Фан клуб - РК Металург

Со Барса е подобро само прво полувреме да играат сите па во второ да ротира. И Миркуловски кога се враќа.. Со него се секако посилни.
 
Него зборот ми беше за со Барселона, што мислите подобро е свесно да му ја препуштат играта и да си изгубат, а после да се стегнат за Динамо или да се оди со сите сили и на овој натпревар ?
Мислам дека колку и да се силат за Барса нема шанси да ги победат така да според мене подобро е свесно да си изгубат.

На секој натпревар се игра со сите сили. Ако дадат се од себе против Барселона не значи дека нема да можат да дадат 100% и против Динамо Минск. Лига на Шампиони е ова, сериозна екипа не можи да си дозволи да калкулира така.
 
Зависи со колкави сили располагаш, значи спортски е да се игра на секој натпревар максимално, но дали е тоа паметно е друго прашање. Исто и лани имав став дека натпреварите со Киелце( посебно вториот) треба буквално да ги предадат, за да можат да играат во мак првенството и излезе дека сум бил во право. Брзиот ракомет на Барселона па и гостинскиот терен мислам дека немаат шанси да го совладаат, така да само ќе се истрошат. Покрај тоа Миркулоски нема да биди спремен за Динамо, а Атман се мачи со повреда.
 
Ако Атман се мачи со повреда, ваљда нема да игра денес со Партизан. :) ?

И мени ми се гледа дека судииве немаат врска, или грешка сум :D ?
 
Ако Атман се мачи со повреда, ваљда нема да игра денес со Партизан. :) ?

И мени ми се гледа дека судииве немаат врска, или грешка сум :D ?

После натпреварот со Тун, од клубот изјавија дека Атман игра со некаква ситна повреда на глуждот колку што се сеќавам, а зошто игра денеска и мене не ми е јасно. Фактички како што ме лажеле така лажам.
 
Цкцкцк колку се радувам што вака млади Македонци даваат голови, играат. БРАВО!
--- надополнето: 9 октомври 2013 во 18:40 ---
Браво за Пешевски и Талески

Пешевски, Талески, Мартин Манасков, Костески браво, браво!
 
Кеџо, Ојлески, Мартин не ме бендисаја, другите си беа супер.
Мандич, Талески, Пешевски посебна пофалба за нив.
 
Талевски и Пешевски одлични,Манасков претера со солирање премногу технички грешки направи,сепак за тоа се овие натпревари,има голем талент малиот ќе напредува.
Неловски исто ќе биде убаво да се види после повредата,што направи тој се опоравува ли ?
Костовски 2 гола не беше лош.

Објективно Пешевски игра подобро и од Топиќ и од Марковски,треба шанса и во Л.Ш. да добие.

Добро изгледа иднината на Металург,Лино треба на сите натпревари во СЕХА да ги пушта,се снаоѓаат,а и кога нема да се снајдат подобро во СЕХА да грешат отколку еден ден во Л.Ш. или во репрезентација.
 
Е конечно Червар пушти душа и им даде шанса на помладите да играат. И главно не разочараа дечките:

Талески - голем талент, одличен удар, но мора да поработи на снагата, вака има големи проблеми во одбрана и во контакт игра.
Пешевски - Искрено не знам зошто не добива шанса и во поважни натпревари. Неколку пати што сум го гледал секогаш е добар, од Н.Маркоски дефинитивно е подобар.
М.Манасков - Изгледа уште не ја научил онаа "топката е злато" од Червар. Ќе ја научи со текот на времето. Потенцијал има, ама падна на притисокот и изигра прилично слабо. Сум го гледал и други пати, има слична игра на Мојсовски до некаде, само му треба доста искуство.
Костески - Ок изигра. Ништо спектакуларно. Има капацитет да го замени Златко од идната сезона на пример. За повеќе од тоа ќе видиме...

Од странците:
Мандиќ - Полека напредува уште откако дојде во Металург. Се повеќе добива шанса и во напад, а во одбрана веќе станува доста добар. И тој е млад и очигледно има потенцијал дечкото. Не би се изненадил и ако го гледаме повеќе во иднина.
Топиќ - Искрено засега не можам да сфатам зошто го доведоа. Изнуди некој пенал и тоа е тоа. Ништо посебно не се покажува. Млад е, ама искрено мислам дека Пешевски е за цела класа подобар.

Инаку за грешките при крајот на натпреварот до некаде и може да се опростат со оглед дека најверојатно првпат игра заедно оваа екипа и не верувам дека се уигрувани.

П.С. Можеби грешам ама ми се чини дека на Металург сите 3 голмани им се подобри од оние 5 на Вардар. И Мијатовиќ и Митревски редовно добро бранат во СЕХА.
 
П.С. Можеби грешам ама ми се чини дека на Металург сите 3 голмани им се подобри од оние 5 на Вардар. И Мијатовиќ и Митревски редовно добро бранат во СЕХА.
Не грешиш, и на мене а и на многу други така ни се чини :icon_mrgr:
 
Мислам дека само Вепарот со 132 кила од Вардар е подобар од Митревски, али Станиќ и Мијатович се боље од него...
 
Мислам дека само Вепарот со 132 кила од Вардар е подобар од Митревски, али Станиќ и Мијатович се боље од него...

Не дека е подобар туку топката неможе да го заобиколи :pos:
 
ФИЛИП ТАЛЕСКИ И ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – ПАРТИЗАН

09.10.2013 22:51
MJI_5162_resize-610x218.jpg
za-tekst2.png

На денешниот натпревар против екипата на Партизан, Металург воведе уште една техничка новина. Првпат во Македонија, токму нашите фанови имаа можност да го изберат најдобриот ракометар на средбата. Тоа е плод на соработката на Металург со најголемиот безжичен оператор, Sun wireless, кој постави посебна апликација преку која присутните во салата можеа да гласат за најдобриот. Отсега вакви избори ќе се организираат на сите наши домашни средби во Лигата на шампионите и во Гаспром регионалната лига. Најдобриот играч, избран од публиката, ќе биде награден од нашите спонзори.
Навистина е пријатен фактот дека прв ракометар, кој е избран со гласовите на публиката, е младиот Филип Талески (17), кој собра 51 процент од сите гласови.
1. Филип Талески 51 %
2. Павел Атман 20 %
3. Раде Мијатовиќ 11 %
3. Никола Митревски 11 %
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom