- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 1.883
- Поени од реакции
- 3
Трифун ќе го намали буџетот на Кометал ЃП
Во голема дилема сум, одговори Трифун Костовски на прашањето дали останува во женскиот ракометен првак Кометал ЃП, потврдувајќи го она што веќе подолго време „гласно се шушка“ дека по разочарувачката сезона размислува за повлекување од клубот. Ваквиот потег засега, сепак, ќе го одложи, но најави дека ќе ја смени политиката.
- Најверојатно ќе останам и во наредните две сезони ќе го спонзорирам клубот, но со одредена висина на парите, а не како досега, неограничено. За потоа, здравје, ќе видиме - изјави Костовски со најава дека конечниот став и конкретните планови за иднината на најтрофејниот македонски клуб ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе ја организира клубот во почетокот од мај.
Костовски јавно им се налути на ракометарките и на раководството на клубот за несериозниот однос и за загубениот бод во Кале во натпреварот против рускиот Динамо, со кој се доведе во прашање пласманот на Кометал ЃП во четврт-финалето од Лигата на шампионките.
„Не сакам да ги видам!“ налутено порача тогаш Костовски.
Своето незадоволство спонзорот го изрази со недоаѓање на мечевите на Кометал ЃП се додека тимот не се пласира во завршницата од ЛШ. А потоа следуваше уште едно разочарување, неколку погрешни потези од клупата, дискутабилна елиминација и помалку неславен крај на сезоната за Кометал ЃП во Европа.
Костовски како главен спонзор го презеде клубот во 1994 година, многу вложуваше и во изминативе 12 години Кометал ЃП стана најтрофеен македонски клуб, европски шампион и препознатливо име во европскиот ракомет. Најавата за намален буџет на екипата се совпаѓа со најавите од по елиминацијата од Астрок Сагундо дека Кометал ЃП во следната сезона ќе настапува со подмладен состав.