Фан клуб - РК Металург

mkd-95494.jpg

mkd-95495.jpg

--- надополнето: 20 декември 2013 во 02:00 ---
ИВИЦА ОБРВАН: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ГО ОДЛОЖИМЕ ОВОЈ ПРОКЛЕТ НАТПРЕВАР

18.12.2013 21:01
ivicaobrvangorenjezurnal240-610x392.jpg
rk-metlurg-logo_final_resize1.png

Од повредата на Мојсовски разочаран е и селекторот Ивица Обрван, кој загуби вистинска ударна игла во нападот на нашата репрезентација. За дневниот весник “Нова Македонија“ Обрван го изрази и своето незадоволство што натпреварот е воопшто одигран:
- Овој проклет натпревар меѓу Вардар и Металург се обидовме, јас како селектор и Ракометната федерација на Македонија, да го одложиме по ЕП, но ете, за жал, не успеавме. Ни се оствари најцрното сценарио, кое најмалку го посакувавме. Сите во РФМ сме во шок поради тежината на повредата на Наумче Мојсовски и неговото отсуство од ЕП, бидејќи тој е голем лидер и мотиватор на теренот. Ново име нема да повикам и ќе се обидам да го извлечам максимумот од тоа што остана на оваа позиција, резигнирано изјави селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван.

Преку спортскиот портал “Екипа“, Обрван му порача на Мојсовски: “Наумче, по синоќешниот шок како селектор на Македонија, знаејќи ја твојата значајна улога во репрезентацијата, сакам да ти посакам што поскоро да заздравиш и да се вратиш посилен, поцврст и уште долго со гордост да го носиш дресот на националниот тим“.
 
ВЧЕРАШНИОТ ДЕН РЕКОРДЕН ЗА САЈТОТ НА МЕТАЛУРГ

19.12.2013 19:24
sajt_resize.jpg
rk-metlurg-logo_final_resize1.png

Вчерашниот ден беше рекорден за сајтот на Металург.
Забележавме 31656 посети од 23318 единечни посетители. Отворени беа 83372 страници од нашите материјали.
Ви благодариме на довербата.
 
1417663_10151940890323101_1858885076_o-610x218.jpg



Ретко кој спортски колектив има зад себе армија од 40000 следбеници, уште поретко во ракометот. Во Европа само седум ракометни клуба имаа повеќе фанови на фејсбук од Металург, и тоа гиганти како Барселона, Пари Сен Жермен, Кил, Хамбург, Веспрем, Киелце и Р.Н.Ловен. Во Македонија ги надминавме сите спортски колективи, во сите спортови и се гордееме со тоа.
Драги фанови, ви благодариме. Секогаш се обидувавме и ќе се обидуваме да бидеме што поблиску до вас, заедно да ги споделуваме радосните и тажните мигови. Нашите успеси се и ваши, нашите неуспеси ќе ги надминеме со ваша помош и поддршка.
Само еден Металург!
 
ЗА ДА БИДЕШ АКАДЕМИЈА ТРЕБА ДА ИМАШ ВАКВИ ДЕЦА

23.12.2013 21:34
DSC_0169_resize2-610x405.jpg
rk-metlurg-logo_final_resize4.png






 
РАЗГОВОР СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ, БЕК НА МЕТАЛУРГ, РАКОМЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ
04.01.2014 12:00
metalurg-nekse-1_resize-610x218.jpg
rk-metlurg-logo_final_resize.png

Текстот е преземен од дневникот “Нова Македонија“.
Успешна година на која сите треба да бидеме горди.
Минатата година беше навистина успешна за Металург на сите полиња. СЦ „Борис Трајковски“ беше исполнет до последното место на секој наш натпревар, а јас и моите соиграчи се трудевме да ја оправдаме довербата. Годината што замина беше уште едно искуство повеќе во ЛШ, а на добар пат сме третпат да стигнеме до осминафиналето на ЛШ. Тоа е голема работа. Треба сите да бидеме горди, изјави Филип Миркуловски (30), кој во 2014 година, покрај здравје, среќа и љубов, си посака да ја заврши магистратурата, а со Металург и со македонската репрезентација да ги повтори најголемите успеси, четврт-финале во ЛШ (најголем успех на еден македонски мачки клуб во кој било спорт во ЛШ), односно 5-то место на ЕП.
- Што се однесува до ЕП во Данска, не сакам да зборувам пред почетокот на настаните. Како репрезентација, сите овие години покажавме дека имаме огромен квалитет, а она што можам со сигурност да го кажам и ветам е дека на секој меч ќе го дадеме максимумот. Каков пласман ќе значи тоа, ќе видиме – рече Миркуловски, кој досега одигра 93 меча за Македонија (висок пласман на ЕП 2014 ќе значи и прослава на 100-от меч) и постигна над 200 гола.
2_resize_resize.jpg
Вели дека годината што измина ќе ја памети по два убави и еден лош настан.
- Од убавите настани, на приватен план, тоа е секако раѓањето на мојата ќерка Јована, која се роди на големиот христијански празник Свети Трифун и ме направи најсреќниот татко на светот. На професионален план тоа е пласманот на Металург во четврт-финалето во ЛШ, што воедно е мој најголем успех професионално. Лош спомен ќе ми биде операцијата на коленото, која, фала му на господ, добро заврши – вели Миркуловски, кој е добитник на наградата „13 Ноември“ за минатата година.
6_resize.jpg
Верен на Металург.
Пожртвуваната игра во одбраната и продорниот напад се главните обележја на Миркуловски. Ракометните скаути од европските клубови многупати покажаа интерес за услугите на Миркуловски, но тој и понатаму му е верен на својот Металург.
- Последниве неколку години откако играме на највисоко ниво сум имал доста понуди од европските клубови, но ги одбив од причина што истите услови ги добивам во Металург, каде што луѓето во и околу клубот знаат да го вреднуваат и наградат квалитетот на македонските играчи. Затоа и во клубот моментно имаме 13 сениорски репрезентативци. Од друга страна, Металург е клуб со големи амбиции, амбиции што се совпаѓаат со моите. Со Металург играм во ЛШ. Што друго можам да посакам – објаснува тринаесетката на Металург, кој верува дека овој број му носи среќа, бидејќи на својот грб го има уште од училишните денови.
GIL_8046_resize1.jpg
Некогаш и сега.
Металург веќе една деценија работи со своите школи, а од пред три години тоа прерасна во „Ракометна академија Металург“. Таму тренираат стотици деца што еден ден ќе треба да ги заменат Мојсовски, Миркуловски, Димовски, Јоноски, Маркоски… Првата генерација веќе е на добар пат. Ракометарите на вториот тим на Металург, Металург јуниор, се плод на школата на Металург.
- Неспоредливи се сега условите со условите во времето кога јас почнував да тренирам, барем во клубот во кој сум сега. Сега условите се многу подобри. Децата со кои се работи имаат навистина посебни услови за тренинг. Само за споредба, јас дури од 19 години почнав да имам секој ден тренинг, а дотогаш работевме само трипати неделно. Денешниве деца на 15-16 години тренираат и по двапати дневно и им се посветува многу поголемо внимание. Во Металург навистина многу се работи со младинските школи. Тоа особено ме радува. Можам да кажам дека како никогаш имаме талентирани деца, но дали тие ќе израснат во квалитетни играчи најмногу зависи од нив самите. Имаат одлична база и услови за работа, треба само да ги искористат – забележа Миркуловски.
Рим и Маврово.
Миркуловски со ракометот ја пропатува цела Европа, но, со оглед на тоа дека тие патувања се сведуваат на релацијата авион-хотел-сала и обратно, никаде немал доволно слободно време да прошета и да ги разгледа убавините.
- Нема земја во Европа, барем тие што имаат ракометна традиција, што не сум ја посетил. Се знае дека на тие патувања имаме многу малку време за прошетка. Сепак, Италија е земјата што сакам да ја посетам, конкретно Рим е градот што ме фасцинира со богатата историја како центар на една голема империја – вели Миркуловски, за кого во Македонија, Маврово е местото што го смирува и го релаксира и често знае таму да избега на ден-два.
4_resize.jpg
Јована со една насмевка ме крева во облаци.
Со оглед на тоа дека има и по два тренинга дневно, Миркуловски и нема многу време за опуштање. Но кога ќе најде малку слободно време тој повторно трча, но овој пат со џојстик во рака.
- Најголема радост во мојот живот е ќерка ми Јована, која знае со една насмевка, со една гримаса да ме крене во облаци, колку и да сум тажен и разочаран. Како и секој друг, се радувам на победите на мојот тим и репрезентацијата и, нормално, на убавите работи во приватниот живот. Како професионален спортист многу често сум уморен и ретко може човек да ме сретне надвор. Најдобро се релаксирам во домашна атмосфера, со играње плејстејшн со моите пријатели, но знам и да прочитам добар криминален роман од Агата Кристи – открива Филип Миркуловски, за кого музиката е смирувачки елемент пред важен натпревар.
1.jpg
Многу е полесно со „Бауерфејнд“ и со „Ре-Медика“
- Тажен ме прават повредите, но благодарение на партнерите и на спонзорите на Металург, „Бауерфејнд“ и „Ре-Медика“, кои нѐ опслужуваат со медицински помагала, стегачи, релакс-чорапи, штитници, како и медицинска грижа, прегледи, дијагностика, физикална терапија, масажа и др., повредите многу полесно и побрзо ги пребродуваме, вели Филип Миркуловски.
Бев доста талентиран кошаркар
Филип Миркуловски (висок 189 см) важи за еден од најдобрите и најпожртвувани ракометари на Металург и на македонската репрезентација, но неговата прва љубов во спортот била кошарката.
- Можам да кажам дека бев доста талентиран кошаркар. Но бидејќи бев незаситен за спорт, почнав паралелно да тренирам и ракомет. Од тие денови има и една случка на која секогаш се потсетувам со смеа. Наместо на тренинг на ракомет, отидов на тренинг на кошарка. Секако дека таму немаше никаков тренинг по кошарка, а и тренингот за ракомет го пропуштив, бидејќи тренинзите ни се одржуваа на различни локации и немав време да стигнам. Ивано Балиќ е една од причините што се одлучив за ракометот како спорт. Тој е ракометарот што ми беше идол и секогаш одново и одново ги гледав неговите натпревари и се обидував да ги копирам неговиот стил на игра и неговата ракометна магија. Мислам дека таа негова игра многу придонесе за популаризација на ракометот – сподели со нас Филип Миркуловски, кој ни откри дека кошарката многу му помогнала во градењето на стилот на одбраната во ракометот, кога знае да биде незгоден за противникот.
DSC_0368_resize_resize.jpg
Миркуловски, иако е дипломиран правник, не се пронаоѓа во таа професија. Тој е хроничен зависник од спортот, кој не може да го замисли својот живот без тренинг, без натпревар, без динамика.
- Ако не бев ракометар, сигурно ќе бев кошаркар. Едноставно, спортот е мојот живот и не можам да замислам како би изгледал тој без ракометот и без спортот воопшто – кажа Миркуловски, кој, покрај ракомет и кошарка, следи и фудбал, а уште од мал навива за шпанскиот тим Реал Мадрид.
Тања Димитриоска.
zuti-01_resize.jpg
 
Лука Циндриќ (20 години, 185 см, 90 кг), најдобар стрелец во хрватската Премиер лига, е нов ракометар на Металург, потпишувајќи попладнево двегодишен договор.
– Многу сум среќен и почестен што врвен ракометен стручњак како Лино Червар виде потенцијал во мене и ме повика да бидам дел од ракометното семејство Металург. Голема е одговорноста и очекувањата што ги имаат од мене, да играм на позицијата на која настапува еден од најдобрите балкански ракометари, Наумче Мојсовски. Ќе сторам се` што е во моја моќ да ја оправдам довербата на тренерот Червар и да бидам достојна замена за еден врвен играч – изјави новиот централен бек на Металург.
Циндриќ, кој претходно играл во Огулин и во Сењ, сезонава настапуваше за хрватскиот клуб Карловац со кого заврши на третото место во домашното првенство и воедно се пласира во осминафиналето од Челинџ Купот на ЕХФ, а покрај тоа што беше најдобар стрелец беше и најдобар асиатент во лигата. Металург од порано покажа интерес за младиот Хрват, а повредата на Наумче Мојсовски само го забрза ангажманот на Циндриќ.
Лука Циндриќ по 15. одиграни кола во Премиер лигата има постигнато 131 гол од 210 обиди, со просек од 8, 73 гола по натпревар. Лука е и добар изведувач на седмерци, па има 31 постигнат гол од 35 обиди (89 %). На листата на најдобрите асистенти во Премиер лигата, Циндриќ е водечки, со 68 асистенции (4,53 по натпревар).
Фото:











http://www.rkmetalurg.mk/luka-cindrikj-potpisha-za-metalurg-foto/
Ќе видиме дали ќе биде достојна замена за Мојсо.
 
Ајде аирлија нека ви е новото засилување. Да ви се погоди. Са мо мислам дека Пецакоски треба поголема шанса да добие, му фали првотимски статус, а сега има шанса за тоа. Јак талент беше, штета шо повредите го скинаа.
 
НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ СЕ РЕХАБИЛИТИРА ВО ХРВАТСКА

17.01.2014 18:23
image-1389973974147-V_resize-610x218.jpg
rk-metlurg-logo_final_resize3.png

Лидерот во нападот на Металург, Наумче Мојсовски, од понеделникот се наоѓа во Даруварске Топлице (Хрватска), каде во следните дваесетина дена ќе продолжи со процесот на рехабилитација. Наумче напорно тренира и ветува дека брзо ќе се врати на терен и ќе биде посилен од кога и да било порано.
“Во Даруварске Топлице ќе останам во следните дваесетина дена. Условите за работа овде се одлични и мојата рехабилитација тече според планираното. Со мене постојано работи физиотерапевт, под чија контрола ги изведувам потребните вежби“, вели Мојсовски.
Наумче е ангажиран во текот на целиот ден, а работи според следниот распоред:
“Мојот ден се состои од низа строго испланирани активности. Почнувам со базен, потоа следуваат компекс и кинетек, за на крајот да завршам со вежби за ногата. Тренингот ми почнува во 13.30 часот и трае се до 16.30 часот. По попладневниот одмор имам уште еден едночасовен тренинг, кој почнува во 19.30 часот, а денот го завршувам со повторна посета на базенот“.
Мојсовски ги следи и натпреварите на нашата селекција на ЕП во Данска.
“Пратам се што се случува во Данска и од се срце навивам за македонските јунаци. Навистина ми е тешко што не сум таму и што не можам да им помогнам, но се надевам дека и со тие сили што се на располагање ќе успееме да направиме добар резултат во Данска“, вели Мојсовски.
На крајот Мојсовски со порака до нашите фанови:
“Поздрав до сите фанови на Металург. Со мене се е во најдобар ред и јас очекувам да се вратам подобар и посилен од порано“.
Фото:


 
The two Russians Sergej Shelmenko and Pavel Atman hit the net with 112 km/h each in their defeat against Poland.

link
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom