Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
дај постирај го составот на кометал, вака појма немам шо да ти кажам :?
 
Голмани :

- Олга Колесник
- Семра Радончиќ
- Наталија Борисенко

Пивоти

- Анжела Платон
- Гонџа Нахчиванл
- Робертина Мечевска

Крила

- Оксана Рајхел
- Валентина Радуловиќ
- Наталија Тодоровска
- Елена Златановска
- Драгана Пецевска

Бекови

- Јулија Партенко
- Алегра Охоланга-Локи
- Ана Аморим
- Јелиз Озел
- Елена Цигица (неизвесна поради семејни причини)
- Олга Бујанова (преговори во тек)

Екипата ја напуштија :

- Индира Кастратовиќ (Гран Канарија, Шанија)
- Клара Боева (Колдинг, Данска)
- Ивана Младеновиќ (не се знае сеуште)
- Елена Радченко (престана да игра ракомет)

Бујанова и Цигица се сеуште неизвесни. Првата беше во преговори со Кометал но откако драстично ги зголеми барањата за финансиски надоместок Кометал реши да се збогува со неа. Откако не успеја да си најде друг клуб, Бујанова се Врати во Ст. Петерсбург кај нејзината фамилија но откако Цигица не дојде на подготовките заради семејни причини (болест на детето), Кометал реши да направи нови преговори со нејзе... Се надевам дека ќе прифати и дека ќе се врати во Скопје бидејќи Бујанова беше еден од носителите на играта на Кометал во последните неколку години.

Кометал имаше безуспешни преговори со Изабела Чапко (игра во првенството на СЦГ - мислам дека е Будуќност) ама по неуспешни преговори со нејзе (девојката сака да раѓа!!!) левата бековска позиција е дефицитна со оглед на тоа дека два наши бекови со огромен квалитет (Боева и Цигица) на еден или друг начин ја напуштаат екипата...

Други засилувања не се предвидени освен, евентуален трансфер на Елена Георгиевска којашто во идеала би била достојна замена за Индира (се збори дека девојката игра страшно добро) или неколку други бекови коишто би ја зголемиле и така слабата конкуренција годинава.
 
малце им се ниша составот, ама задоволен сум што Радуловиќ се вратила, штета што Кастратовиќ си отиде, да останеше покорисно ке беше за составот
 
Тука можете и да го видите тимот и карактеристиките на сите играчи...
 
Мхм, и нова анкета а?
Уште е рано да се каже дали е појак или послаб.

Ќе гласам за некој месец. :wink:
 
Epa eve pomina turnirot vo Germanija kade Kometal prikaza dobri igri a zagubi vo finaleto od Lada.Posebno dobra bila Alegra Loki.
 
Извлечени се групите за годинешната лига на шампиони на ракомет. Може да се каже дека Кометал конечно доби полесна група така да може да се надеваме на полесен пласман во четвртфиналето. Во групата Д заедно со Кометал се и: Györi ETO Kezilabda Club од Унгарија, Dinamo Volgograd од Русија и Aalborg DH од Данска. Одредени се термините за одигрување на натпреварите, само не се знае точниот редослед на натпреварите. Првото коло е на 7/8 јануари 2005 год.

Во Групата А се:

SLO Krim Ljubljana Slovenija
NOR Larvik HK
ESP Orsan Elda Prestigio
DEN Viborg HK A/S

Група Б


DEN Slagelse DT
RUS HC "Lada Togliatti"
HUN Dunaferr NK
SCG ZRK Knjaz Milos


Група Ц


ESP CBM Astroc Sagunto
AUT Hypo Niederösterreich
NOR Byasen Trondheim
SCG ZRK Buducnost MONET


Најголеми фаворити повторно се ракометарките на Шлагелсе и Крим но секако не треба да се подценат и сите останати кои се овде.
 
Состав на Кометал Ѓорче Петров

Голмани

Наталија Борисенко
Семра Радончиќ
Олга Колесник

Анжела Платон-Димовска
Јелиз Озел
Елена Златановска
Ана Аморим
Драгана Пецевска
Елена Цигица
Наталија Тодоровска
Јулија Партенко
Алегра Локи
Оксана Рајхел
Робертина Мечевска
Валентина Радуловиќ
Гонџа Нахчиванл


Тренер
Андреј Портној
 
Еве го распоредот на натпреварите на Кометал


Dinamo Volgograd Kometal GJ. Petrov. S...
Kometal GJ. Petrov. S... Aalborg DH
Kometal GJ. Petrov. S... Gyцri ETO Kezilabda Club
Aalborg DH Kometal GJ. Petrov. S...
Kometal GJ. Petrov. S... Dinamo Volgograd
Gyцri ETO Kezilabda Club Kometal GJ. Petrov. S...
 
Кометал Ѓорче Петров

Трио од Еуростандард во Кометал
Најавите за трансфер на македонски играчи во Кометал Ѓ. П. почнаа да се реализираат. Три играчи на Еуростандард веќе се префрлени во најсилниот македнски спортски колектив, Кометал Ѓ. П.

Репрезентативките Билјана Црвенкоска, Мирјета Бајрамовска и Ленче Илкова го сочинуваат триото на ракометарки со кои почнуваат условно кажано промените во Кометал Ѓ. П. кои ги најави Трифун Костовски на последната прес-конференција одржана во Ст. Петербург вечерта спроти заминувањето на репрезентацијата од мундијалот.

Најочекуван од овие трансфери беше преминот на Билјана Црвенкоска. Неколкупати Костовски ја фалеше нејзината игра велејќи дека внесува брзина и течност во нападите. Таа воедно и најмногу од условно кажано помладите играчи успеа да се наметне и да освои поголема минутажа на мундијалот.

"Навистина сум среќна и голема сатисфакција за мене е трансферот во Кометал. Немаме постигнато конкретен договор, с$ уште, но мислам дека тоа нема да биде проблем. Моја цел е да играм во европски силен тим. Кометал е токму тоа и јас цело време тренинрам и најстојувам да ги подобрам моите играчки квалитети за да можам да играм таму. Шанса да се изборам за место во Кометал добив преку репрезентацијата. Имав позитивни критики за мојата игра на турнирите во Австрија и Словенија, но да бидам искрена, не очекував поголема минутажа на мундијалот затоа што тогаш во тимот се приклучи и Бујанова, која е поискусен играч од мене. Но, бев решена да ја искористам правилно секоја секунда мината на паркетот и сега сакам истото да го сторам и во Кометал", изјави Црвекоска.

Мирјета Бајрамовска и Ленче Илкова не добија поголема минутажа на првенството, но оставија впечаток дека можат повеќе и подобро и дека мора да се размислува да им се пружи подобра шанса да се докажат.

Со трансферот на овие играчи, значително ослабен останува Еуростандард. Таму местото на споменатото трио ќе го заземат некои други помлади играчи кои ќе добијат шанса да го сторат истото што го сторија трите играчи кои веќе тренираат со Кометал и се подготвуваат за јануарскиот настап во Лигата на шампионите. И Ана Деспотовска тренира со Кометал и се чека да види дали и таа можеби ќе биде дел од преселниците.


btw ovaa tema kje bide koristena i koga kje zapochne ovogodineshnata Liga na shampioni vo rakomet na 7 januari vo Skopje protiv ungarski Gjer
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЃОРЧЕПЕТРОВКИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ардеан-Нилсеи недостапна за мечевите од групата[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Гостувањето на Књаз Милош во Скопје, како што и можеше да се очекува, управата на Кометал ЃП го искористи за да излезе со понуда пред романската репрезентативка Валентина Нели Ардеан-Нилсеи, можеби најголемото откритие на неодамнешното Светско првенство во Русија. Најдоброто лево крило во светот беше пречекано во СРЦ "Кале" со букет цвеќиња, но тоа не ја омекна доволно за веднаш да го стави својот потпис на договорот со нашиот шампион, зашто малечката, но мошне енергична Ардеан сака да го одработи дебитантскиот настап на својата екипа во Лигата на шампионите.
- Ние излеговме со конкретна понуда до неа, но ни укажа дека ќе реши за својата иднина на крајот на јануари. Веројатно и други екипи се заинтересирани за нејзините услуги - вели претседателот на ѓорчепетровки, Иван Бојков.
Тренерот Андриј Портној на тој начин останува само со Оксана Рајхел на левокрилната позиција, плус Валентина Радуловиќ, која, сепак, е поуниверзален играч. Опцијата за враќање на Олена Радченко пропадна, зашто нејзиниот сегашен клуб Спартак Киев не е расположен да ја пушти.
Во првиот контролен меч со гостинките од Аранѓеловац европскиот вицепрвак забележа победа од 31:23 (15:13). Вториот натпревар се играше синоќа. Портној им даде шанса на сите свои ракометарки, вклучувајќи ги и оние кои неодамна беа префрлени од Еуростандард ЃП, Црвенковска, Бајрамовска и Илкова. Од оние на кои што се смета во новата евросезона недостигаше единствено Портјанко, која на турнирот во Подгорица заработи истегнување на лигаментите, но ќе биде подготвена за стартот на ЛШ, против Ѓер на 7 јануари во Скопје. (Г.К.)
[/FONT]
 
Ок, еве прво ќе го поправам презимето . . . Ардеан Елисеи :wink:
Инаку ги гледав двете утакмици што Кометалки ги одиграа против Књаз Милош и можам да кажам дека Ардеан задоволи со играта. Дефинитивно ни треба еден ваков играч, брза е, со одличен скок-шут, се снаоѓа супер и на крило и што е најважно има само 23 години. Се надевам дека ќе потпише.

Еве го и официјалниот сајт на Кометал ЃП : www.kometalgp.com.mk :wink:
 
Последниот бедем на европскиот вицепрвак

Русинката со македонски пасош, Олга Колесник, беше една од позабележителните репрезентативки на СП во Русија и на бараж- средбата со СЦГ. Со Кометал ЃП стигна до финалето на Лигата на шампионките во кое скопјанки загубија од Слагелсе. Двојната круна со ѓорчепетровки е однапред запишана, бидејќи нема вистинска конкуренција.

Со 39 отсто успешност во одбраните (58 одбранети топки од 148 удари), македонскиот репрезентативен голман е меѓу шесте најдобри на неодамна завршеното СП во Русија. Меѓу десетте најдобри "пеналџии" е со 4 одбранети топки од 13 обиди. Најмногу одбрани имаше на средбата со Аргентина - 15, а еден помалку на дуелите со Украина и Романија.

На најважната средба од баражот, реваншот во Ниш со репрезентацијата на СЦГ, Колесник одбрани 16 топки. Осумте одбранети зицери беа пресудни за позитивниот резултат во текот на речиси целото второ полувреме. Во Скопје имаше "само" 10 успешни интервенции. Колесник наскоро треба да стане македонска снаа.

Во Лигата на шампионките, Колесник ја делеше минутажата со Украинката Наталија Борисенко. Имаше променлива форма, во просек со по 5-6 одбранети топки и 1 пенал. Доволно тимот да стигне до финалето.
 
Темава иде како важна поради тоа што настапите на Кометал во Лигата на шампионите започнуваат за недела дена т.е. на 7 јануари во Кале против Ѓер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom