа барем шутеви од надвор,пред тоа ни шутеви ни ништо..
Мора ова да го совладаат Талески и Нелоски,како да шутираат од мал агол,од место,со противник пред себе...
Иначе џабе играат,кој ќе им дозволи така лесно да се залетаат за да шутираат?:icon_mrgr:Мора на ова да си работат,иначе тешко дека ќе останат нешто повеќе од вечни таленти...
Не е тренинг ова...Помина времето на таквите бекови(скок шут пуцачи),сега за бек ти треба арсенал од удари,од сите позиции и агли...а засега ги немаат,посебно Талевски..
Бувиниќ е интересен играч,многу опасен играч,лесен на чекор,брз на нозе,одлична техника и преглед на игра,би можел да се изделка во супер десен бек...
И Велковски не е лош....
Пешевски мора да научи да ја користи таа дива градба шо ја има,:X3:џабе како шифоњер е кога не знае да се загради,да излези пред играч,па потоа да проба да се заврти или да изнуди пенал...
Има висина за пикер,добро ухрането дете е(не штеделе овде):X3:,ама движењата му се...:icon_mrgr:
Има доста работа кај сите...Друга работа,многу поважна...
Не знам шо му е филмот на Левче,пак се глупира со нерезонски изјави..:bravobe::zver:
Кој цар е другарчето....типично Македонче,цело село изгоре тој се чешла...:pos:
Цела екипа му се распадна,и тоа каква екипа тој пак тепа некои филмови за ЛШ,групи,сезонски карти,:zloo:...:eek:
Свесен е тој дека за ЛШ потребни се минимум 2 милиони евра?...
Кај ќе ги ископаат тие пари?
Уште отсега им прави притисок на децата,демек играјте вие,земете го второто место и одиме пак ЛШ..:tapp:
А самото играње во ЛШ повлекува нови играчи(странци)...
И каква иднина ќе градат околу децата кога им наметнуваат непотребни императиви?
Абе ете и да го земат второто место,со ваква екипа не се оди ЛШ,да служиш како топовска храна таму,да те делкаат со 10 разлика кој е ќарот од ова?
Нема ефект д аиграш со 3,4 класи појјаки екипи и да те делка кој стигни,подобро е да играш егал со екипи од твој ранг,да играш тесни мечеви и да напредуваш...
А да играш ЛШ колку само да наполниш сала и да шитниш сезонски карти однапред е џабе...:pos:
Нема ефект никаков за екипата,исто како СЕХА лига....
BTW,Левче,не се прај будала,враќај им ги на луѓето парите за сезонските:zloo:...(најчест коментар на социјалните мрежи)...:pos:
Моментално оваа екипа е за во ЕХФ куп,па таму да пробаат да поминат некое коло,и со малку среќа и неколку засилувања догодина да се докопаат до групите....
Па таму во натпревари со послаби екипи да пробаат да направат нешто,и да видат до кај се можностите на оваа екипа...

Ако металург се појачат со 3-4 играчи не е никаква грешка да играт во ЛШ па и да губат со 35-25 утакмиците ,биди сигурен дека ке излезит некој играч.
Што е грешката со Шведските екипи што немаат никакви резултати во ЛШ?Дрот од Халмстад играше ЛШ лани излезе десниот бек Магнус Першон .Оваа година Алингсос го добија Феликс Клаар среден бек немат 18 год. ,да не зборувам за нивните голмани,следната година најверојатно во ЛШ ке играт Кристианстад -каде тренер е Ола Лингрен тренерот на шведската репрез, па од наесен ке видиме некое ново име кое гладно за
докажување.
 
Абе играчи излегувале и ќе излегуваат од тука,не е спорно ова....
А споредби во работа со млади категории Скандинавија(или било која ракометна земја Германија,Хрватска,Шпанија,Франција,Унгарија итн)-Македонија е нерационално и незамисливо...
Ние само се залажуваме дека работиме...и вистинско чудо е како со вакво(не)работење со младите успеваме да направиме некој клубски успех....
А Металург како клуб,со поставеноста која моментално ја има тешко дека исполнува стандард за ЛШ,ова во никој случај...
Од празни зборови од типот БАРАМЕ РЕШЕНИЕ,ОЧЕКУВАМЕ НОВИ СПОНЗОРИ,ДОПРВА СЛЕДУВА ВИСТИНСКОТО видовме до кај се стигнува во Македонија...
Тие екипи од Шведска шо ги спомна немаат вакви проблеми,и во Данска,Шведска се случува да крахира екипа,да замини спонзор,ама ваков срам по само 1 месец почната сезона да ти заминат сите играчи тешко дека ќе се случи во догледно време....
И пак ќе повторам,според мене е бесмислено да играш ЛШ само за да учествуваш,без спремна екипа,еве нека е и млада екипа,ама да има квалитет да освои барем некој бод,не да служи екипата за пополнување место во групата и освојување на сигурни бодови...
Досега во Македонија играчи сме праеле на големи утакмици,Лазаров,Мојсо,Диви,Темелков станаа играчи играјќи европски утакмици за Пелистер,утакмици во кои Пелистер беше рамноправен со противниците,истото важи и за Жути,Манасков,Џомба,откако Металург стана сериозен играч во Европа нивната форма и игра доби ново ниво,ете и Столе откако се врати во Вардар стана играч играчји јаки утакмици....
А како тргнал Металург да ги менува амбициите на секои 10 дена искрено не ни верувам дека планираат нешто на подолг рок...
Прво викаат таа е реалноста,ќе пробаме со млади сили,па после ЛШ играме догодина,па Лино ветува сега нов силен Металург....:icon_mrgr:(а силен Металург повлекува најмалце една постава нови странци,и кај ќе играат децата?(на свадба):pos:
Со луѓе како Левче во управа илузорно е да се надеваш на нешто добро...
Ако сака Металург да остани клуб ќе мора да си напрај сериозна управа....со импровизации не се опстојува долго во Европа...
 
Со оглед на промената на форматот на ЛШ од идната година и не е толку бесмислено играње во ЛШ за Металург. Тие секако не би играле во "елитните" 2 групи - таму претпоставувам ќе игра Вардар, додека вториот од Македонија (ако воопшто и му биде дозволено) би играл во послабите 2 групи кои ќе бидат еден вид на втора лига во ЛШ.

А со 2-3 засилувања (пикер, среден бек и голман) + уште една сезона калење на децата мислам дека и нема да е смешно да играат со екипи од рангот на Мешков Брест, Натурхаус Ла риоха, Кристианштад, Алборг, Бешикташ, Кадетен и сл. Со погореспомнатите 2-3 квалитетни засилувања на клучните позиции може на домашен терен да се надигруваат со екипите од овој ранг. Дури и во оваа сегашна состојба колку толку се држеа со Загреб. Против Кил, Барселона и компанија се согласувам дека нема никаква логика да играат, ама против нив секако не би ни играле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom