[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЃОРЧЕПЕТРОВКИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ардеан-Нилсеи недостапна за мечевите од групата[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Гостувањето на Књаз Милош во Скопје, како што и можеше да се очекува, управата на Кометал ЃП го искористи за да излезе со понуда пред романската репрезентативка Валентина Нели Ардеан-Нилсеи, можеби најголемото откритие на неодамнешното Светско првенство во Русија. Најдоброто лево крило во светот беше пречекано во СРЦ "Кале" со букет цвеќиња, но тоа не ја омекна доволно за веднаш да го стави својот потпис на договорот со нашиот шампион, зашто малечката, но мошне енергична Ардеан сака да го одработи дебитантскиот настап на својата екипа во Лигата на шампионите.
- Ние излеговме со конкретна понуда до неа, но ни укажа дека ќе реши за својата иднина на крајот на јануари. Веројатно и други екипи се заинтересирани за нејзините услуги - вели претседателот на ѓорчепетровки, Иван Бојков.
Тренерот Андриј Портној на тој начин останува само со Оксана Рајхел на левокрилната позиција, плус Валентина Радуловиќ, која, сепак, е поуниверзален играч. Опцијата за враќање на Олена Радченко пропадна, зашто нејзиниот сегашен клуб Спартак Киев не е расположен да ја пушти.
Во првиот контролен меч со гостинките од Аранѓеловац европскиот вицепрвак забележа победа од 31:23 (15:13). Вториот натпревар се играше синоќа. Портној им даде шанса на сите свои ракометарки, вклучувајќи ги и оние кои неодамна беа префрлени од Еуростандард ЃП, Црвенковска, Бајрамовска и Илкова. Од оние на кои што се смета во новата евросезона недостигаше единствено Портјанко, која на турнирот во Подгорица заработи истегнување на лигаментите, но ќе биде подготвена за стартот на ЛШ, против Ѓер на 7 јануари во Скопје. (Г.К.) [/FONT]