Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
OK, се знаеше дека Перез ќе е претседател месеци наназад, значи сега е и официјално, felicidades presidente.

За трансфериве, 40 мил + Снајдер за Ибра е кражба, Снајд го купивме 30 милиони, сеуште вреди бар 25, Ибрахимовиќ во никој случај не вреди 65 мил. евра, пак ќе речам, кражба.
30 мил + ВдВ е веќе добра зделка, и за нас и за Интер (ако гледаме од аспект дека Ибра сака да си оди он Интер) .

http://www.elpais.com/articulo/deportes/Casillas/Cristiano/Kaka/elppgl/20090601elpepidep_22/Tes

Интересен артикл на ел паис, зборува за приоритетите на Перез и Валдано.

Накратко :

Трансфер приоритети се (по ред): Роналдо, Кака, Рибери, Алонсо, Виља, Силва, Негредо, Мата, Албиол, Маикон.

Касиљас, Рамос, Пепе, Лас, Игуаин се веројатно единствените кои ќе бидат дел од првиот состав на Реал следната сезона.
Валдано смета дека трансфер на Игуаин не доаѓа во прашање
.

.
WTF ? Каде се Робен,Марсело и Хунтелар на листата кои што имаа одлична сезона?И нема ваљда Раул да го продава..:toe:
 
Така пишува ел паис, не знам кај се.
Робен може и треба да го има во прв состав, ама изгледа тоа зависи од успешноста на спроведувањето на трнсферите т.е. ако се донесат повеќето замислени тешко дека ќе остане. Јас лично сметам дека Робен заслужи да игра и догодина во Реал.

Марсело и Хунтелар? Не заебавај, Марсело секако ќе си биде на клупа, оваа сезона играше крило оти немаше кој, додуша не беше лош, ама сепак не е тоа тоа, импровизација е.
Хунтелар тешко дека ќе остане во Реал, особено ако се донесе Виља и врати Негредо, мој личен фаворит е Ибрахимовиќ, би го мењал за Хунтелар + кеш. Или па ВдВ + Хунтелар без доплата, ама ова само ја си лупам.
 
За Марсело би било штета доколку замине добар играч е, а за Хунтелар мислам оти има што да покаже, али не е во топ форма за Реал сеуште, мислам оти може да се прати на позајмица.
 
Да би имале добра средина, хунтелар би бил прв стрелец со гаранција, има квалитет во него, ама неможе он да дава голови ако средината е катастрофа,така да, ако се среди средниот ред, хунтелар со ибра / бензема /игуаин би бил повеке од добар тандем(ако земеме во предвид дека роналдо кака чаби силва или нз кој од овие би можел да пристигне)
 
Нема потреба да замине Марсело, не се буни кога е на клупа, може да покрите 2 позиции, корисен играч во ротација, секој тренер сака играч како него, а и не зема некоја енормна плата па да му боди во очи на некој.

Хунтелар го ставаш пред Игуаин? :uvo:

Освен хируршкиот финиш, нема друго во него, со добра средина и Инзаги е добар напаѓач. Јас кажав, пре би го гледал нашето момче Негредо отколку Хунтелар, ама и да остане, ништо страшно.
 
Абе се убаво, се прават добри планови за во нападот, но не се знае дали Раул нема да игра во стартните 11 следната сезона. Незнам шо планират од Реал, али мое мислење е оти пак ке игра:toe:
 
Убиствен напад само без капитенот во него....нажалост тоа е вистината:helou:
 
Нема потреба да замине Марсело, не се буни кога е на клупа, може да покрите 2 позиции, корисен играч во ротација, секој тренер сака играч како него, а и не зема некоја енормна плата па да му боди во очи на некој.

Хунтелар го ставаш пред Игуаин? :uvo:

Освен хируршкиот финиш, нема друго во него, со добра средина и Инзаги е добар напаѓач. Јас кажав, пре би го гледал нашето момче Негредо отколку Хунтелар, ама и да остане, ништо страшно.
лее, па за него почнавме да збориме затоа така реков со игуаин би биле перфектен напад, со добра средина, ако имаш добра средина на напаѓачот освен одлична завршница ништо друго нема да му треба!
 
Со среќа нека му е Перез и ај да има некој трансфер да не бидат само шпекулации:helou:
 
Tешко дека не му треба ништо друго, затоа е бледа копија на Руд. Руд трча, се отвара дури и дрибла, и скоро асистира онолку колку што дава голови. Сеуште мислам дека не е за у Реал, за у некој друг клуб, каде што другите ќе работат за него. Ни треба напаѓач како Игуаин, и Негредо и Виља се подобри во тој поглед. Хунтелар ќе си оди.
 
Ајде Перез нека работи на трансферите па одгодина да гледаме поинтересна борба за Шпанска лига и моја желба е да се сретниме во финале ЛШ(доста беше премиерлигаши)!
Мислам дека во одбраната најмногу ви треба засилувања-на пр.Бруно Алвеш(Порто),Налдо(Вердер),Хеитинга(Атл.Мадрид),Клиши(Арсенал)...
Средина-Мутињо(Спортинг),Чаби Алонсо(Ливерпул),Евер Банега(Атл.Мадрид),КАКА(Милан),Рибери не е мн потребен ама мислам ќе го донесат
Напад-Ако е можно Ибра
вака некако според мене би изгледал составот
------------Касиљас--------------------
-----Бруно Алвеш----Пепе--------------
-Рамос-----------------------Клиши----
-------Чаби Алонсо--Мутињо-----------
-Робен-------Кака------------Рибери---
----------------------------------------
------------Игуаин/Ибра----------------
Тешко се остваруваат трансферите,но еднаш Перез ни докажа дека кај него се е можно,односно кога ги донесе сите тогаш најдобри играчи во Реал..па ќе видеме што ќе биде следната година,Барса е одлично уиграна спротивно од Реал кој ќе мора следната сезона да се уигра со многуте нови играчи!
 
Во последните утакмици видовме дека Марсело има многу работено и на дефанзива. Имаше неколку одлични интервенции при контри и слично, и мислам дека нема потреба од нов лев бек. Незнам јас би го играл Марсело, се подобар и подобар е, а таков играч на клупа да седи па и со можност да замине...незнам! Глупо би било многу.
 
Па јас колку шо знам,природна позиција на Марсело е бек:helou:
 
Имаш право, Марсело е добар у дефанзива, а често знае и да се убацуе у напад исто ко стариот лев бек шо праеше:P ( на Карлос мислев):) А клиши ке може у тој случај да се донесе и ке биде солидна резерва мислам, доколку се повреди (Недај боже некогаш некој), ке биде топ :)!!! зашо од тие повреди сезона ни отиде, тие ке мора годинава да ни бидат у план, игравме со Добри да речам 11, ама резерви имавме катастрофа и коа ке се повредеа, беа едноставно незаменливи и мн пропуштивме таму!
 
Е па затоа не е грешка и од овие или од тие што ќе се земат да има квалитени играчи и за на клупа а и нема да бидат цело време на клупа пошто ќе треба квалитетни играчи за купот а исто и свежи играчи за ЛШ или некои од стартните 11 ќе одмарат на клупа да се одморат за ЛШ а оние што ќе бидат на клупа во тој период ќе имат можност да играат и во Реал тоа е нормално и квалитетен играч да седе на клупа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom