Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓорче Петров пред згаснување

Вечниот македонски шампион и поранешен европски првак Ѓорче Петров може наскоро комплетно да згасне. Откако во септември остана без долгогодишниот спонзор Кометал, скопскиот клуб во овие четири месеци не успеа да најде нов финансисер и од утре официјално во медиумите ќе биде објавена неговата продажба. Сепак, како и досега, нема многу заинтересирани за купување на можеби најголемиот македонски спортски бренд и почетокот од 2009 година може да значи комплетно згаснување на овој колектив.

Во овие четири месеци неколку моќни финансиски компании се грижеа за преживувањето на клубот, но една по една, сите се откажаа од тоа и Ѓорче Петров во моментов е без средства и ако нешто во иднина не се смени, речиси сите ракометарки ќе добијат одврзани раце да го напуштат клубот. Некако се собрани сили да се одиграат последните три кола од Лигата на шампионите кои се на програмата во јануари, но што ќе биде потоа, никој не знае.

“Без разлика на се, ние максимално професионално ќе ги одиграме овие три натпревари, но јасно е дека ништо во моментов не зависи од нас. Наше е да се обидеме да го поправиме впечатокот во нашата група од Лигата на шампионите и да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња“, изјави тренерот на Ѓорче Петров, Владимир Глигоров на последната прес-конференција пред дуелот против Звезда Звенигород во петок.

Сите во клубот се надеваа дека ќе се најде нов спонзор по одличните игри и резултати на Европското првенство што се одигра во Македонија и освоеното историско седмо место, но тоа не се случи. Ѓорче Петров, заедно со својот спонзор Кометал, има 16 шампионски титули во македонското првенство и 15 Купа на Македонија. Најуспешна беше 2002 година кога клубот ја исполни желбата на сите Македонци и ја освои титулата во Лигата на шампионите, единствена од таков вид од осамостојувањето на нашата земја. Истата година Кометал Ѓорче Петров стигна и до Супер-купот на Европа кој се одржа во Скопје. Освен тоа, нашиот ракометан гигант има уште две финалиња во Лигата на шампионите, но во 2000 загуби од Хипо, а во 2005 од Шлагелсе.
:(
 
Жално е сето ова што се случува со бисерот на Македонскиот ракомет.
 
Што се случува моментално со ѓорче??? најдоа ли спонзор или не? нели треба сега да играат со баер во кпк? не би сакал да се случи најлошото со нашиот најдобар ракометен клуб, особено не годинава кога имаат шанси да го освојат кпк, бидејќи девојките можат да победат секого, а особено што во кпк се класа подолу екипите отколку во лига на шампиони! ако има некој некои информации нека пише!
 
Што се случува моментално со ѓорче??? најдоа ли спонзор или не? нели треба сега да играат со баер во кпк? не би сакал да се случи најлошото со нашиот најдобар ракометен клуб, особено не годинава кога имаат шанси да го освојат кпк, бидејќи девојките можат да победат секого, а особено што во кпк се класа подолу екипите отколку во лига на шампиони! ако има некој некои информации нека пише!

Според последните шпекулации сите ракометарки ке добијат исписница од клубот и ке можат да си бараат нови клубови,Ѓорче Петров најверојатно за неколку дена ке престане да постои(освен ако не се случи чудо)и по се изгледа нема ниту натпреварот со баерн од Леверкузен да се одигра.
Тоа е тоа да се надеваме дека оваа е само една шпекулација и нема да се реализира,ако се случи споротивното и клубот згасне тогаш женскиот ракомет ке престане да постои во Македонија, што е жално многу.:cry::cry:
 
Ќе има ли утре пренос на некоја телевизија?
 
И јас тоа барам, ама нетов ми е тапа, а таму кај што успеав да видам сеуште немаат истакнато :(

Кружат некои неофицијални информации дека изгубиле 21-31, ама колку е точно...
Сепак секоја чест за девојките, заслужуваат многу повеќе почести тколку машките.
 
И јас тоа барам, ама нетов ми е тапа, а таму кај што успеав да видам сеуште немаат истакнато :(

Кружат некои неофицијални информации дека изгубиле 21-31, ама колку е точно...
Сепак секоја чест за девојките, заслужуваат многу повеќе почести тколку машките.

никаде нема официјален резултат.дури на на страната на ЕХФ:toe:

мала исправка:на страната на Леверкузен ( се извинувам ама на германски е)
Zehn Tore Unterschied können sich sehen lassen: Nach dem 31:21-Erfolg über Skopje haben die Bayer-Handballdamen gute Chancen auf den Einzug ins Viertelfinale im europäischen Pokalsieger-Wettbewerb.
 
Ѓорчепетровки убедливо поразени од Баер


Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го одиграа првиот натпревар од 1/8-финалето во Купот на куповите и тоа на гостински терен во Леверкузен. Денеска подобри од нашите шампионки беа ракометарките на Баер, кои славеа со 31:21. Ѓорчепетровки кои деновиве не беа во потребниот тренажен ритам, поради финансиската криза во која изминатите неколку месеци се наоѓа клубот не можеа да им се спротистават на ракометарките на германскиот тим.
Во нашиот тим најпрецизна беше Драгана Пецевска со 7 постигнати голови.
Со значителна предност од десет гола, Баер следната недела ќе гостува во Скопје на реванш мечот од 1/8-финалето во КПК.
 
Ауф каков дебакал на нашите шампионки но тоа е тоа кога се игра без спонзор и без плата немаше што да се надеваме
 
Според извештаите се држеле до кај 40 минута и после попуштиле.Да беше 5-6 разлика и ќе се бореа некако,ама 10 се премногу :toe:
 
sega koga e revansot vo skopje? vo sabota ili vo nedela? i koe vreme, vo boris ili???
jas mislam, deka iako izgubia 10 razlika, i imaat mnogu mali sansi za ponatamosen plasman, sepak treba da odi golem broj na publika da gi bodri, i da pokazeme deka ne sakame kometal da zgasne. pa ako znae nekoj, koga, kade, ne stavi. jas sum za odenje. bi mozele cudo da napravat, zosto da ne:toe::vozbud:
 
Колку што мене ми имаат кажано, натпреварот ќе биде во недела во СРЦ Кале во 17:00 часот. Иако изгубија десет разлика се е можно, девојките тренираат по два пати дневно, па... се е можно. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom