Фан клуб - РК Металург

Неам намера да развивам дискусија понатаму по однос на ова, терајте си слободно.
Само де малце подистражете за ракометот у Македонија низ годините, нема да тропате небулози и глупости па да ви се смеат. Бар сега е лесно, сите по дома имаме интернет.

Те разбирам, ама покрај ракометот имам и многу други работи па немам време за толку кратко време да ја истражам цела историја на мк ракометот и се што сум пропуштил, затоа се трудам колку можам. Но нормално е кога човек нешто не знае и прашува, да му кажиш и објасниш, а не да му се смееш заради тоа што не знае. Ако сум правел така ќе требало да му се смеам на секој втор со кој сум водел разговор. Значи не се натпреварувам со никој тука, не сум член на навивачка група за да се контрирам со оние кои се, од првиот пост тука сум напишал дека имам најмало ракометно познавање од сите останати и која е причината за некој да ми дај таков одговор на моето прашање не ми е јасно.
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 22:30 ---
Fixed...

Која игра бе жити све, пензинерски ракомет 2 на саат со судии и плачење по весници пред и после натпревар дури и добиен натпревар... Кажи си дека си дете од провинција скоро населено во СК што си има проблем со Вардар и дека си помодар денес за Металург утре ќе биде некој трет ако има успех... (y)

И да подобро е да навиваш за еден ист тим и да си дел од него и во добро и во зло.

А ти имаш проблем со провинцијалци ?
Јас ќе бидам за Металург се додека сум во можност да ги следам во живо или на некаков електронски медиум, колку тоа ќе биди долго не зависи само од мене.
За тоа дека е најдобро да навиваш само за еден ист клуб потполно се сложуваме во мислењата.
 
Па ти види што е подобро, дали да навиваш од љубов или од досада.

Пријателов твој не го прати ракометот не ги знае македонските играчи, ама барем има некое познавање од ракометот, ти пријателе немаш ни толку во ракометот, а да не зборам колкави ти се познавањата од навивачкиот свет, пошто се јави како критичар на Комитите кои урлале, вакви муабети не се еднакви ни на оние маалските пред зграда што ги правиш.

Познавањата внатре во навивачките групи и навивачкиот свет ми се далеку од блиски и познати, но како непосреден набљудувач и секојдневен сведок на оваа појава можам да си дозволам да судам по неколку работи. Прво од присуство во живо на натпревари, второ од тоа што пратам на телевизија и интернет и највеќе од тоа што маалото каде што живеам ми е полно со "ултраси", Комити и ЦПБ. И токму поради тоа овој ваш свет може да се каже дека го следам од "прв пред" , секојденвно.
Излегуваш во маало и ете ги идиотите, сите начукани во 8 саат и тргаат накај парк да бараат ш*****и/аеродромци да ги тепаат. А ако не отидат надвор од маало, бараат да кршат и уништуваат нешто што им се наоѓа во близина. Ете тоа ви е цел навивачки свет + имате еднаш неделно одење на трибини да се издувате. Нешто слично ко лудаците од Бардовци што еднаш неделно имаат прошетка во природа, да видат нешто различно од белите ѕидови.
Баш од овие причини секогаш сум ги презирал и ми биле одвратни тие ваши ултраски филмчиња што си ги правите. Сакам навивање, сакам полни трибини, сакам да гледам спорт. Али сакам спортот да го гледам како што се гледа. А не да отидам на трибини и да се плашам да навивам за тимот за кој што го поддржувам од такви како вас

А за другиот дел од твојот пост, за моето познавање на ракометот и воопшто спортот можам да ти гарантирам дека за тебе и 99% од јужна сум проф.-др.
 
Па ајде веќе кога прашуваш. За разлика од тебе, што си почнал да навиваш за Металург бидејќи најверојатно си студирал во Скопје, па од досада, си излегол пред зграда, си тепал време и си станал верен фан на тимот. Ок, си станал јас немам ништо против, убаво е тоа, никогаш не е касно (и покрај тоа што се убедуваше со мене кој имал повеќе утакмици изгледано...ок, не е битно) но што заклучивме? Ти си станал фан на Металург од досада бе пријателе, никаква емоција за тимот, никаква традиција, чисто онака од досада, да си тепаш време.Јас нормално дека ќе навивам за клубот кој што навивал татко ми, дедо ми, во тоа време сите навивале за ФК Вардар, татко ми ме носел на утакмици уште пред да дојде време да ме носи на училиште, како мал не сум испуштал домашна утакмица со татко ми, сум го засакал тимот, свесен сум бил каква историја и традиција има клубот, свесен сум бил дека Вардар е синоним за оваа држава, колку сакате негирајте го тоа, за некој од странство познато ќе му биде името на Вардар, како клуб од државава, сигурно не Турнво, Дрита или Напредок Кичево...И кога јас од мал сум го прател Вардар, за кого да навивам за Ренова,Куманово,Осогово?

Па ти види што е подобро, дали да навиваш од љубов или од досада.

Пријателов твој не го прати ракометот не ги знае македонските играчи, ама барем има некое познавање од ракометот, ти пријателе немаш ни толку во ракометот, а да не зборам колкави ти се познавањата од навивачкиот свет, пошто се јави како критичар на Комитите кои урлале, вакви муабети не се еднакви ни на оние маалските пред зграда што ги правиш.

Друже грешка си дека гледам од досада, зошто немам време за да ми биди досадно, напротив јас одземам време од она што ми е потребно за решавање на моите проблеми и обврски, за да го следам Металург. За разлика од тебе јас плаќам влезници за да гледам, а за тоа кој колку натпревари има изгледано се однесуваше само за оваа сезона.
 
Ајдеее сега и кој колку пари трошел :eek:
Па за разлика од тебе јас и на гостувања идам, за разлика од тебе јас навивам и за ФК Вардар, па секоја втора недела давам минимум по 300-400 денари. Па нормално дека и понатаму ќе давам, од се можам да скратам, ама за утакмици нормално нема да ги жалам.
Добро ако важело само за оваа сезона :X3: и покрај тоа што не верувам дека имаш повеќе утакмици гледано од мене, не е ни битно, исто како што за тебе не е ни битно дека вкупно едно 15 пати повеќе од тебе сум гледал :LOL:
 
Се извинувам, мислев дека си во комитите и дека влегувате без пари.
Ако се сеќаваш не реков повеќе туку дека бројот на пропуштени натпревари ни е тука некаде.
А за тоа дека вкупно си гледал 15 пати повеќе утакмици од мене, а во живо можи и 30 пати, не се сомневам дека е така.
 
Очигледно мора по 2 пати, ајде сега пробај.
Па за разлика од тебе јас и на гостувања идам, за разлика од тебе јас навивам и за ФК Вардар, па секоја втора недела давам минимум по 300-400 денари.

Ако не можеш да сфатиш батали, ајде поздрав :)
 
Очигледно мора по 2 пати, ајде сега пробај.

Ако не можеш да сфатиш батали, ајде поздрав :)

ОК, можи не ги читаш воведните зборови па ајде ќе напишам во третиот ред
СЕ ИЗВИНУВАМ
Твоите натпревари за ФК вардар не ме интересираат, овде зборуваме за РК вардар. Сигурно не одиш на гостувања во Србија, Хрватска, Словенија итн , така да......
Тоа со влезниците требаше да биди еден од моите одговори на твојата претпоставка дека гледам од досада во салата пред зграда, а не дека давам повеќе пари од тебе за следење на ракомет, тоа воопшто не ме интересира.
 
На темава Вардар вс Металург само сакам да се убацам во дискусијава и да кажам дека се надевам дека на натпреварите на РК Вардар во ракометната сала ќе има само навивачи што прв тим за кој што навивале во животот е РК Вардар. Не тие што почнале за ФК Вардар па пошто има исто име и за РК Вардар.Не тие што ќе отидат во салата бидејќи сакаат да навиваат за македонскиот претставник во ракометната ЛШ. Не тие што уживаат во ракометот како независни навивачи.Не тие што одат на натпреварот само пошто другар/дечко/девојка ќе оди.
Исклучиво хардкор навивачи на РК Вардар сакам да бидат дел од натпреварите во ЛШ сезонава.

Ова пошто лани "комитиве" се бунеа што Борис Трајковски бил полн со не-навивачи на Металург и што се бунат што навивачите на Металург имале причина за навивање за Металург а тоа била што имале богат газда со големи очекувања од играчите и тоа што тимот имал добар маркетинг ? :eek:

Иначе за разлика од Стиви Џи и другиве што постираат во темава не се сметам за навивач на Металург.
 
Иронија е на тема за Металург, највеќе да ги има фановите на Вардар. Си имате тема за Вардар, таму што сакате пишувајте си, не може во туѓа тема да изигравате шерифи.
Ај прекинете со оф топик мислења.
 
Не бе клубот да му плати отштета:facepalm:

Останува да се договориме за обесштетувањето

Тој неделава треба да добие одговор од клубот за висината на обесштетувањето за да биде слободен играч

Кој како ќе го сфати, затоа пишав и толку прашалници, од првото читање јас го сфатив така, зошто овде не се спомнува со кој клуб ќе преговара така да различни клубови можат да понудат различни суми на пари за да го купат. Останува уште опцијата тој сам да си го откупи договорот за да стани слободен играч, што не ми беше баш многу веројатна.
Очигледно како и на некои други тука и тебе највисокиот дострел ти е да ставиш:facepalm: на нечие мислење.
--- надополнето: 1 јули 2013 во 00:28 ---
Не,не следниот клуб што ќе го земе треба да плати оштета на Металург ако сака да го има во своите редови.

Да да тоа е нормално, но за тоа нема што Станич да преговара со клубот, треба некој друг клуб да преговара со Металург.
 
Златко Мојсоски, тренер :eek:
 
Останува да се договориме за обесштетувањето

Тој неделава треба да добие одговор од клубот за висината на обесштетувањето за да биде слободен играч

Да да тоа е нормално, но за тоа нема што Станич да преговара со клубот, треба некој друг клуб да преговара со Металург.

Па ко што рече и самиот.Станиќ може сам да си го откупи договорот.Нормално прашањето колку Металург ќе бара оштета,со оглед дека Гепинген лани бараше 500 000 евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom