Не знам што имате против тоа да земаат млади деца (таленти) во нивната школа, сигурно не би сакале тие деца така да пропаднат, на пример не верувам дека Струга или било кој клуб би пружил услови како што моментално има Металург, или Вардар, без разлика.
Подобро за ракометот кај нас е ова.
Немаме против да ги земаат, и јасно е дека подобро ќе се развијат во Металург
Но работата што ќар има Струга како расадник на талентиве???
Ги тренираш од 6-7 години до 15-16, му ги даваш основите на ракометот и се вложува голем труд во нив
бидејќи најбитните работи се учат додека се мали, а се потоа се финеси и тактики...
И така Струга ги развива децава и тамам да заиграат за прва екипа доаѓа Металург и ги зема за без пари...
Епа не може тоа така да оди, Металург да си прави пари на нив а Струга да кисни во втора лига (иако еве влеговме во Супер лига) и да се мислат како да ги платат судиите, како да се обезбеди комбе и дали ќе има пари да им се даде по еден ручек на ракометарите на гостовање или да си носат пари од дома...
Штета што не се вложува кај нас и сите пари се во Скопје ама тоа е...
Исто така и Костески ни го земаа Металург без пари...
Прва полусезона Струга беше без пораз и дечкото даваше по 10 гола на натпревар, и си го земаа Металург и едвај обезбедивме бараж, а кога беше тој тука ги победивме на Радовиш 15 разлика на домашен терен...
Не дека го бранам Вардар ама пред 3-4 сезони кога имавме јака генерација младинци(Ојлески, Маркоски, Кукоски, Блажевски, Ангеловски) за сите играчи Вардар си плати одредена сума на пари и со тие пари РК Струга живуркаше 2 сезони...
Поздрав
