Фан клуб - РК Металург

^ Не неам информации. :D

Не реков дека Сегет се слаб тим, на исто рамниште со Металург се, Скалицки е одличен тренер, но доколку Лино настапи со играта која ја играше изминативе години и не експериментира на така важен двомеч, Металург нема да има проблеми при пласманот. Мој тип.

За намерите да го “усовршат“ ракометот, ете им ја СЕХА или евентуално групата. Тука треба да игра на проверена варијанта. Секако, факторот Станиќ дали ќе замине или остане, многу ќе влијае тука.
 
Шансите според мене се 60-40 во наша корист. Металург има над 10 нови играчи и ќе им треба време да се воиграат.
 
Атман прави огромна разлика во составот во однос на тој од минатата сезона.
Во дуелите против Киелце Металург го немаше Манасков, Мојсо и Миркуловски играа со повреди, да беше комплетен тој состав и со Атман, Киелце ќе се пакуваше уште од Скопје.
 
Атман прави огромна разлика во составот во однос на тој од минатата сезона.
Во дуелите против Киелце Металург го немаше Манасков, Мојсо и Миркуловски играа со повреди, да беше комплетен тој состав и со Атман, Киелце ќе се пакуваше уште од Скопје.

Хаха еве ти палец (y)
 
Stanic%20%28Metalurg%29.jpg

Никој не плаќа 220.000 отштета: Станиќ останува во Металург
Екипа Ракомет
18.07.2013 17:21

И покрај тоа што пред само неколку денови за српскиот „Журнал“ истакна дека не сака да остане во Металург, голманот Дарко Станиќ веќе сосема извесно и следната сезона ќе биде дел од тимот од Автокоманда.

„Повеќе не се пронаоѓам во Металург. Моја желба е да си одам, па не гледам зошто клубот не би ме пуштил. Подобро е така отколку да останам и бидам незадоволен“ – истакна предходно Станиќ за „Журнал“.

Но, истиот медиум денеска пренесува дека откако е јасно дека никој нема намера да ја плати отшетата од 220.000 евра, колку што бара Металург за неговите услуги, Станиќ останува во клубот и понатаму.

Ова лето Металург, како што е познато го напуштија: Давид Коражија, Дамир Батиновиќ, Младен Ракчевиќ, Миладин Козлина, Тихомир Додер, Стевче Алушовски, Левко Наумовски, Милан Левов и Митко Стоилов, а нови имиња се Павел Атман, Никола Маркоски, Дејан Пецаковски, Сергеј Жедик, Никола Кеџо, Бојан и Борјан Маџовски, Никола Костески, Филип Талески, Жарко Пешевски, Мартин Манасков и Марко Нелоски.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=18933

Ако не го пуштиле,ќе бил незадоволен :D
Што не икешира сам,ако толку сака да си оди?
 
Прав македонски тим со дури 19 македонски ракометари :)
--- надополнето: 18 јули 2013 во 23:27 ---
ЛИНО ЧЕРВАР: “ЌЕ НАПРАВИМЕ СЕ ЗА ШТО ПОДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ФИЗИЧКИ И ПСИХИЧКИ“

18.07.2013 13:17
517db087bab778_03394002_resize1-610x218.jpg
Тренерот на Металург Лино Червар генерално е задоволен од изменетиот формат на квалификациите за влез во групната фаза во Лигата на шампионите, а кој како единствен противник ни ја одреди екипата на Пик Сегед.
За дневникот “Нова Македонија“ Лино Червар го изјави следното:
“Ме радува одлуката на Европската ракометна федерација за скратениот систем на квалификацискиот турнир со вајлд-карта и тоа што едниот меч ќе го играме дома, но не ме радува тоа што тоа ќе биде првиот меч, бидејќи предноста во реваншот ќе ја има Пик Сегед. Како екипа не ги познаваме многу. Периодот што следува ќе го искористиме што подобро да ги проучиме нивната игра и тактика. За разлика од минатата сезона, сега Сегед значително е засилен, но и ние сме освежени и засилени за разлика од минатата сезона.
Ќе направиме сѐ што е во наша можност што подобро да се подготвиме физички и психички, да се уиграат постојните со новите ракометари и да ја вратиме во погон нашата одбрана и подготвено да го дочекаме двомечот со Пик Сегед“, вели Лино Червар.
 
НАШИОТ СПОРТСКИ ПРОТИВНИК – ЕКИПАТА НА ПИК СЕГЕД

17.07.2013 11:37
palast3d_resize1.jpg
za-tekst.png

Pick_szeged_handball_logo_resize.jpg
Пик Сегед е вицешампион на Унгарија. Клубот е основан 1961 година, а спонзориран е од унгарската месна индустрија “Пик“.
Пик Сегед е освојувач на две шампионски титули од првенствата на Унгарија (1996 и 2007 г.) и шест титули во Купот на Унгарија (1977, 1982, 1983, 1993, 2006 и 2008 г.).
Пик Сегед има 11 настапи во Лигата на шампионите, а најголем успех е пласман во четвртфиналето во сезоните 1996/97 и 2003/4. Минатата сезона Пик Сегед избори пласман меѓу 16-те најдобри екипи во Европа, по победите во групната фаза над екипите на Кадетен Шафхаузен (30:29), Загреб (26:24) и на Динамо Минск (26:21), а патот до четврт-финалето му го попречи нашиот стар познаник – екипата на Киелце. Пик Сегед успеа да им го нанесе првиот пораз на фаворизираните Полјаци (26:25), еден од вкупно два за целата сезона во Лигата на шампионите. Во Киелце триумфираа ракометарите на Киелце (32:27), кои на крајот го освоија третото место во Лигата на шампионите.
Во Купот на победници на купови Пик Сегед постигна забележителни резултати со пласман во полуфинале од ова натпреварување, во сезоните 1982/83, 1983/84 и 1993/4 г.
Во ЕХФ-купот Пик Сегед стигна најдалеку во сезоните 1994/5 и 2000/01, кога обезбеди пласман во четврт-финалето.
Во Челинџ-купот има пласман во полуфиналето во сезона 1995/96.
Пик Сегед со години води жестока битка со екипата на Веспрем за примат во унгарскиот ракомет. Засега без успех, за што сведочат 12-те вицешампионски титули. Минатата сезона Пик Сегед го загуби плејоф-финалето со чисти 2:0 (33:23 и 26:24).
9622_resize.jpg
Екипата претрпе измени во однос на составот со кој ја заврши претходната сезона. Пик Сегед има нов тренер, Хуан Карлос Пастор од Валјадолид, кој го замени Ласло Скалички. На Пастор ќе му помага неговиот асистент од Валјадолид, Марко Кривокапиќ.
Екипата ја напуштија: Антонио Прибаниќ (Стал Миелец), Рајко Продановиќ (Веспрем) и Даниел Будај (Орошази ФКСЕ – Линамар).
Новаци во тимот се: левите бекови Френсис Илјеш (32 години, 198 см) од Висла Плок и Владимир Врањеш (25 г., 200 см) од Адемар Леон, потоа десното крило на Атлетико Мадрид, Роберто Гарсија Парондо (33 г., 187 см) и централниот бек на Натурхаус Ла Роха, Нико Миндегиа (25 г., 182 см).
Пик Сегед ги продолжи договорите со своите клучни ракометари: Заболч Зубаи (3+2), Вадкерти Атила (3) и Габор Анчин (2+1).
Подготовките за новата сезона Пик Сегед ќе ги почне на 22 јули, кога се планирани висински подготовки на Копаоник (Србија), потоа следуваат три пријателски натпревари (Р.Н.Ловен, Темишвар и Орошази) и учество на турнирот во Добој, од 20 до 24 август.
Металург досега двапати се сретна со екипата на Пик Сегед, но и двете средби имаа пријателски карактер. Двете се одиграа во 2011 година и двете завршија со наша победа. Ги совладавме за време на летните подготовки во 2011 година, 24:20, и во групната фаза на турнирот во Добој 2011, 26:25. Ептен го шпанизирале клубов бе o_O
--- надополнето: 21 јули 2013 во 05:34 ---
Ако се пласира и Металург тогаш ќе може два пати Барселона и ПСЖ да ги гледаме во Скопје :vozbud:
 
Мене како што ми изгледа, ќе доведат уште еден пикер Металург и знаејќи како оперирале во минатото нема да ме чуди ако тоа е Стојковиќ од Киелце со едногодишен договор.
 
Мене како што ми изгледа, ќе доведат уште еден пикер Металург и знаејќи како оперирале во минатото нема да ме чуди ако тоа е Стојковиќ од Киелце со едногодишен договор.

Зашто би правеле такво нешто? Па Стојковиќ е ист тип на играч како и Ракчевиќ. Единствен плус му е што шутира пенали.
 
Мене како што ми изгледа, ќе доведат уште еден пикер Металург и знаејќи како оперирале во минатото нема да ме чуди ако тоа е Стојковиќ од Киелце со едногодишен договор.

Според нивниов „прашалник“ се преговара со пикер, ама тој пикер не е Стојковиќ од Киелце.
 
Муабети дека Червар заминува од Металург...


07/22/2013 - Металург прашува: ."Почитувани, дали е точно дека нареднава сезона е последна за Червар во Металург, како што е наведено во неговото интервју за хрватскиот портал 24сата: http://www.24sata.hr/rukomet/cervar-uzivam-u-ljetu-cuvam-unuke-i-planiram-povratak-kuci-323973, бидејќи ако не се лажам договорт на Червар истекува за 4 години од сега. Доколку е ова точно дали се работи на соодветна замена, а ако не, која е причината за ваквата изјава. Благодрама однапред на одговорот и посакувам многу успеси на Металург, се надевам и во ЛШ и оваа година, а секако и во домашното првенство"Одговор:
Лино Червар има нов четиригодишен договор. Надвор од ова немаме коментар.
 
Калман би бил одличен избор. Освен на крилна позиција може да игра и на лев бек а и одбрана е многу добар, би бил одличен за 5-1 одбрана.
 
http://www.rkmetalurg.mk/prashanja-i-odgovori/
07/22/2013 - калман прашува: ."http://www.telegraf.mk/sport/rakomet/16120-metalurg-pregovara-so-kalman дали е точна информацијата дека металург сака да го доведе калман и дека имало преговори со него? многу успеси во наредната сезона, се надевам се гледаме во лш"
Одговор:
Да, со Калман се водат преговори.
 
http://www.rkmetalurg.mk/prashanja-i-odgovori/
07/22/2013 - калман прашува: ."http://www.telegraf.mk/sport/rakomet/16120-metalurg-pregovara-so-kalman дали е точна информацијата дека металург сака да го доведе калман и дека имало преговори со него? многу успеси во наредната сезона, се надевам се гледаме во лш"
Одговор:
Да, со Калман се водат преговори.

:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom