Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
A што сакаше македончето...без спонзор, без пари, да се победи европскиот шампион ?

Изгледа дека заборавивте оти едвај собраа пари да се пријават за Лига на Шампиони. 3то место ке биде успех, и повисок пласман во понискиот куп. А од наредна година со повеке спонзори и пополека ке се враќа Ѓорче кон врвот на Европа.

п.с Знае некој што испадна со Јелис Озел...каде е и како е?

Турција си игра, во Мили Пијанго, заедно со Робертина Мечевска
 
Имаш информации дали планира да ни се врати?:(
Иначе А*1*Т*Е*А*М имаш проклета уста:icon_lol:


Од она што слушнав Олтчим Велчеа се во преговори со Јелиз Озел и се чека Мили Пјанго да испадне од ЕХФ купот за таа да им се приклучи во тимот најверојатно во јануари,сеуште ништо не се знае се е тоа само шпикулации,да беше сега Инди тренер во Ѓорче се знаеше кај ке заврши Јелиз! :toe:
 
Инди за трењер!Имаат размислувано за ова?Зошто досега не и е понудено да биде трењер?
 
Инди за трењер!Имаат размислувано за ова?Зошто досега не и е понудено да биде трењер?

Па мислам дека имаше една изјава каде што Индира кажа дека се додека е Бојков на чело на Ѓорче Петров таа нема намера да се враќа (али никогаш не се знае),мислам дека се раскараа последната сезона од нејзиниот договор кога таа сакаше да продолжи уште една сезона во Ѓорче и да ја заврши кариерата во клубот меѓутоа Бојков не мислеше така и Инди замина во Шпанија! :toe:
 
Па мислам дека имаше една изјава каде што Индира кажа дека се додека е Бојков на чело на Ѓорче Петров таа нема намера да се враќа (али никогаш не се знае),мислам дека се раскараа последната сезона од нејзиниот договор кога таа сакаше да продолжи уште една сезона во Ѓорче и да ја заврши кариерата во клубот меѓутоа Бојков не мислеше така и Инди замина во Шпанија! :toe:

Кога замина Индира Шпанија? На такво нешто не се сеќавам јас

А за враќање на Озел да не се ни сонува. Ја молеа, ја колеа, не сакаше да остани. А за преговорите со Олчим не знам, не сум слушнал, туку имале преговори Бјасен и Озел. Мислам дека 1999 Озел играла таму, ама си заминала после пола сезона пошто била млада, неискусна, носталгијата преовладувала (познато ми е од некаде ова :tapp:) и с евратила Турција
 
Кога замина Индира Шпанија? На такво нешто не се сеќавам јас

Последната сезона во ракометот како играч,Индира ја заврши во странство,во втора лига клуб,но не ми текнува дали беше Шпанија или некој остров:toe:
 
Последната сезона во ракометот како играч,Индира ја заврши во странство,во втора лига клуб,но не ми текнува дали беше Шпанија или некој остров:toe:

Кој знаел :toe:
 
Многу слабо оваа година, далеку сме од што бевме порано, ајде барем да направиме ЕДНА победа.
 
Жално е таков играч од светска класа да игра во Мили Пјанго, а сигурно може да најде место во некоја подобра екипа.
 
Како сопнати сме без Јелиз Озел. Многу добри пробивања има таа девојка. Од врвот на Европа па и во светот дојдовме да бидеме аутсајдери во група. Мора под итно да се најде спонзор и пред се` добар тренер (Кастратовиќ probably).
 
Не само без Озел,Џени:(
Озел беше најдоброто нешто што го имавме после Кастратовиќ,свежина,брзина,техника,силина се во едно.Таа проклета носталгија нејзина,ја натера да си ја плукне кариерата сама.Па толку ли неможеше нејзините да си ги донесе овде.
Ми недостига тимот кој го имавме,Инди,Радуловиќ,Кисељева,Нацева,Тања, Амбрамова,Маслова,дури и Боева со нејзините 16 години кога беше полна со желба за докажување,дури и бекот Биљаноска која незнаеше топка да фати,само пополнуваше место во тимот.Играа со срце,плачеа како мали деца на пораз,се радуваа со солзи,беа недопирливи.И кога губевме,губевме со кренати глави,поен,два,претежно на гости,Кале беше тврдина.Овој тим(како состав),никогаш не доживеа да биде шампион,но секогаш ќе ги паметам како најдоброто нешто што играло за нас.Знам дека не одев на часеви во средно,имав многу неоправдани,само да не пропуштам ни минута од натпреварот.Кога си доаѓаа од гостување,беа пречекувани како божици,треба да бидат прогласени како почесни граѓани,но во оваа држава никој ништо не цени.
Дојде рокадата со Тања Медвед,потоа со девојката на Тоше,со Луминица Дину,почнаа на трибина да седат денешниов подмладок.Тимот освои лига на шампиони,секоја чест.Репрезентацијата почна да се губи на големите натпреварувања,почнаа да си одат едни,да доаѓаат други,не ни ги памтам сите што поминаа во дресот.
Го памтам најдоброто,ја памтам Озел која многу ни помогна,која израсна како играч кај нас,која си замина по своја одлука.Некогаш ќе се појават деца кој ќе ме потсетат како се дерев пред тв,како плачев на примен гол,како неможев да се смирам цела ноќ после утакмица.Дотогаш само ќе гледам и ќе навивам,надевајќи се дека ќе се појави тим,кој ќе вреди да го запамтам.

Простете на патетикава.
 
со таков состав тешко во лига на шампиони
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom