Фан клуб - РК Металург

Добри му беа потезите со замените на Лино, само фората е што замените се катастрофа. Левов,Додер,Златко Мојсоски..... Со овие тројца у екипа многу послаби екипи би го запреле нападот на Металург. Не ми е јасно зашто упорно се форсира Левов на бек кога е труп жив... Катастрофа изиграа во напад комплетно цел натпревар. Без идеја без акција, све на сила со обиди за соло пробив. Така против батињата од Горење тешко. У џеб ги ставија. Најсмешно ми беше кога у напад Металург имаше 3ца бекови метро и 80 едвај високи :facepalm: Левов,Мојсо и Филип.... Само добрата одбрана ги држеше во игра денеска. Да не се опуштеа на крај Словенците можеше и полошо да пројдете. Манасков класа беше денеска, освен 1 престап глуп што го направи другото супер. Не утна мислам.
Со Гоце у одбрана ко играч помалце да имате у поле. Колку голови само паднаа по таа страна....

И Димовски зашто не влезе ич ? Нешто повреден е или ?
 
Без жалење на судии.За намерниот бокс на Велко во нормална ситуација се добива црвен директен и после тоа и од федерација најверојатно казна неколку натпревари да не игра.
 
Денеска беа послаби од аматери, катастрофа во секој поглед. Велко Маркоски ме разочара со потегот, за она требаше доживотна забрана, а не 2 мин, Миркулоски врска си немаше заради него и тие двете топки како по јајца шо ги подаваше му напраја поголема разлика на брзина и ги исфрлија од игра. Во напад кога ке оди само се турка меѓу нив и чека 9 метри да судат. А после светсково се плашев да не му текни на некој да игра поагресивна одбрана понапред на Мојсоски и Миркулоски, оти ко ќе му излези некој пред нив на овие двајца најверојатно страв ги фаќа. Ако на ова додајш уште еден фластер на Вугринец, комотно можи да му фрлат од на клупа по еден фотоапарат и да се сликат( како шо беше и денеска). Досега стравував за второто место, од денеска стравувам за третото како шо тргнала работава. Не знам колку пари има газдава за фрлање, вака со овај буџет и трансфери и Лига на Шампиони шо играт е доволно.
 
Се изнапиша глупости. Судииве беа катастрофа и скоро како и секогаш судеа во полза на домаќинот. Металург имаше дупло повеќе исклучувања. Лино денес беше одличен правеше тактички замени кога виде дека паѓа ритамот и се на се и катастрофалното ЕП, повредите и заморот си го прават своето и тие се причината за поразов. Крилата од позиционен напад денес немаа промашај, Манасков се од позиција реализираше исто како и од контра. А за во напад и тоа како имаат џокер тоа е новиот Игор Маркович, можеби ќе му треба време ама може таков шутер добро да дојде во завршницата која ќе се бијат копјата на четири трона од кои три за титула. А Козлина одсекогаш бил повеќе одбрамбен играч, Лино го користел во недостиг на ротација во напад.


Судиите беа и тоа како наклонети кон Металург. Премногу толерантни во одбрана, пеналите прелесно ги свиреа, имаше и гол од престап на Манасков кој го простија (исто и простија еден престап кај Словенците).

Дали овој Маркович ќе биде џокер не знам, денеска не беше. Ниту тој, ниту другите измени кои ги направи Лино. А тоа и го потенцирав у првиот пост, Металург нема играчи кои би потегнале, тоа е факт. Дали ќе го биде новодојдениов ќе видиме.

Али јебига, не сме гледале ист натпревар. Ти си го гледал со очите на Левче, јас како неутрален.
 
Постојат моменти кога освен тоа ''Ајмо момци'' не може ништо друго да се каже. Па прајте муабет као демек на секој тајмаут мора тактика и стратегија да се каже. Кога губиш 5 разлика, вие очекувате да земе да црта некаков план?
Малце чудни сте.
 
Тој е рецептот за успех и во репрезентацијата...меѓутоа поголем проблем е тоа шо треба да се форсира нова филозофија т.е модерен ракомет...ако не ќе се задоволуваме со 3то место во група и 1/8 финале на светско
 
Јас мислам дека сигурни за останување се Станиќ, Ракчевиќ и Вугринец... Во текстот пишува дека Металург ќе ги игра со четири странци, е дали ќе донесат некој нов, или ќе задржат некој од старите, останува да видиме.
 
Абе нека одат еве Додер,Батиновиќ и Козлина(кој за жал се покажа дека е играч само за СЕХА таму си брца по 5--6 голчиња а во Л.Ш. нигде го нема) :unsure: Тој Мандиќ ќе видат како ќе се покаже,па ќе одлучат дали да го пријават за Л.Ш. следна сезона.
Ете им ги тие 4 странци -.

Само што не треба да се размислува така,реално Станиќ,Вугринец па и Ракчевиќ не одат нигде што според нивната логика ќе остане место за уште еден странец.

Искрено треба веќе да почнат да размислуваат за чекор два подалеку од 1/8.
Редно време е Минчо да одврзе кесето и да го засили ама мислам ЗАСИЛИ тимов.
Ненормално добро би легнале Чупуќ,Кире и Балиќ во тимов. Со овие тројца можат и за титула да размислуваат.
Бтали женски тим фудбалски тим,тури им курот не фрлај таму пари. Голман ко Станиќ и тренер ко Лино нема да траат вечно. Треба максимално да се искористи ситуацијава,со тие тројца би имале дрим тим.
 
Можеби целта на Минчо е друга, пласманот во ЛШ е на второ место…
 
Можеби целта на Минчо е друга, пласманот во ЛШ е на второ место…
Што подразбираш под друга ? Домашно освојува неколку години по ред....

Инаку на Миркуловски му се родила ќерка,нека му е жива и здрава. :)
ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ СТАНА ТАТКО. МАЛАТА ЈОВАНА Е НОВИОТ ФАН НА МЕТАЛУРГ.

Огромна радост во семејството Миркуловски !
Филип и Благица добија прекрасна ќеркичка Јована. Породувањето е извршено во елитната приватна болница “Ре-Медика“, денеска наутро.
Еве ги изјавите на пресреќните родители:
Благица Миркуловска: “ Јас и бебето се чувствуваме одлично. Породувањето помина во најдобар ред благодарејќи на стручниот тим на општата приватна болница “Ре-Медика“, предводен од д-р Симонида Котларова Попоска. Пресреќни сме и можам да кажам дека од денес Филип Миркуловски ќе има уште еден фан на трибините“.
Филип Миркуловски: “ Многу возбуден и многу среќен, така се чувствувам во моментот. Благодарност до “Ре-Медика“ за врвните услови што ги нуди. Сега имам мотив повеќе да постигнувам поголеми спортски резултати во дресовите на Металург и на македонската репрезентација. Посакувам секој да го доживее ова чувство“.
Филип утре наутро лета за Чехов, каде в сабота игра натпревар во рамките на ЛШ.
Металург и посакува на малата Јована долг и среќен живот, а на пресреќните родители уште многу среќни моменти.
Инаку, Филип и Благица се заедно 11 години, уште од средното училиште, а заедно биле и на факултет и заедно дипломирале. И двајцата го сакаат спортот. Благица активно играла кошарка кога била во средно, а сега им се радува на успесите на Филип. Се венчаа на 24 јуни, минатата година (види Тука )
mirkulovski-foto-banskoliev4_resize.jpg

Кај си бе жено бе да ти еам. :icon_lol:
mirkulovski-foto-banskoliev6_resize.jpg

Балони и турска серија FTW ! :pos:
mirkulovski-foto-banskoliev1_resize.jpg

:love:

Инаку не се сите во љубовен фазон,остатокот од тимот вчера отишле да ги пуштат во употреба лозовите насади или :D
МЕТАЛУРГ НА ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗАКРОЈУВАЊЕ НА ЛОЗОВИТЕ НАСАДИ ВО ВИНАРИЈАТА СТОБИ.

Лесна работа на лозарите и бериќетна година беа дел од желбите искажани на традиционалното закројување на лозовите насади на денот на Св. Трифун во Винарија Стоби.
Традиционалниот начин на закројување на лозите, по верската литургија, продолжи со голема прослава приредена за бројните гости, за лозарите, енолозите и за сите љубители на вино. Меѓу гостите беа комплетниот тим на Металург, тренерите и дел од раководството на екипата.
Од денес па се до Гроздоберот нашата мисла е во лозјето – нашиот најголем адут. На овој ден со „Молитвата на Свети Трифун“ ја започнуваме 2013 година за нашето вино. Оптимистички верувам дека оваа година ќе биде плодна и искрено им посакувам лесна работа на лозарите во престојната сезона“, изјави директорот на холдингот Перминдекс, во кој влегува Винаријата Стоби, Никола Деребанов.
Во Барикот на Винаријата Стоби се одржа изложба на уметнички дела на Цветанка Јованова. Исто така, бројните гости имаа можност да уживаат во концертот на групата Баклава. Како дел од гостите беа министерот за земјоделство Љупчо Димовски и Јан Јубан, претставник од Интернационалната асоцијација за грозје и вино.
shuki1_resize.jpg

ај наздравивне,ај се напивне,убо е ајде сега да прајме журка. :icon_lol:
shuki3_resize.jpg

Вугринец:ех јас кога кроев лозје на времето.
426105_415292635229055_1614023774_n.jpg

Попов најдесно рејбан цвикера,сигурно го носи лап топот во неговото срце. (y)
shuki4_resize.jpg

Ракчевиќ секогаш окезен.....иначе овој Мандиќ не е муслиман ? Што го тролаат со свеќиве,крстовиве. :icon_lol:
32173_415293418562310_1525718457_n.jpg

563113_415293251895660_970804352_n.jpg


:)
 
Што подразбираш под друга ? Домашно освојува неколку години по ред....
Не е се во титулите, Червар беше донесен за да се развиваат млади играчи, не за да се купуваат странци. Со работа, успесите ќе си дојдат сами.
 
Сега за сега доста добро играат, +7 на гостински терен, и не е така лошо, од публика притисок немаат, играат во празна сала.
Се надевам ќе немаат никакви проблеми за да освојат 2 бода од гостувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom