Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Од денеска и официјално Игор Павловски е нов играч на РК Струмица Зомимак - М :))
 
Резултат од натпреварото со Борец? Мислам дека денеска се играше?
 
Утре мислам оти е ... на 20ти ак сум грешка нека ме поправе некој
 
Со Борец, пак ја одложија во Вторникот, тие се заебаваат.

Инаку во Сабота 18:00 играме со Битола, нормално дома во ''ПАРК''.
 
Монпеље ги купи Доленец и Габер,дали се овистинуваат најавите за трансфер на Теј и Хмам во РК Струмица

November 22, 2012 21:28 Категорија: ракомет


Актуелниот француски ракометен шампион Монпеље кој изминатиот период го тресеше скандал со наводни наместени натпревари објави дека ги купила Јуре Долена(22) и Матеј Габер(21) од тимот на Горење.

Со доаѓањето на ови двајца ракометари бројката на словенци во тимот се искачува на 5 односно безмалку цела една постава на ракометната репрезентација на Словенија.Потсетување членови на овој француски тим се Примош Прош,Драган Гајиќ и Вит Кавтичник.
Потпишувањето на Монпеље со овие двајца ракометари Доленец кој е бек и Габер пивотмен скоро сигурно значи заминување на искусните тунижани пикерот Исам Теј и бек Висем Хмам кој од пред извесен период се поврзуват со сензационален премин во нашиот тим Рк Струмица од каде што и самите потврдија дека се во преговори со спомнатите играчи.
Сепак Јуре Долена(22) и Матеј Габер(21) нема веднаш да му се приклучат на францускиот тим и ќе му бидат на располагање до крајот на сезоната на тимот на Горење кој во ЛШ е во група токму со нашиот Металург
http://sportcorner.com.mk/ракомет/монпеље-ги-купи-доленец-и-габердали-се
 
''Рисовите" по втор пат ја совладаа Р.К.Битола !

Р.К.Струмица Зоми Мак М 36(19-11)32 Р.К.Битола

Во еден неинтересен натпревар струмичани рутинирано го освоија 3 бода, уште од самиот почеток ракометарите на Зоми Мак М почнаа да го полнат голот на битолчани , од минута во минута водството постојано растеше, најголемата предност струмичани беше +14 некаде на средината од второто полувреме, до крајот на натпреварот по голем пад во струмичкиот состав гостите успеаа да дојдат до респектабилни 4 голови разлика.

Најефикасен на денешниот натпревар беше Чантурија со 9 погодоци, Милосавлјевиќ и Митев постигнаа по 5, Пецаковски и Тренчевски по 4 погодоци, Шалевски 3 пати го погоди противничкиот гол, а во листата на стрелците се запишаа и Соколов и Павловски со по 2, односно Стојанов и Василев со по 1 погодок .

Во следното првенствено коло Р.К.Струмица Зоми Мак М му гостува на Овче Поле.
 
Слушнав се откажале овие Овче Поле, можда викендов ке сме слободни, па ондак дерби со Тинекс, ке видиме.
 
Победа од 10 разлика против Овче Поле во Свети Николе :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom