Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Eпа гледаш дека не сте од 92 нагоре како шо викаше ти на почетоко ете имало и од 89 и 88 ...... повосрасни бете од нас не зафркавај кај од кај па и мало дете да гледа ќе утврде дека сте постари за по 4-5 години
--- надополнето: Oct 16, 2011 10:27 PM ---

Не си ме разбрал убаво со тава 88-89...:) па како може да играме во младинска а да сме 88 размисли малко :))
--- надополнето: Oct 17, 2011 4:46 PM ---
Не си ме разбрал со тава 88 :)) Како може да играме во младинска а да сме 88 размисли малко :))
 
--- надополнето: Oct 17, 2011 4:46 PM ---
Не си ме разбрал со тава 88 :)) Како може да играме во младинска а да сме 88 размисли малко :))

Хахахахахах сакаш да кажеш дека сте по 18 и 19 години хехехехех е сигурно е така нема теории не ми продавај муда за бубрези .....логички е барем тие со бете прва постава да се најмалку 21 година ако идете според прписи а можно е со фалсификат легитимации да сте ...... нели ! :(
 
РАКОМЕТОТ ВО СТРУМИЦА СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА !
На денешниот состанок на управата, играчите и спонзорите официјално беа претставени новите засилувања: Мите Караиванов од битолски Пелистер , Александар Тренчевски од Драчево , интернационалецот Игор Милосавлјевиќ и Борче Соколов од Кавадарци. Со екипата исто така тренираат и Димитар Пандев и Ристо Лазаров од постарата генерација Струмички ракометари.
Инаку Зомимак-М интензивно се спрема за пролетната полусезона, во екипата владее одлична атмосфера и на крајот од сезоната очекуваме да бидеме промовирани во нов Суперлигашки тим.
 
Убаво си тргна, само така да продолжиме, следен е Текстилец да падне во Струмица!
 
Денеска РК Зомимак М пред шанса за влез во Супер лигата

Зомимак М пред шанса да влезе во државното елитно ракометно натпреварување. Струмичкиот клуб денеска во 19 часот во салата Парк ќе биде домаќин на важниот бараж натпревар против ривалот од Кавадарци, а победничката екипа ќе го добие билетот за влез во Супер лигата. Натпревар За Историја !!
 
Денеска РК Зомимак М пред шанса за влез во Супер лигата

Зомимак М пред шанса да влезе во државното елитно ракометно натпреварување. Струмичкиот клуб денеска во 19 часот во салата Парк ќе биде домаќин на важниот бараж натпревар против ривалот од Кавадарци, а победничката екипа ќе го добие билетот за влез во Супер лигата. Натпревар За Историја !!

Среќно момци! (y)
 
Честитки па со среќа во супер лига од следната сезона!

35 - 27 за Зомимак.
 
Денес во просториите на РФМ беше одржано редовното годишно собрание на клубовите од Супер и Прва македонска лига во машка и женска конкуренција.

Главна тема на дискусија беше новиот закон за пререгистрација на клубовите во акционерски друштва.
Засега од сите клубови кои се натпреваруваат во машка конкуренција пререгистрација најавија само Металург , Вардар ПРО и нашиот клуб Струмица Зомимак-М.
Ова е само уште еден показател повеќе за тоа какви се амбициите на нашиот клуб во наредната Суперлигашка сезона.
 
Зоран Шалевски од Кавадарци и Златко Везенковски од Пелистер и официјално се новите играчи на РК Струмица Зомимак - М
 
Искусниот голман Кирил Колев од Св.Николе кој изминатата сезона стоеше на голот на полскиот
прволигаш Азоти Пулави , а во својата кариера има настапувано и за македонската репрезентација во новата сезона ќе ги брани боите на струмичкиот суперлигаш Струмица Зомимак-М !
418771_417370474967179_2042153638_n.jpg
 
Еве ви неколку слики од припремите на Зомимак во Банско
422331_3738602143324_1100628545_n.jpg

304724_3734878810243_327720359_n.jpg

538978_3734877170202_748914523_n.jpg

551942_3734878210228_589078921_n.jpg

528618_3738607583460_1891821464_n.jpg

297693_3738598423231_1716989193_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom