Не беа лоши Металург,но и Загреб е очај на гостувањата,па вчерашниот пораз не е мерило за квалитетот на Металург...
Загреб премногу грешеше во напад и дозволуваше контри и полуконтри....
За играта на Металург,премногу конфузна игра на моменти,без идеја...
Тоа се должи на недостаток на среден бек,без некој шо ќе ја разигра екипата тешко би ја победиле и Струмица,а камоли да размислуваат за настап во ЛШ наредна сезона..
Подобро со Раде да играат на среден....Сепак вчера Лино гледаше да ги пушти да играат сите,требаше и Манасков да го проба малку...
Иако и судиите не беа на ниво,и имаа доста чудни одлуки,претежно на штета на Металург....
Кога влезе Раде живна малку играта,и имаа барем шутеви од надвор,пред тоа ни шутеви ни ништо..
Мора ова да го совладаат Талески и Нелоски,како да шутираат од мал агол,од место,со противник пред себе...
Иначе џабе играат,кој ќе им дозволи така лесно да се залетаат за да шутираат?

Мора на ова да си работат,иначе тешко дека ќе останат нешто повеќе од
вечни таленти...
Не е тренинг ова...Помина времето на таквите бекови(скок шут пуцачи),сега за бек ти треба арсенал од удари,од сите позиции и агли...а засега ги немаат,посебно Талевски..
Бувиниќ е интересен играч,многу опасен играч,лесен на чекор,брз на нозе,одлична техника и преглед на игра,би можел да се изделка во супер десен бек...
И Велковски не е лош....
Пешевски мора да научи да ја користи таа дива градба шо ја има,

џабе како шифоњер е кога не знае да се загради,да излези пред играч,па потоа да проба да се заврти или да изнуди пенал...
Има висина за пикер,добро ухрането дете е(не штеделе овде)

,ама движењата му се...

Има доста работа кај сите...Друга работа,многу поважна...
Не знам шо му е филмот на Левче,пак се глупира со нерезонски изјави..


Кој цар е другарчето....типично Македонче,цело село изгоре тој се чешла...

Цела екипа му се распадна,и тоа каква екипа тој пак тепа некои филмови за ЛШ,групи,сезонски карти,

...

Свесен е тој дека за ЛШ потребни се минимум 2 милиони евра?...
Кај ќе ги ископаат тие пари?
Уште отсега им прави притисок на децата,демек играјте вие,земете го второто место и одиме пак ЛШ..

А самото играње во ЛШ повлекува нови играчи(странци)...
И каква иднина ќе градат околу децата кога им наметнуваат непотребни императиви?
Абе ете и да го земат второто место,со ваква екипа не се оди ЛШ,да служиш како топовска храна таму,да те делкаат со 10 разлика кој е ќарот од ова?
Нема ефект д аиграш со 3,4 класи појјаки екипи и да те делка кој стигни,подобро е да играш егал со екипи од твој ранг,да играш тесни мечеви и да напредуваш...
А да играш ЛШ колку само да наполниш сала и да шитниш сезонски карти однапред е џабе...

Нема ефект никаков за екипата,исто како СЕХА лига....
BTW,
Левче,не се прај будала,враќај им ги на луѓето парите за сезонските
...(најчест коментар на социјалните мрежи)...

Моментално оваа екипа е за во ЕХФ куп,па таму да пробаат да поминат некое коло,и со малку среќа и неколку засилувања догодина да се докопаат до групите....
Па таму во натпревари со послаби екипи да пробаат да направат нешто,и да видат до кај се можностите на оваа екипа...