Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Да да се е можно...мора малку надеж нели!!!Што и да се направи во недела против Леверкузен...од понеделник секоја девојка по свој пат...значи пред 5 години европски првак,денес ништо тоа е тоа.Им посакувам на девојките многу среќа кај и да одат!
 
Не сум сигурен, но наслушнав дека по долго време Ѓорче Петров доживеа пораз во нашето првенство. Ајде ако има некој од Кичево нека каже.
 
Не сум сигурен, но наслушнав дека по долго време Ѓорче Петров доживеа пораз во нашето првенство. Ајде ако има некој од Кичево нека каже.

Кале Кичево - Ѓорче Петров 28:27 (17:16)

Прв пораз на ЃП во домашното првенство после 15 години
 
Кале Кичево - Ѓорче Петров 28:27 (17:16)

Прв пораз на ЃП во домашното првенство после 15 години
Така го гледав натправарот,и на стариот континент не играа со најдобар квалитет па се надеваме др година да ја минене групата и во нокаут фазата да стигнеме што по нагоре:)
 
Се шпекулира дека спонзорот на машкиот ракометен клуб Вардар ќе ја превземе контролата врз Ѓорче Петров... Да се надеваме дека нема да биде ,,педерче,, како неговиот претходник и дека ќе успее да направи нешто со клубот :)
 
Истакнати се носителите за Лигата на Шампиони и Ѓорче Петров повторно се директно во групи и се во третиот барабан... Се надевам на тоа дека ќе се најдат спонзори, ќе се донесе некое засилување и добро ќе бидеме претставени во ЛШ... Исто така се надевам дека ќе ни се паднат Динамо Волгоград од првиот и Ларвик од вториот барабан. Со квалитетни засилувања со нив ќе можеме да се носиме :)

И додека се чека на некое решение, Драгана Пецевска потпишала едногодишен договор за Будуќност T-Mobile :toe:
 
Ѓорче Петров го откажа учеството во ЛШ

Ракометни маки големи. Пред само шест месеци на задоволството му немаше крај, се радувавме на единаесеттото мундијалско место на машката и седмото на Европското првенство на женската репрезентација.
Сега, спортот што минатата година ги собра сите признанија се дави во проблеми. Најверојатна последица од еден од нив ќе биде откажувањето на Ѓорче Петров од Лигата на шампионите.
Некогашниот европски првак се пријави, но како последица на катастрофалната финансиска ситуација ќе мора да се откаже од настапот во елитното клупско натпреварување во сезоната 2009/10.
Обидот да се најде спонзор или група компании заинтересирани да го спасат Ѓорче Петров не успеал. Ракометната федерација на Македонија е информирана дека нашиот првак нема да игра во Лигата на шампионите, останува само уште дефинитивната одлука да биде и официјално проследена во ЕХФ.
Како домино ефект, многу веројатно клубот што освен еден ги собра сите трофеи во македонскиот ракомет, а играше и во две финалиња во главната европска конкуренција, ќе згасне. Се чека само некој да го потврди исчезнувањето. Поткопани се темелите, се распадна базата, затоа трпи и репрезентацијата.


СРАМОТА

извор .
 
Дефинитивната одлука официјално е испратена до ЕХФ уште пред да биде објавено ова на А1... Дали ова значи дека Ѓорче Петров и дефинитивно се распаѓа :raz:

Извор:
Код:
http://www.eurohandball.com/article/12400
 
Огромен удар за женскиот ракомет во Македонија.
Ова едноставно не смееше и не можеше да се случи! Немам коментар за ова, жално е.
 
Не ми се верува колку клошарска земја сме ние, немаме никаков закон за спорт. Па уште ќе кажат не сме можеле да најдеме спонзори... Како бе не можеме, фирми кои се присутни во Македонија се спонзори на милион клубови по Европа, EVN е еден од главните спонзори на Хипо, T-Mobile е спонзор на Будуќност, КНАУФ е спонзор на екипа од Словенија... Па каква е таа управа и федерација кои не се способни да најдат десетина спонзори кои ќе обезбедат буџет од 500.000 до 1.000.000 евра??? Па на крај краева нека биде клубот под закрила на општина Скопје, градов сигурно има околу 200.000 фамилии, по едно евро данок за клубот месечно ќе го имаме најсилниот клуб во Европа... Па на еден мочан T-Home му плаќаме претплата (читај чиста заработка) од речиси 500 денари, па тој не може биде спонзор... Убаво викам јас, нашле овци и ќе не стрижат. Ај нека идат упм и ТриПун и Бојков... мислевме дека се херои, а тие се упропастија во оваа земја.
 
Секое инвестирање во било кој клуб, дали фудбалски, ракометен, кошаркарски исл. долгорочно се исплати.
Само што нашиве од федерацииве сакаат за 1 ден да станат милијардери, епа тоа мили мои "финансиери" малце е потешко остварливо
 
Како бе да не се можело да се најде спонзор за тим кој бил поранешен европски првак, европски првак бе еееејј. Да потекнуваше овој тим од Словенија, Германија, Австрија, досега дваесет фирми ќе беа заинтересирани да инвестираат во овој клуб. А не, сите чекаме од еден спонзор, тоест зависат клубовите од еден спонзор, а ниедни фирми не сакаат заеднички да влезат во еден клуб да инвестираат. Не знам кој е крив, дали управата на клубот, или “бизнисмените“, кои гледаат само за нивниот џеб да биде длабок за да соберат што повеќе пари, ама како и да е: СРАМОТА и за едната и за другата страна.
Додека секој си гледа во својот џеб, ништо не бива од спортот во Македонија.
 
Да се случеше ова во странство ќе протестираше и народот. Пред два-три дена во Бетис 60.000 навивачи на Реал Бетис заради тоа што клубот испадна во втора лига... а кај нас тимот кој ги освои сите првенства од осамостојувањето, тимот кој донесе една титула од ЛШ, еден европски Супер-Куп, уште два пати настапи во финалето на ЛШ, и безброј странски познати турнири згаснува... а буквално никој не мрднува со прст.
 
Жално е тимот кој ја крена Македонија на нозе и кој беше гордост вака да се распадне...кажав дека македонскиот спорт пропаѓа :toe: нема ни еден асален спонзор во ниту еден клуб,подобро да станеме аматери отколку вака да се брукаме во светот :nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom