- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.940
- Поени од реакции
- 16.238
15-18 победа на Металург, ама малце голови за едно „дерби“ :S
mora da se pravi konkurenten tim,ili vaka vardar ke stane stalen pacient na metalurg...заслужена победа.
За стален пациент не верувам, засега Металуг е многу по силен, а за квалитетот на играчите тука можеби не е посилен Металург. Играчите на Вардар еуште не се познават меѓу себе како би рекол а не да играт дерби со Металург. Да почекаме, и Вардар има квалитетни играчи само треба уигравање и тренинзи. Се надевам дека во иднина ке гледаме многу по интересни дуели на Вардар и Металург.mora da se pravi konkurenten tim,ili vaka vardar ke stane stalen pacient na metalurg...
ne pamtam vaka mal broj na golovi vo eden meguseben mec,da pomisli covek deka e izigrano samo 1 poluvreme!
vo sekoj slucaj se gleda deka metalurg e podobar...
Нема да зажали Металург сигурно за тоа што го повика да игра за нив ...Го гледав пред 2 сезони кога играше за Пелистер на 2 утакмици и изигра одлично ...Никола Стојчевски, ново засилување за РК Металург
Средниот бек Никола Стојчевски, по пробен период од десет дена, го задоволи вкусот на тренерот Лино Червар и потпиша договор со ракометниот клуб Металург, за период до крајот на сезоната. Стојчевски се пчекува да биде алтернатива за ударните Мојсовски-Миркуловски. Ако играта на, 26 годишниот, Стојчевски, ги задоволи барањата на Лино Червар, предвидена е можност за продолжување на договорот. Со потписот на Стојчевски, продолжи тенденцијата на Металург за собирање на најквалитетните македонски играчи во клубот.
Стојчевски, со ракометната топка другарува од своја 12-та година. Своите почетоци ги има во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар ПРО. Последните неколку сезони игра во странство, и тоа, прво во Осиек, а потоа во Клуж Напока и Енергија Пандури од романското првенство.
По повод враќањето во домашната лига, Стојчевски во интервју за официјалниот веб сајт на РК Металург изјавил:
"Сакав да играм во Македонија, и немав никаква дилема околу изборот на клубот. Металург е наш најдобар и најорганизиран колектив. Тука играат најдобрите македонски ракометари, а ги води најдобриот тренер во државата."
"Се надевам дека можам да помогнам со својата игра, и да дадам свој придонес во идните успеси на клубот. Металург ќе стане респектабилно име во европскиот ракомет. Засега добро сум прифатен и добро соработувам со соиграчите, кои повеќето ги познавам од порано." - изјави Стојчевски.
Одличен играч, според мене далеку подобар од Миркуловски. Има страшна техника и неверојатни движења, одличен избор на Лино Червар