ЈУБИЛЕЈНИОТ 100. МЕЧ НА ЕВРО СЦЕНАТА "КОМЕТАЛКИ" ГО ПРОСЛАВИЈА ПРОТИВ ШАМПИОНОТ НА УНГАРИЈА СО 32:22
Силна десетка за феноменален старт
КОМЕТАЛ Ѓ. П. - ЃЕР 32:22 (15:12)
Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. Гледачи: 2500. Судии: Абрахамсен и Кристиансен од Норвешка. Делегат: Кудерман од Словенија.
КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ
Колесник 5 одб., 1 сед.
Луковиќ 2 одб., 1 сед.
Нахчиванли 0/1
Црвенкоска -
Платон 1/1
Бајрамовска -
Бујанова 3/4
Озел 3/6
Радуловиќ 7/9
Аморим 1/1
Тодоровска 8/14
Партенко 4/9
Охоланга 3/6
Рајхел 2/3
Седмерци: 7/7
Исклучувања: 14'
Технички грешки: 8
Реализација: 59%
ЃЕР
О. Хер 7 одб.
Петрочи 4 одб.
А. Хер -
Ѓокиќ 4/5
Мортел 4/6
Ковачикова 2/6
Темес 2/4
Боди -
Горбич 5/10
Лазер 1/2
Брадеану 1/2
Гогирла 3/10
Наги 0/1
Седмерци: 2/4
Исклучувања: 10'
Технички грешки: 12
Реализација: 48%
Играјќи со црвени дресови "кометалки" ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите со висок триумф над најдобриот тим во Унгарија во моментов, но почнаа и нова епизода од "Неосвоивото Кале".
Со победа од 32:22 над Ѓер ракометарките на Кометал Ѓ. Петров ги почнаа на најдобар можен начин средбите од 2006 година во Лигата на шампионите. На тој начин потврдија дека и годинава се подготвени за највисок дострел во најсилниот куп.
Испитувањето на силите на овој меч траеше предолго. Речиси целото прво полувреме мина во израмнета игра во која во главна улога беа повторно "кометалки" бидејќи во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се најде во водство. Постојано тие водеа, а Ѓер успеваше да се одржува на гол до два негатива, додека во неколку случаи стигнуваше и до израмнување.
Клучниот момент се случи на стартот на второто полувреме, кога Портној одлучи да го искористи рецептот за успех. Ја промени одбраната, па тоа се покажа како клуч кон зголемувањето на разликата и добивањето на средбата. Она што го посакуваше пред мечот, да се игра активно во одбраната се потврди на теренот бидејќи од првата минута во второто полувреме се играше 5-1, што повремено се менуваше во 3-2-1. Бековите беа затворени, крилата шутираа претежно од мртов агол, така што голот на Колесник за 16 минути игра беше загрозен само двапати, еднаш од пикерската позиција, а еднаш од лев бек.
Веќе во тие моменти беше јасно кој ќе биде победникот на оваа средба, така што Кометал Ѓ. Петров имаше мирна завршница во која успеа уште повеќе да ја зголеми предноста и да стигне до висока победа.
Со ова славењето меѓу "кометалки" можеше да биде двојно како што се очекуваше бидејќи покрај јубилејот околу стотиот натпревар во европските куп средби, во новата сезона се стартуваше на најдобар можен начин со триумф од десет гола над шампионот на Унгарија.
Д. Михајловски
КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ
1. Олга Колесник ***
Влезе во игра при крајот на првиот дел, а во второто полувреме бранеше добро, но поради многуте шутеви крај голот и во дирекот има малку одбрани.
2. Гонча Нахчиванли *
Имаше скромен придонес во победата на Кометал Ѓ. Петров.
3. Билјана Црвенкоска -
Влезе во игра во последните две минути откако с$ беше решено и завршено.
4. Анжела Платон **
Повеќе работа имаше во одбраната каде што во второто полувреме беше одлична, а во нападот на моменти покажа дел од можностите.
5. Мирјета Бајрамовска -
Единствена која не доби шанса да игра.
6. Олга Бујанова *
Трите гола не успеаја да ја извадат многу за слабата игра во првото полувреме и на стартот на второто кога како да ја немаше на теренот.
7. Јелиз Озел ****
Имаше неколку ситуации кога "им ја скрши кичмата" на противничките ракометарки, но с$ уште не е во ланската форма, а еднаш ја седна голманката на Ѓер при контранапад.
8. Валентина Радуловиќ ***
Од линијата од седум метри од шест удари шестпати беше прецизна, додека од игра опасна беше во првите десетина минути.
9. Ана Каролина Аморим **
Играше одлично во одбрана додека игравме 6-0. Кога сменивме во второ полувреме, таа седна на клупата, па немаше потреба да ја засилува одбраната.
13. Наталија Тодоровска ****
На моменти премногу солираше и шутираше, но со најдобра намера. Беше најопасна кон голот на противникот.
14. Јулија Партенко **
Во првото полувреме во нападот не & поаѓаше ништо од рака, но затоа во одбраната во текот на целиот меч беше на потребното ниво. Второто полувреме го одигра многу подобро и во нападот.
15. Охоланга Локи **
Ќе мора уште многу да работи за да може достојно да ја замени Кастратовиќ на позицијата десен бек.
16. Наталија Луковиќ **
Не успеа да влезе во серија на стартот на натпреварот, иако немаше и премногу работа. Сепак, беше одлично заменета од Колесник.
17. Оксана Рајхел **
Она што успеа да го направи се случи во второто полувреме кога имаше прекрасни потези, а и водството се зголемуваше набрзина.
Андреј Портној **
Имаше одлично подготвена одбрана која во второто полувреме беше речиси непробојна за противникот. Меѓутоа, премногу долго ја држеше во игра Бујанова, која на оваа средба имаше само добри пет минути.
ХРОНИКА
2' (1:0) Платон на додавање од Озел го отвори мечот.
6' (2:2) Ѓер не дозволува "кометалки" да направат предност.
11' (6:3) Отпорот е скршен и првпат разликата е три гола.
18' (9:6) Минути на посмирена игра, без технички грешки, со по три гола на двете страни.
22' (9:9) Слаб период во играта на домаќинот за трето и последно израмнување на средбата.
27' (13:10) Одново беше совладан притисокот на Ѓер, па најголемата предност во првиот дел се врати на семафорот, за да остане до паузата, 15:12.
36' (17:13) Првпат "кометалки" мрднаа на повеќе од четири гола.
46' (24:14) На 14 минути до крајот веќе беше решен победникот. Гостинките постигнаа само два гола за 16 минути.
53' (28:17) Добрата игра не застана во 46. минута, туку се продолжи со исто темпо да се "прегазува" противникот.
57' (31:19) Грешките на ривалот се казнуваат, а позитивата се зголемува до 12 гола.
60' (32:22) Озел со удар од седум метри става точка за двоцифрена разлика.
ТРИФУН КОСТОВСКИ
Ја заслуживме победата
Спонзорот на Кометал Ѓ. Петров, Трифун Костовски, по мечот немаше забелешки за играта на тимот.
"Ќе биде грев доколку зборуваме за грешки бидејќи тимот играше компактно. Во последните денови се темпираше концентрираноста за мечот. Судејќи по играта нашиот тим е поквалитетен и ја заслужи победата. Што се однесува до натамошните настани, прерано е да се зборува за максималните дострели. Да оставиме на времето да покаже. Да бидеме реалисти. Сепак, играме во Лигата на шампионите. Не чека тежок меч против Алборг. Ако таму успееме да обезбедиме бод или два сигурно влегуваме во четвртфиналето".
ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА
НАТАЛИЈА ТОДОРОВСКА: "Не очекувавме да победиме со десет гола. Мислевме дека се многу посилни, но тоа не го покажаа на теренот. Одигравме одлично. Со душа, со срце. Дадовме с$ од себе на овој меч, за да дојдеме до резултатот со којшто на крајот го добивме овој дуел. Она што е најважно од натпреварот е тоа дека се играше колективно, па затоа на крајот и разликата е голема".
АНДРЕЈ ПОРТНОЈ: "Мислам дека вторпат играме вака. Првиот пат тоа го направивме против Шлагелсе и сега против Ѓер. Ѓер е добра екипа, но ние одигравме одлично. Ь благодарам на публиката. Ракометарките направија с$ за коешто се договоривме. Задоволен сум што помладите ракометарки како Јуле, Алегра успеаја да ја подобрат играта и во одбрана и во напад. Многу им благодарам на девојките бидејќи не очекував таква игра од нив. Одиграа добро, борбено со голема желба. Ако играат вака на сите натпревари тогаш може да очекуваме финале".
АНА ЃОКИЌ (ЃЕР): "Не очекувавме да загубиме со ваква разлика. Се подготвувавме за овој дуел, но не ја знам причината зошто изгубвивме. Ние дојдовме за да победиме, но одигравме многу лошо. Одамна не сме изиграле вака лошо. Ќе ги поправиме грешките, па сигурно ќе н$ видите во подобро светло. На противникот секоја чест и му честитам. Се гледа дека се подготвувале и дека дадоа с$ од себе дури и тој 101% којшто требаше ние да го дадеме".
КАЛМАН РОТ (ТРЕНЕР НА ЃЕР): "Му честитам на противникот кој одигра подобро. Разочаран сум. Очекував во Лигата на шампионите да играат помотивирано и подобро. Загубивме поради тоа што имаме две повредени ракометарки, а не поради тоа што противникот повеќе ја посакуваше победата. Секако ова уште не значи ништо. Се надевам дека загубивме во добар момент и дека ракометарките коишто играа на СП во иднина ќе играат во подобра форма".
НЕДЕЛКО НЕДЕЛКОВСКИ
Судискиот авторитет до израз
Школски пример кога судиите од првата минута го наметнуваат својот авторитет над сите актери на натпреварот, кои нивните одлуки ги прифаќаат и кога не се во склад со правилата на ракометната игра. Од ваквото судење во принцип се задоволни и поразениот и победникот. Добра карактеристита е што од 1. до 60. минута имаат апсолутна контрола на играта без разлика на резултатот. Направија и некои грешки пред с$ во правилото "чекори" и праволото "прекршок во напад". Оцената би била многу добар.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
1. КОЛО
ГРУПА "А"
Елда П. (Шпа) - Ларвик (Нор) 27:28
Виборг (Дан) - Крим (Сло)
ГРУПА "Б"
Књаз Милош (СЦГ) - Шлагелсе (Дан) 24:33
Дунафер (Унг) - Лада Т. (Рус) 30:27
ГРУПА "Ц"
Будуќност (СЦГ) - А. Сагунто (Шпа) 23:28
Бјасен (Нор) - Хипо (Аут)
ГРУПА "Д"
Кометал Ѓ. П. (Мкд) - Ѓер (Унг) 32:22
Динамо В. (Рус) - Алборг (Дан)