Фан клуб - РК Металург

Абе навивачиве на РК Металург, за кого навиваат во фудбал, за ФК Металург или за ФК Скопје?
 
Абе навивачиве на РК Металург, за кого навиваат во фудбал, за ФК Металург или за ФК Скопје?

за фк скопје:salut:
иначе за натпреварот со вардар во купот браво за металург се виде дека го остаеја срцето на терен:bravo:
 
ПОСТОЈАТ РЕАЛНИ ШАНСИ ТРОФЕЈНИОТ ХРВАТСКИ ТРЕНЕР ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЛИНО ЧЕРВАР НА КОРМИЛОТО НА МЕТАЛУРГ?

Според последните неофицијални информации околу најжешкото, тенерското прашање, изгледа дека Металург спрема вистински трансфер бум за кормилото.
Лино Червар, најтрофејниот хрватски тренер и творец на шампионската репрезентација на Хрватска е најсериозниот кандидат за местото шеф на стручниот штаб на Металург.
Металург не потврдува ниту демантира како стојат работите на овој план, Червар во моментов е сред квалификациски циклус со репрезентацијата на Хрватска, па официјална информација не постои.

Но, тој повеќе не е ангажиран со екипата на Загреб, а не е ниту ангажиран на хрватската политичка сцена, па реално нема причини од таа страна гледано да не може да дојде во Македонија.
Од друга страна, спонзорот на Металург, Минчо Јорданов, потврди дека план на клубот е да доведе светски признато тренерско име, стручњак кој а авторитетен и кадарен не само да води екипа, туку и да едуцира тренери кои по тоа ќе продолжат со работа во клубот.
Јорданов не прецизираше за кој тренер станува збор, но името на Лино Червар се почесто се врзува со Металург и воопшто веќе нема да биде никакво изненадување доколку деновиве добиеме и официјална потврда за ангажман на хрватскиот селектор.
Се случи ли тоа, уште пред да почне сезоната ќе можеме да констатитраме дека ракометот, барем во еден сегмент ќе оди ниво погоре. Посебно битна е стратегијата за подигање на квалитетот на тренерската фела, за што досега многу малку се водеше сметка.
Тренерската организација е далеку најслабоорганизираната во ракометното семејство, квалитетни семинари се вистинска реткост кај нас, за следење на европските трендови не може да стане ни збор, странски сминари и потесна соработка со кормиларите на другите екипи се сведува на дела на тренери кои можеме на прсти на една рака да ги изброиме. Сето тоа се одразува на развојот на играчите и се потешко се вадат талентирани играчи, а и десетина години по воведување на правилата за "модерен" ракомет, малку екипи можат да се пофалат дека имале напредок на тој план.
Селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ досега беше најчесто споменуваното име кога се зборуваше за позицијата тренер на Металург. Но, премногу се оддолжи целата таа работа. Тактизираше српскиот стратег, се крена многу врева и овде и во српските медиуми, но епилог никако немаше. Во еден момент и Касим Каменица беше споменат како можно решение, но и таа варијанта брзо пропадна.
Лино Червар за прв пат пред неколку месеци беше споменат низ кулоарите, за веднаш да стигне информација дека таа опција е многу тешко остварлива. Се досега, сега одново името на хрватскиот тренер е во игра и тоа многу посерзионо отколку претходно споменатите тренери.
Во секој случај, во теков на неделава ќе треба се да излезе на виделина.
 
Лино Червар нов тренер, Науче Мојсовски нов организатор на играта!

Наредната година ке гази Металург. :)
 
Мојсовски: Вардар немаше амбиции за Европа

prazno.gif
prazno.gif
24.06.2009
naumce-mojsovski1.jpg
Наумче Мојсовски
Иако ја загуби шампионската титула во домашни рамки, па нема да игра во елитната европска конкуренција, туку само во Купот на куповите, Металург е цврсто решен веднаш да се врати на македонскиот ракометен врв и да игра значителна улога на меѓународната сцена.
Затоа, веста за најскапиот трансфер во нашиот ракомет, преминот на Наумче Мојсовски од Вардар Про во Металург не е изненадување.
Македонскиот репрезентативец најавува оти неговиот нов клуб подготвува и нов потрес - нов тренер сигурно ќе биде Хрватот Лино Червар.
Претпоставувам спортскиот елемент е оној главниот што те водеше во Металург иако ја пропушташ шансата оваа година да играш во Лигата на шампионите. Сепак што е тоа што од Вардар те однесе во Металург?
„Мислам дека оваа година има големи шанси да се направи добра европска екипа, тоа прво го разговарав со Михајло Михајловски, претседателот на Вардар. Немаше некои амбиции за звучни засилувања, а знаевме дека ќе играме во Лигата на шампионите“, изјавува младиот Наумче Мојсовски.
„Тука беше првата пречка што не останав во Вардар. Моето потпишување во Металург се случува и со барање на новиот тренер на Металург, Лино Червар. Негов приоритет по доаѓањето во Металург беше моето донесување таму“, вели новото засилување на Металург.
Претпоставувам дека и финансискиот аспект не е за потценување, сепак ти си професионалец?
„Па да, не е за потценување да се направи таков трансфер од Вардар во Металург, треба да има и добра финансиска поткрепа. Знаеме какви се ривалите и времето поминува така да на крај се бројат финансиите“, вели Мојсовски.
Без разлика што нема да игра во елитното ракометно натпреварување. КПК и домашните трофеи, пред се шампионската титула се приоритет. Ке има ли Металург сега сили и квалитетен тим за такво нешто?
„Се надеваме дека ќе има, како што знаеме потпишале со нови два играчи. Се очекуваат и два-тројца нови играчи и се очекува опоравувањето на Ванчо Димовски. Металург го имаше костурот, значи тука се репрезентативци, Борко Ристовски, Ѓоргоновски, Миркуловски, Филип Лазаров, така да не е од почеток и се надеваме на тоа европско финале во КПК и враќање на титулата во првенството“, изјави младиот Наумче.


Извор: А1
 
Минчо Јорданов го одврза бајги кесето како што гледам бајги квалитетни играчи ќе донесат во тимот плус Лино Червар супер тренер, ај за убаво нека е да имаме еден тим барем асален.
 
Oва со Лино Червар највеќе ме радува. Плус и Наумче Мојсоски, така да може да очекуваме некој подвиг на Металург во Европа, како што направија Македонија на светското. Гледам и неколку ракометарки од Кометал преминуваат во Металург, така да конечно ќе имаме нов, стабилен, добар тим во првата македонска женска лига, доста веќе е 18 години да ги гледаме Кометал како го подигаат пехарот.
 
slednava sezona dvojna kruna ne mu bega na metalurg

Bozidar Markicevic i Dusan Milicevic se blizu do potpisuvanje so metalurg
 
Па ако останат во ист состав сигурно не им бега. Само не ми е јасно Вардар што се обидува кога веќе на овој начи не е достоен противник и најмалку од се, за настап во Лига на Шампиони.
 
slednava sezona dvojna kruna ne mu bega na metalurg

Bozidar Markicevic i Dusan Milicevic se blizu do potpisuvanje so metalurg
Од денес официјално и двајцата се нови членови на Маталург,а во преговори се со уште еден десен бек со што ке завршат со засилувањата
 

Штета да дојдеше Лино Червар во Македонија ќе беа без конкуренкција...И во Европа ќе беа многу јаки...

Според изјавата денес што ја читав во неколку портали и весници самиот Лино Червар вели дека не завршил со Металург и дека во наредните денови ќе дојде на преговори во Скопје и покрај тоа што ќе ја води репрезентацијата на Хрватска до август идната година така да нема потреба за паника Лино сеуште е во игра а доколку не успеат да се договорат двете страни Металург повеќе од сигурно ќе се сврти кон Јовица Цветковиќ кој е добро познат на македонската јавност:salut:
 
Според изјавата денес што ја читав во неколку портали и весници самиот Лино Червар вели дека не завршил со Металург и дека во наредните денови ќе дојде на преговори во Скопје и покрај тоа што ќе ја води репрезентацијата на Хрватска до август идната година така да нема потреба за паника Лино сеуште е во игра а доколку не успеат да се договорат двете страни Металург повеќе од сигурно ќе се сврти кон Јовица Цветковиќ кој е добро познат на македонската јавност:salut:
ЕВЕ
Червар ги мести коцките и за Металург


Хрватскиот ракометен стратег Лино Червар го продолжи селекторскиот договор со „коцкестите“ за уште една година, до завршувањето на ЕП 2010, но тоа нема да го одвлече максимално вниманието врз неговите преговори со македонскиот клуб Металург.
Иако хрватските медиуми најавуваа дека Червар наскоро ќе ја напушти селекторската функција, овој стручњак успеа да се договори за продолжување на соработката за уште една година.
- Задоволен сум од постигнатиот договор, сега ќе можеме далеку помирно да се сконцентрираме на подготовките за претстојното Европско првенство - изјави Червар по продолжувањето на соработката со Хрватската ракометна федерација.
Иако се претпоставуваше дека со ваквиот развој на настаните Червар и дефинитивно ја отфрла можноста за преселба на кормилото на Металург, одличниот стратег во изјава за „Шпиц“ откри дека наскоро ќе дојде во Македонија на нова рунда преговори со овој клуб.
- Тоа што потпишав нов договор како селектор на Хрватска не претставува нерешлив проблем во преговорите со Металург. Не би можел да откривам повеќе детали, се ќе биде познато по моето доаѓање во Скопје на разговори со претставниците на македонскиот клуб. Се ќе зависи од нивниот став и од нивното расположение во преговорите - истакна за „Шпиц“ шампионскиот селектор на хрватската репрезентација.
Неофицијално дознаваме дека Червар во преговорите со Хрватската ракометна федерација инсистирал да му биде дозволено истовремено да работи и во Металург, и по многуте разговори на крајот успеал да го убеди претседателот Санди Шола да му ја исполни оваа желба. Спротивно на ова, Червар претходно изјавуваше дека репрезентацијата на Хрватска не е селекција со која може паралелно да се води и друг клуб.
Останува да се види како во целата оваа приказна ќе се пронајдат челниците на Металург, ако се знае дека Червар сигурно ќе има обврски кон хрватскиот национален тим во пресрет на Европското првенство, кое ќе се одржува во Австрија од 19 до 31 јануари следната година. Со оглед на фактот дека во тој период во македонскиот ракомет трае зимската пауза, „металурзите“ по се изгледа би биле подготвени да му дадат „дозволено отсуство“ на Червар во траење од околу два месеца, се со цел да го убедат овој трофеен тренер да пристигне во Автокоманда, или како тренер или како советник во стручниот штаб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom