Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Грузискиот репрезентативец Реваз Чантурија е новото а воедно и последно засилување на Р.К.Струмица Зомимак-М за новата суперлигашка сезона. Деснокрилниот грузиец својата ракометна кариера во Македонија ја започна во 2004 година во скопски М
еталург , таму настапуваше 6 сезони а последните две ги помина во Вардар и Пелистер.
Со доаѓањето на Чантурија во Струмица се заокружува ростерот на играчи кој ќе му бидат на располагање на тренерот Леонид Танчев за новата сезона.
 
Вака така ги собравте сите играчи од Пелистер :D
Напрајвте екипа за РЕСПЕКТ !!! (y) Браво, се гледа дека крена ракометот во Струмица !!!
 
Лигата започнува на 8 септември :) Во среда ке се знае распоредо...
Па направивме добра екипа, со овие играчи очекуваме многу :)
 
Денес во просториите на РФМ беше одржана годишната конференција на клубови од Супер Лигата , на која беа одредени натпреварувачките броеви и составен распоредот на натпреварите за цела сезона.

Р.К.Струмица Зомимак-М доби одличен распоред , во првото коло гостува на Металург Јуниор а премиерниот настап пред своја публика ќе го има во второто коло против Борец од Велес.
Потоа следува гостување во Битола на истоимената екипа , го дочекуваме Овче Поле, со Тинекс Пролет и Текстилец играме на гостински терен , во седмото коло ја пречекуваме Преспа , во претпоследното коло му гостуваме на битолски Пелистер за на крај да го дочекаме Куманово.

Инаку суперлигашката сезона започнува на 15/16.09.2012
 
Струмица Зомимак М “пријателски“ ги победија Текстилец


Ракометарите на “Струмица Зомимак М“, пред почетокот на новата сезона од Супер лигата, вечерва во Штип го одиграа првиот пријателски натпревар со ракометарите на “Текстилец“.

Струмичани ги победија домаќините со резултат 25:21, полувреме 12:7. Најефикасни стрелци на овој натпревар беа новите засилувања на “Струмица Зомимак М“, грузиецот Реваз Чантурија со 8 гола, Дејан Пецаковски со 5 и Зоран Шалевски со 4 гола.

Новата натпреварувачка сезона во ракомет во Супер лигaта почнува на 15-ти септември, а во првото коло, екипата на “Струмица Зомимак М“ му гостува на “Металург Јуниор“ во Скопје.

 
Зомимак- М прво со Овче Поле дома,па потоа со Паок во Солун

Ракометарите на ,,Струмица Зомимак М,, в петок во спортската сала Парк со почеток во 18 часот и 30 минути ќе одигра контролен натпревар со екипата на Овче поле од Свети Николе, ланскиот македонски преставник во европскиот Челенџ Куп.

Ова е првата контролка која избраниците на Леонид Танчев ќе ја имат пред своја публика, но и посериозен ,, тест,, имајќи во предвид дека ,,светиниколчани,, во последната сезона беа четврти на суперлигашката контрола.

Според информациите од клубот, веќе идната недела во вторник, струмичките ракометари патуваат за Солун каде ќе одиграт пријателски дуел со грчки ,,ПАОК,, за да три дена подоцна во салата ,,Парк,, ги угостат грчките ракометари.

Во меѓувреме се договарат и други контролни пријателски натпревари, се со цел максимално да се воигра и подготви екипата пред стартот на шампионатот. Минатата недела како што е познато ракометарите на Зомимак М одиграа пријателска со ,,Текстилец,, во која забележаа победа од 25:21. Шампионатот за суперлигашите стартува на 15 септември кога струмичани му гостуваат на Металург Јуниор.
 
^ Намалувај фонт Борисе, не личе така.

Иначе многу амбиции се има оваа година, ќе видиме што ке биде дали ке се покаже позитивно све оваа програма, ајде Овче Поле во Петок, добра екипа за контролен натпревар.
 
Сте победиле со 5 гола разлика
 
РК Струмица Зомимак - РК Овче Поле 34(19-14)29
Иначе утре екипата патува за Солун каде ке одигра пријателски натпревар со ПАОК
 
РК Струмица Зомимак - М ја совлада екипата на РК Металург Јуниор 27(11-17)32
 
Многу млада екипа имаат Металург Јуниор, секоја чест за децата, се носаат со врвни екипи, многу трчаат, спремни се и секоја чест. Победовме лесно, но сепак нашите играчи имаа поголемо искуство затоа излезе лесен плен.

Следната на домашен терен доаѓа Борец, очекуваме лесна работа и шанса за помладите. :)
 
Многу млада екипа имаат Металург Јуниор, секоја чест за децата, се носаат со врвни екипи, многу трчаат, спремни се и секоја чест. Победовме лесно, но сепак нашите играчи имаа поголемо искуство затоа излезе лесен плен.

Следната на домашен терен доаѓа Борец, очекуваме лесна работа и шанса за помладите. :)
Ако дојде Борец, последните најави беа дека нема да играат...
 
Р.К. Струмица Зомимак - М лесно ,убедливо и рутинирано против аутсајдерот во Супер Лигата.
Во 2коло од ракометната Супер Лига на Македонија Р.К. Струмица Зомимак - М го совлада Велешки Борец со резултат 41(22-8)18
Во 3коло гостуваме во Битола и играме со ракометарите на РК Битола...:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom