Фан клуб - РК Металург

Опис на англискиот коментатор кој во живо на ehf tv ќе го пренесува мечот
vcl_tb_blog_banner_200.jpg

The hall itself is alive on game day, as thousands of Macedonians descend upon it. They are fanatical about their team. Last season, in the game against Zagreb, the game itself, was the leading story on the national news. That is incredible and prior to the game a giant flag, with the yellow sun on a red background covered one side of the stadium. It was enough to send shivers down your spine and I don’t believe the crowd went quiet for one second throughout the game.

boris_trajkovski_zname-500.jpg

I love the atmosphere on game day in all the halls around Europe. Here are people willing to pay the admission price and give up their Sunday afternoon to support their team, win or lose. But I have never felt anything like the atmosphere in Metalurg. Maybe, it was because they played a Balkan neighbour, and this added a little spice to the pot, but I sensed that this team has become an extension of their national pride and that, in itself, gave a depth of feeling to the support that I had never experienced before.
http://www.ehfcl.com/men/2012-13/article/15906
 
Одличен текст,чудо како само во Македонија одредена група на фанови се убедени дека само 1 тим имал навивачи и правел атмосфера. :facepalm:

Инаку фацата на Ванчо на втората слика е priceless.........за голот на Вугринец Oh no he didn' ! :icon_lol:
 
Вугринец ќе биде еден од оние играчи што нема да може да си замине од тука за една сезона. Таква земја сме, скоро сите странски спортисти од клубовите кои ни ги бива не сакаат да си одат.
 
Одличен текст,чудо како само во Македонија одредена група на фанови се убедени дека само 1 тим имал навивачи и правел атмосфера. :facepalm:

Инаку фацата на Ванчо на втората слика е priceless.........за голот на Вугринец Oh no he didn' ! :icon_lol:
Па реално да збориме тапа е атмосферата на Металург, само што тимот е јак е и луѓето одат да си гледаат добар ракомет а и го бодрат како мак. претставник. Инаку ако е послаб, нема кој да ја крене публиката како во театар да си...
 
Па ако е послаб нема ни да игра во ЛШ нели?
Ако е послаб немаше ни да има 7000 публика,пошто немаше ни да игра во салата БТ.

А за тоа дека немало "атмосфера" незнам каква атмосфера треба да има?
Можда треба воена атмосфера како во Кале,да трча публика по терен,да пљукаме по играчите и да ги маваме со предмети.

КОМЕНТАТОРОТ ТОМ О’БРАНАГЕЈН ЗА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ КИЕЛЦЕ.

Објавено на : 15/11/2012 22:24
Текстот не е лекториран​
vcl_tb_blog_banner_200.jpg

Пишува, Том О’Бранагејн
Следната станица е Скопје, на дуелот од врвот на табелата во групата Ц, помеѓу Металург и Килце. Ова е дуел на два тима што во последната година прераснаа во големи сили во ВЕЛУКС ЕХФ-Лигата на шампионите.
Во Киелце, како што веќе знаеме, имаше многу промени оваа сезона. Кај Металург, освен Вугринец на позицијата десен бек, повеќе или помалку, се работи за истиот клуб од минатата година.
И двата тима минатата година загубија во фазата Топ 16, така што, ако новите засилувања би биле мерило за тоа колку еден тим ќе биде успешен, Киелце би имал подобра шанса да стигне подалеку во натпреварувањето поради поголемиот број промени во тимот.
Скопје е најтешкото место од сите во Лигата на шампионите во однос на пристигнувањето во тој град. Три авиони дотаму и назад воопшто не се знак за пријатно патување. Тимот е кошмар и за сите коментатори. Има повеќе „-ски“ во тимот отколку што има планински масиви, додека изговорот и должината на имињата на ракометарите значат дека топката е веќе надвор од раката на ракометарот уште пред да успеете да го изговорите неговото име. Тешко е да ги научите имињата на играчите во тимот, но се потрудив најдобро што можам за да ги научам играчите на -ов, -ски и -овски, а да не ги споменувам -евски.
Но, сепак, Скопје е прекрасно место за посета, кое ви нуди големо гостопримство. Ништо не им е тешко кога треба да направат нешто за вас. По долгото патување, кое почнува во 6 часот наутро, а завршува во 1 часот по полноќ, секогаш ве чека храна.
Салата за време на натпреварот е многу жива, откако ќе ја исполнат илјадници Македонци. Тие се фанатични кога се работи за нивниот тим. Минатата сезона, за време на натпреварот против Загреб, натпревар што беше главна вест на националните телевизии и весници, трибината ја покри огромно знаме, со жолтото сонце на црвена заднина Тоа беше доволно за да ви поминат морници по ’рбетот и не ми изгледаше дека публиката се стиши дури ни секунда од натпреварот.
Ја обожавам атмосферата на денот на одигрувањето на натпреварите во сите сали низ Европа. Луѓето се подготвени да платат влезници и да се откажат од своето неделно попладне за да го поддржат својот тим, без разлика дали ќе победи или ќе загуби. Но никогаш не сум почувствувал нешто слично како атмосферата кога игра Металург. Можеби беше така бидејќи играше со клуб од балканските простори, што додаде малку зачин во лонецот. Но почувствував дека овој тим стана продолжување и репрезент на македонската национална гордост, што резултира со навивање какво што никогаш порано не сум слушнал.
Ова е добредојдето што ќе го пречека Киелце: ќе има огромна поддршка за домашниот тим кога е во напад и какофонија од „уа“ за противничкиот тим кога Металург е во одбрана. Не се обидувајте да го погодите победникот. Многу повеќе ќе знаеме за тимот на Киелце ако ја преживее бурата со која ќе се соочи во Скопје.
Интересно за сите вас е тоа што Наумче Мојсовски и Златко Мојсоски се браќа, но нивните презимиња се различни. Еднаш прашав зошто имаат различно презиме (Златко е без „в“) и ми беше кажано дека тоа е поради мрзеливоста на официјалното лице штo ги пополнувало изводите за раѓање пред многу години.
Добра работа за македонскиот ракомет е дека Червар му посветува големо внимание на секој детаљ, со што го однесе овој тим на европската сцена, и што од него се плашат, пред сѐ на нивниот терен во „Автокоманда“.

Умре времето кога луѓето сакаа да гледаат тепачки по трибини и на терен. ;)
 
Па ако е послаб нема ни да игра во ЛШ нели?
Ако е послаб немаше ни да има 7000 публика,пошто немаше ни да игра во салата БТ.

А за тоа дека немало "атмосфера" незнам каква атмосфера треба да има?
Можда треба воена атмосфера како во Кале,да трча публика по терен,да пљукаме по играчите и да ги маваме со предмети.

КОМЕНТАТОРОТ ТОМ О’БРАНАГЕЈН ЗА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ КИЕЛЦЕ.

Објавено на : 15/11/2012 22:24
Текстот не е лекториран​

Умре времето кога луѓето сакаа да гледаат тепачки по трибини и на терен. ;)

Ти имаш ли гледано Висла или Киелце кога играат дома како навива Полска публика ?

Па публиката на Шамбери беше подобра од таа на Металург ДУПЛО.

Не се палите на овие новинариве,не знам ни што очекувате друго да кажат.Секогаш кога имам гледано некој спортски настан прво што кажува коментаторот е "Каква феноменална атмосфера ...".

Немате воопшто навивачи,тука завршува секоја дискусија.

А спуштањето на големото знаме или пак пеењето "Излези момче" ,покажува само колку може да се иде ниско за да се привлече публика.Тоа се симболи на репрезентативните тимови,а не на клубски ТИМ.
 
Џабе пишуваш. Овде свршуваат на фактот дека потрошиле 2мил евра за да заработат пола мил и дека ја полнат БТ со странски екипи. Можат и со домашни секако, кога ВАРДАР би гостувал само тоа веќе не е тоа. Тогаш нема да можат да гаѓаат по играчите ко Собол лани, нема да може со селективно породавање на карти да ја наполнат салата а башка што ни публиката нема да се пали на македонштината кога играат два мак тима. Жално е што и ние и они знаат дека е така, ама тоа е некој е роден да изиграва со сила будала, ај да го оставиме
 
Ja скина зелена и ти :)

Види ја снимката ако сакаш со Металург кога играа.Имаа цела трибина со навијачи ( имаш поима ти колку е многу тоа посебно за Западна Европа ) и цел натпревар скоро пееја ( ептен кога почнаа да губат прекинаа ).Немам поима што пееја али сепак пееја

А и не ги видов да веат француски знамиња и да носат француски репрезентативни дресови туку ги носеа боите на клубот.

Во секој случај ако сакате ај за Везпрем ќе правиме споредба.

.
 
Немате воопшто навивачи,тука завршува секоја дискусија.
Заборави да кажеш оп стоп не важи и кај плукнам не лижам.

Али ок ако ви е поубаво да си се лажете сами лажете се,што да ви каже човек.

Само во муабетиве ви протекува завист и љубомора какви комплекси ви начука Металург последниве 3-4 години тоа е чудо и сега немате за што да се фатите за публиката се фаќате,ако продолжат со добри игри и резултати Металург само уште едно нешто ќе ви остане да се фатите :icon_lol:Детски муабети публиката во Шамбери била подобра......се е кажано.
 
Де бе како се лепите вие „Комитите“ како мува на гомно ако се спомене атмосферата, како Кил, Хамбург Барселона, екс Портланд Сан Антонио да имаат армија навивачи на ракометните мечеви.
Разберите дека не е се во навивањето и во навивачка група на трибина.
За Кил навиваат пензионери со 70 години, и мислите дека ги боли нив што немаат навивачи како што има ваш Вардар.
Преку таквото веќе. Салата е 7000 гледачи и прави појака атмосфера од тие погоре споменатите, а има помала сала Металург. Не мора да се одбележани како навивачи за да се постигне некоја атмосфера. ;)
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 18:07 ---
Види ја снимката ако сакаш со Металург кога играа.Имаа цела трибина со навијачи ( имаш поима ти колку е многу тоа посебно за Западна Европа ) и цел натпревар скоро пееја ( ептен кога почнаа да губат прекинаа ).Немам поима што пееја али сепак пееја

А и не ги видов да веат француски знамиња и да носат француски репрезентативни дресови туку ги носеа боите на клубот.

Во секој случај ако сакате ај за Везпрем ќе правиме споредба.

.
Е ај ќе прајме муабет за Вардар, кога изврти дека немаа некоја атмосфера Шамбери, ми го сврти муабетот на Везпрем..
 
Разберите дека не е се во навивањето и во навивачка група на трибина.

--- надополнето: 16 ноември 2012 во 18:07 ---

Јасно е тоа. Никој не се замара или завидува на успехот на маалски клубови. Во оваа држава имало и ќе има повремено такви шампиони. Сите имаат иста судбина како дошле така ошле.

Јас само неќам кога нивната управа збори против нас. Не ми се свиѓа кога некој клуб за лична потреба го користи имиџот на РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА а потоа безсрамно на навијачки дрес го става и знамето на државата со цел да прави пари. Има и многу други ниски работи врзани за овој клуб ама ова е доволно за да ги сметаме за мики маус производ, играчка на минчо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom