Фан клуб - РК Металург

Да де Лино си иде во Хрватска, што ќе ни е во Вардар... Иднава сезона ако не остане Кастратовиќ, ќе биде едне од Душебаев или Вујо.
 
Јас мислам дека он веќе има пред договор со некого затоа и бутка. Секој нормален тим би го зел, факт е дека го излажаа и него и другите за приоритетите на клубот. Мојсо истото на еден начин го кажа, дека им се зборело за титула правење јака екипа а сега одкако Вардар ги засени филмот е демек подмладување. Иднава година Лино ќе си отиде ако не освојат титула, полека кругот се затвара. Лоша работа е во секој случај. Лично не го посакувам во Вардар, се надевам ќе си остане кај вас без него би ни биле само полесен тренинг, ко пелистер :icon_mrgr:
Не знам од кај ти се овие работи, ама барем според имиња Металург е посилен од лани и не би рекол дека се послаби од Вардар. Никој немаат излажано, на Станиќ му нуделе поголема плата во Вардар, ама зошто да го пуштат без обештетување? Оти бил незадоволен? :)
 
А се надевам дека нема да дојде Вардар зошто ова што го прави е многу голема глупост.Како прво Металург нема ништо полош тим од минатата година напротив и подобар им е.Второ идат на квалификациски турнир за ЛШ,он што да не мислеше дека 300 години ќе освојуваат титули.А како трето чим еднаш прави вакви работи ќе ги прави пак,денеес има предоговор со друг тим ,утре ќе има предоговор со трет тим и ќе ги зафркне и овие.


Многу точно кажано. Особено ми е нејасна идејата дека тимот се подмладил и нема амбиции. Според секоја логика тимот е појак и пред се помодерен од минатата сезона.

Од друга страна тој веќе си го валка името и по втор пат. Да не заборавиме дека на сличен начин и од Гепинген избега минатата сезона и остана во Металург. Ако тој мисли дека професионалните западни тимови се слепи и сакаат вакви нестабилни играчи, којзнае во какви илузии е.

А инаку дека намерно ќе го поткопува Металург и нема да брани колку што му се можностите тоа не верувам, бидејќи со тоа значително си ја паѓа и својата вредност. Ако направи такво нешто, освен Катар ништо нема да добие.
 
МЕТАЛУРГ СЕ ВРАТИ ВО СКОПЈЕ

10.08.2013 19:17
sXqddWk59Q9PBkefjfgrYgE5PPJZJJAkpZPd-Q2_Qw8_resize1-610x218.jpg

za-tekst1.png

По осумдневни подготовки во Златибор, екипата на Металург пред малку се врати во Скопје.
Утре ракометарите ќе одмараат, а од понеделник ќе продолжат со тренинзи, утрински и попладневни. Во среда наутро екипата ќе замине во Струга, каде ќе учествува на традиционалниот струшки турнир. Да се потсетиме, Металург во Струга ќе го брани пехарот освоен минатата година.
Распоред на нашите натпревари:
14 август: Металург – Струга
15 август: Металург – Брест Мешков
16 август: Металург – Версај
17 август: Натпревар за пласман

http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-se-vrati-vo-skopje/

За 4 дена ќе видиме што тимови направиле и Вардар и Металург.Иако и двата тима сеуште нема да бидат уиграни,очекувам да мелат на турниров.
 
ДЕЈАН МАНАСКОВ ДЕНЕСКА МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ТИМОТ

12.08.2013 22:30
DSC_0888_resize_resize1.jpg
za-tekst1.png



DSC_0885_resize_resize.jpg

DSC_0746_resize_resize.jpg


DSC_0887_resize_resize.jpg
По петмесечно отсуство, Дејан Манасков денеска му се приклучи на тимот. Дејан во текот на минатиот месец тренираше самостојно по, за него, прилагодена програма. Но, од денеска тој ќе тренира со останатите наши ракометари. Дејан ќе настапи и на турнирот во Струга, а се надеваме дека ќе биде целосно спремен за квалификацискиот двомеч со екипата на Пик Сегед.
 
Велес најверојатно ќе си добие суперлигаш :)

Натпреварите од СЕХА Лигата Металург нема да ги игра во „Автокоманда“

sala_avtokomanda.jpg

Македонскиот вицешампион се соочува со проблеми со салата во Автокоманда ден пред потпишувањето на договорот со СЕХА Лигата, и поради тоа најверојатно своите натпревари ќе треба да ги игра надвор од Скопје, пренесува „Балкан Хендбал“ .
Салата „Автокоманда“ не ги исполнува критериумите кои од СЕХА Лигата бараат да ги исполнува една сала. Единствените две сали во главниот град кои се подготвени и ги исполнуваат бараните услови се спортските центри „Кале“ во која настапува најголемиот ривал на Металург, РК Вардар Про и „Борис Трајковски“ која пак е презафатена поради настапите на РК Вардар Про, ЖРК Вардар СЦБТ и МЗТ Скопје. Според информациите најбилска солуција на РК Металург ќе му биде своите натпревари да ги игра во „Спортската сала“ во Велес.
 
Ако веќе толку неможат во Скопје да најдат сала мене ми се чини најлогично е да играат во повеќе градови низ Македонија во кои салите ги задоволуваат условите. Тоа и е добро за стекнување на фанови низ државата и ќе има релативно доста публика со оглед дека низ Македонија сигурно има желба за гледање на квалитетен СЕХА ракомет. Е сега кои сали задоволуваат е сосема друго прашање...
 
Ако се пласираат во лига на шампиони подобро уопште да не играат во сеха зашо вака ќе биде преголемо малтретирање.
 
Ако се пласираат во лига на шампиони подобро уопште да не играат во сеха зашо вака ќе биде преголемо малтретирање.
Среќа што вака како тебе не размислуваат и другите во Металург и во останатите клубови.
 
Среќа што вака како тебе не размислуваат и другите во Металург и во останатите клубови.

Ради таа глупа сеха лига минатата година го изгубивме првиот тим и шампионската титула али вас тоа ве радува. Ако веќе ја играат тогаш нека ги пуштат само младите и така сеха е на тоа ниво.
 
Да бе, и со 7 натпревари (толку чинам се играат до јануарската пауза) за три ипол месеци ќе бидат во полна форма. (y) Еве така и во другиве лиги размислуваат глеам. Два натпревари неделно е веќе рутина (а и со паралелно учество во ЛШ и Сеха нема секоја недела да имате по 2 натпревари), тоа што Лино играше со истите и со минимум ротирање е негова вина не на натпреваруањето...
 
Да бе, и со 7 натпревари (толку чинам се играат до јануарската пауза) за три ипол месеци ќе бидат во полна форма. (y) Еве така и во другиве лиги размислуваат глеам. Два натпревари неделно е веќе рутина (а и со паралелно учество во ЛШ и Сеха нема секоја недела да имате по 2 натпревари), тоа што Лино играше со истите и со минимум ротирање е негова вина не на натпреваруањето...

Па тоа и зборам, Лино не ги ротираше и ни еба мајката. Оваа сезона може истото да се случи, знаејќи го колку е тврдоглав. Лоша е комбинацијата Лино со Сеха. :facepalm: Се надевам оваа сезона ќе биде поинаку.
 
Па тоа и зборам, Лино не ги ротираше и ни еба мајката. Оваа сезона може истото да се случи, знаејќи го колку е тврдоглав. Лоша е комбинацијата Лино со Сеха. :facepalm: Се надевам оваа сезона ќе биде поинаку.


Valjda svatil pa sea nema da tera kako lani , daj boze da vlezete u seha opsto za mkd rakomet i dobri utakmici da gleame pa zaedno da pomineme grupite
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom