Тие година-две ќе бидат малку подолги.На нас до 97 годиште ни се изгубени генерациите....
Единствено Маџовски 94 годиште и тој Неловски мислам дека беше што го спомнуваат се потенцијали.
Заедно со Манасков,Столе и браќата Маркоски и Борко треба да ни се столбот на екипата за 3-5 години. Тоа е преслабо,посебно ради тоа што тие првите двајца не се ни знае што ќе испадне од нив затоа што се многу млади.
Вардар и Металург заедно имаат само двајца млади ракометари во составите.
Многу пати Лино потенцираше дека имал сјајна генерација во вториот тим,играчи над 2 метра....шо се иднината на клубот...
Шо знам.не би се сложил толку,посебно по она шо го видов од Металург Јуниор на дуелот со Битола пред некој ден...

Беа прегазени од речиси нивни врсници....иако Битола има неколку поискусни играчи во составот..кои иако имаат искуство немаат квалитет.....
Пред тоа и од Пелистер..
Се покажаа во Куманово каде загубија минимално....
Сепак за толку фален тим,и потенцијал шо е во најава не би требало да имаат такви порази...иако поразите не се репер за квалитет. на одредени играчи..
Ќе видиме има време за некои деца да пркнат,ама треба да имаат јаки утакмици...
Можеби треба некое дете да биди уфрлено во прв тим и да игра СЕХА утакмици,да се челичат..
Во нашата лига тешко се создаваат играчи....посебно не во втора екипа која игра само рекреативно.....
Ако дремат во втор тим без да добијат шанса тешко дека ќе бидни нешто од нив...
Треба Металург да учи од Хрватите,сите големи играчи на Загреб беа фрлани во оган уште на 17,18 години....Дувњак,Хорват...и останата компанија...
На 25 години не се прај играч...
П.С.
Околу мечот денес...
Загреб не е толку слаб за разликата со која изгуби...ова не е реален одраз на силите,во никој случај....
Видоа дека немаат шанси и едноставно не се форсираа во второ полувреме,евидентно беше...
Во ЛШ е сосема друг тим од овој денешниот....