Да не претеруваме. Реално шансите на Зомимак да ја мине групата се мали, кој и да им се падне. Скоро сите екипи се појаки од нив ама има некои кои барем дома може да се победат. Среќна околност е што ги рангирале во третиот шешир, искрено мислев ќе бидат во четвртиот со оглед дека ова реално им е прва година во Европа. Вака ги избегнаа французите, Нант и Шамбери кои се во секој случај појаки од Зомимак.
Според мене:
Од првиот шешир сите се појаки од Зомимак и тоа доста појаки. Можеби има некои шанси за нешто да се освои дома против Пик Сегед ама и тоа ќе биде тешко.
Од вториот шешир, Скјерн и Татран се на ранг на овие од првиот и би било пожелно да се избегнат, додека со Констанца и Адемар Леон најверојатно ќе може дома да се бркаат бодови.
Од четвртиот шешир, горе долу сите се од сличен ранг на Зомимак. Со овие ќе има реални можности за бодови дома, ама во гости ќе биде тешко. Мислам дека словаците ќе се покажат како најслаба екипа ама ќе видиме.
Се на се има реални шанси да се осови по некој бод и да се добие многу искуство, ама дека може да се мине групата тоа многу тешко. Треба многу среќа во ждрепката и голем број на изненадувања и дома и во гости. А од ждрепката, јас искрено мислам дека најдобро е од првиот шешир да се добие некоја зверка која барем ќе биде атрактивен противник и ќе ги гази сите други во групата. На пример Фуксе Берлин или Монпелје. Од четвртиот шешир горе долу сеедно е. Е вториот шешир е критичен. Тука е потребна среќа, да се избегнат Скјерн и Татран. Со Констанца и Адемар Леон ќе биде интересна и незивесна групата и ќе може да има битка за второ место меѓу сите останати екипи.