Фан клуб - РК Металург

заслужена победа.
mora da se pravi konkurenten tim,ili vaka vardar ke stane stalen pacient na metalurg...
ne pamtam vaka mal broj na golovi vo eden meguseben mec,da pomisli covek deka e izigrano samo 1 poluvreme!
vo sekoj slucaj se gleda deka metalurg e podobar...:toe:
 
Заслужена победа на екипата на металург...се докажаа уште еднаш дека заслужуваат да бидат на врвот покажувајки дека во Македонија немаат конкуренција ..секоја чест
 
mora da se pravi konkurenten tim,ili vaka vardar ke stane stalen pacient na metalurg...
ne pamtam vaka mal broj na golovi vo eden meguseben mec,da pomisli covek deka e izigrano samo 1 poluvreme!
vo sekoj slucaj se gleda deka metalurg e podobar...:toe:

За стален пациент не верувам, засега Металуг е многу по силен, а за квалитетот на играчите тука можеби не е посилен Металург. Играчите на Вардар еуште не се познават меѓу себе како би рекол а не да играт дерби со Металург. Да почекаме, и Вардар има квалитетни играчи само треба уигравање и тренинзи. Се надевам дека во иднина ке гледаме многу по интересни дуели на Вардар и Металург.
И двете екипи играат во Регионалната лига, па и таму ке се сретнат, се надевам со други судии (странски) па ке биде интересно за гледање.
 
Добро одиграна утакмица денес...Честита нека ви биде победата
 
Имав шасна да ги гледам Гепинген вечрва на ДСФ///....
И Доминик Клајн го зеле од Кил....браво,браво...
Навистина се силна екипа..и Металург ќе треба да се надмини доколку сака да направи нешто повеќе во дво-мечот...
Доста компактна екипа...добро се покриени на сите позиции...малце чкрипат на десен бек...играат најчесто со десњак на таа позиција....
Леле,леле какви бекови имаат чудо нешто,разбивачи......:sport1:
Технички се одлично потковани...ДОСТА ЦВРСТА ОДБРАНА...со супер искусниот голман од Босна.,...Тахировиќќ...:sport1:...
Ќе треба Металург да приземи некој играч зимава...ако сака да се надева на изненадување...
 
Никола Стојчевски, ново засилување за РК Металург

Средниот бек Никола Стојчевски, по пробен период од десет дена, го задоволи вкусот на тренерот Лино Червар и потпиша договор со ракометниот клуб Металург, за период до крајот на сезоната. Стојчевски се пчекува да биде алтернатива за ударните Мојсовски-Миркуловски. Ако играта на, 26 годишниот, Стојчевски, ги задоволи барањата на Лино Червар, предвидена е можност за продолжување на договорот. Со потписот на Стојчевски, продолжи тенденцијата на Металург за собирање на најквалитетните македонски играчи во клубот.

Стојчевски, со ракометната топка другарува од своја 12-та година. Своите почетоци ги има во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар ПРО. Последните неколку сезони игра во странство, и тоа, прво во Осиек, а потоа во Клуж Напока и Енергија Пандури од романското првенство.

По повод враќањето во домашната лига, Стојчевски во интервју за официјалниот веб сајт на РК Металург изјавил:

"Сакав да играм во Македонија, и немав никаква дилема околу изборот на клубот. Металург е наш најдобар и најорганизиран колектив. Тука играат најдобрите македонски ракометари, а ги води најдобриот тренер во државата."

"Се надевам дека можам да помогнам со својата игра, и да дадам свој придонес во идните успеси на клубот. Металург ќе стане респектабилно име во европскиот ракомет. Засега добро сум прифатен и добро соработувам со соиграчите, кои повеќето ги познавам од порано." - изјави Стојчевски.

Одличен играч, според мене далеку подобар од Миркуловски. Има страшна техника и неверојатни движења, одличен избор на Лино Червар :pipi:
 
Нема да зажали Металург сигурно за тоа што го повика да игра за нив ...Го гледав пред 2 сезони кога играше за Пелистер на 2 утакмици и изигра одлично ...
 
Изгубиле Металург од Цеље 10 разлика,26-36 мислам во пријателска утакмица.
 
Дали некоја телевизија најави пренос од мечот Гепенген-Металург?Знае некој...?
Утре е утакмицата...само не знам точна сатница...
 
За спорт немаат пари, парите сега се во турските серии кои ги купуваат според принципот плати една, доби десет... :) МИЗЕРИЈА!
 
Штета....
По подолго време...Македонски тим игра со Бундес тим...
И ќе беше одлично да се оди со директен пренос од утакмицата,ама нејќат да платат нашите бедни телевизии....:kesa:
Гепинген е доста силен тим,посебно на домашен терен....се наоѓаат при врвот на најсилната лига во светот...
Во средата добија директен дуел за пласман во Европа,на гости го добија Лемго со 3 разлика 30-27..
Лемго важи за доста незгоден тим.....

За мечот..
Секој резултат,и пораз под 5 разлика би го сметал за успех во моментот...
Па после во реваншот да се проба да се победи,макар и минимално..и една победа против ваков тим ќе претставува огромен успех...
Се ќе зависи од утрешниот меч,искрено не верувам дека Металург ќе им се спротистави на Германците,но сепак спортски е да се надеваат ...
Доколку се разигра некој од останатите играчи(освен Мојсо секако)...има простор за некаков отпор и добар резултат...
Секако и важен фактор е како ќе избрани Диви....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom